Анеџиб
Анеџиб или Аџиб — име на раноегипетскиот фараон од Првата династија. Веројатно владеел околу 2910 година п.н.е.[1]
Анеџиб | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Аџиб, Енезиб, Миебидос | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Фараонот Анеџиб, фрагмент на камена чинија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Фараон на Египет | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владеел | 8-10 години, околу 2930 г.п.н.е., Прва династија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Претходник | Ден | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наследник | Семеркет | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владетелски звања
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Сопружници | Бетрест ? | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Татко | Ден ? | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Закопан | гроб X, Ум ел-Кааб |
Точната должина на неговото владеење е непозната. Во Кралскиот канон од Торино се споменуваат 74 години,[2] додека во ракописите на Манетон се споменуваат 20 и 26 години владеење. Египтолозите сметаат дека овие проценки се претерани. Записот датиран од времето на 5-та династија, Каменот од Палермо, дава информации за околу 10 години владеење.[3]
Анеџиб си доделил нов владеачки атрибут „двајца господари“ кој се однесува на боговите Хорус и Сета. Овој наслов симболично се однесува на сојузот на Горен и Долен Египет.
Гробницата на Аниџиб се наоѓа во Абидос и е позната како „гробница X“. Со димензии од 16,4 на 9,0 метри, тоа е најмалата од кралските гробови во оваа област. Главната просторија е опкружена со 64 други гробови. Предмети на кои е напишано неговото име се од наоѓалиштата во Абидос и Сакара.[3][4]
Наводи
уреди- ↑ Jahreszahlen nach Schneider: Lexikon der Pharaonen
- ↑ „Turin kinglist“. Архивирано од изворникот на 2010-06-13. Посетено на 2019-03-27.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ 3,0 3,1 Wolfgang Helck: Untersuchungen zur Thinitenzeit . Seite 124.
- ↑ Toby A. H. Wilkinson: Early Dynastic Egypt. Routledge, London 1999, ISBN 0-415-18633-1, page 78, 79 & 275.
Надворешни врски
уредиПретходник Ден |
Египетски фараон | Наследник Семерхет |