Хор-Аха
Хор-Аха, Хор-Аха или Аха, Ити — вториот фараон на Првата египетска династија. Тој владеел во 31 век пред новата ера.
Хор-Аха | |
---|---|
Аха | |
Фрагмент од сад со серех со неговото Хорово име Аха, Британски музеј. | |
Фараон на Египет | |
Владеел | 31 век п.н.е., Прва династија |
Претходник | Нармер |
Наследник | Џер |
Сопружници | Бенериб, Хентап |
Деца | Џер |
Татко | Нармер ? |
Закопан | гробница B10, B15, B19, Ум ел Ка'аб |
Во раниот династички период, фараоните биле назначени според нивното Хорово име, додека небти имињата на кралевите биле користени подоцна во списоците.
Владеење
уредиНеговиот татко, Нармер во 32 век п.н.е. ги обединил Горен и Долен Египет. Хор-Аха станал фараон на околу 30 годишна возраст и владеел до својата 62 година.
Натпис од Абидос сведочи за фактот дека фараонот водел војна против Нубијците.[1] Исто така преземал походи во Либан и Палестина. Во југозападниот дел на денешниот Израел, пронајдени се остатоци од предмети од керамика и слонова коска од времето на Првата династија, кои можеби потекнуваат од времето на фараонот Хор-Аха. Во гробницата на Ахин пронајдени се остатоци од садови со декорација типични за Палестина.[2]
Смрт и гроб
уредиПостои легенда дека го убил нилски коњ, олицетворение на богот Сет. Ако Хор-Аха е иста личност со легендарниот крал на Менес, тогаш приказната дека умрел од нилски коњ при лов е веродостојна.
Гробот на фараонот Хор-Аха е во некрополата на кралевите од Првата династија во Абидос (B10-15-19).[3] Овие гробови се правоаголни простории во пустината, покриени со глина.
Наводи
уредиНадворешни врски
уредиПретходник: |
Египетски фараон Прва династија |
Наследник: |