Фараон
владетел во Стариот Египет
Фараон — владетел на египетската држава. Фараоните имале најмногу поддршка од своите свештеници и од војската. Се верувало дека по смртта, фараонот ќе продолжи да живее во задгробниот живот. Поради тоа, фараоните биле погребувани со најразлични предмети и храна. Многу често, на некои слики се претставени фараоните со нивните жени, како и со некои божици или богови.
Фараонот како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Пошла прва камила, пошла втора камила“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1967 година.[1]
- „Танцот на фараонот“ (англиски: Pharaoh's Dance) — композиција на американскиот џез-музичар Мајлс Дејвис (Miles Davis) од 1969 година.[2]
- „Фараон“ (полски: Faraon) — полски филм од 1966 година во режија на Јежи Кавалерович (Jerzy Kawalerowicz).[3]
Наводи
уреди- ↑ Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 7-10.
- ↑ YouTube, Miles Davis - Pharaoh's Dance. (пристапено на 18.12.2017)
- ↑ HRT, Faraon, poljski film (пристапено на 8.6.2019)
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |