Хотепсехемви
Хотепсехемви („двете сили се во мир“, грчко име: Боетос) - староегипетски владетел (фараон), основач на Втората династија. Тој владеел во раниот династички период околу 2845-2825 г. п.н.е. Должината на неговото владеење изнесувала 25 или 29 години, а Манетон му припишувал владеење од 38 години.
Не е познато дали тој бил син на фараонот Ka'a , но можно е дека тој станал фараон поради бракот со наследничка принцеза. Тој ги изградил спомениците на фараонот Ка'а и можеби го организирал погребот. Печати со името Хотепсехемви се пронајдени надвор од гробот на фараонот Ка'а во Абидос.
Малку е познато за времето во кое владеел Хотепсехемви. Изворите од тоа време зборуваат за преземањето на власта по период на политички немири. Доказ за ова може да биде фактот дека гробот на Ка'а е уништен кон крајот на Првата династија, и дека Хотепсехемви го обновил. Друга индикација може да биде „миротворното“ име на фараонот. Судејќи според капелата на белата круна што ја изградил, неговото потекло или политичката моќ се од Горниот Египет.[1] Манетон споменува дека во време на Хотепсехеми, се отворила земјата и дека многумина настртадале. Веројатно е дека зборувал за земјотрес.
Фараон Хотепсехемви веројатно е закопан во Сакара.
Наводи
уреди- ↑ Wilkinson, Toby A. H. (1999). Early Dynastic Egypt. London: Routledge. стр. 285–286. ISBN 0-415-18633-1.
Литература
уреди- Wilkinson, Toby A. H. (1999). Early Dynastic Egypt. London: Routledge. стр. 285–286. ISBN 0-415-18633-1.