Нинечер
Нинечер бил третиот крал од Втората египетска династија. Владеел од 2810 или 2790 г. п.н.е. Постојат теории дека владеел 40 или 47 години. Се споменува на Каменот од Палермо, како и на печатите пронајдени во подземната галерија во Сакара.[2] Има многу предмети од времето на неговото владеење, кое било долго и просперитетно. Познато е дека за време на неговото владеење, имало економски и внатрешно-политички проблеми.
Нинечер | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Нинечер | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Фрагмент од вазна посветена на Нинечер | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Фараон на Египет | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владеел | 43-45 години, Втора династија; околу 2740 г. п.н.е. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Претходник | Небра | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наследник | не е сигурно; Ваѓенес или Венег | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владетелски звања
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Закопан | Сакара |
Гробот на Ниничер бил пронајден во галерија во Сакара, означен како „гроб Б“, и се наоѓа на околу 150 метри од гробот на Хотепсехемви.[3] Подземната гробница се состои од голем лавиринт со ходници, простории и ниши. Самата гробница е на југозапад од комплексот, но нејзиниот покрив се распаднал. И другите коридори и простории се во опасност од уривање.[4]
Наводи
уреди- ↑ W.M. Flinders Petrie: The royal tombs of the first dynasty, 1901, Part II, p.26-27, Pl VIII.13.
- ↑ Франческо Рафаеле - ЕГИПОЛОГИЈА: Печати впечатоци , Преземено 8 април 2013
- ↑ СБ Хасан: ASAE 38. Ausgabe ; 1938; стр. 521
- ↑ Van Wetering, J. (2004). „The royal cemetery of Early Dynasty Period at Saqqara and the Second Dynasty Royal Tombs“. Во Hendrickx (уред.). Egypt at its Origins. стр. 1065.
Надворешни врски
уреди„Нинечер“ на Ризницата ? |