11 век п.н.е.
век
< XII век п.н.е. | XI век п.н.е. | X век п.н.е. > | |||||||
100 | 99 | 98 | 97 | 96 | 95 | 94 | 93 | 92 | 91 |
90 | 89 | 88 | 87 | 86 | 85 | 84 | 83 | 82 | 81 |
80 | 79 | 78 | 77 | 76 | 75 | 74 | 73 | 72 | 71 |
70 | 69 | 68 | 67 | 66 | 65 | 64 | 63 | 62 | 61 |
60 | 59 | 58 | 57 | 56 | 55 | 54 | 53 | 52 | 51 |
50 | 49 | 48 | 47 | 46 | 45 | 44 | 43 | 42 | 41 |
40 | 39 | 38 | 37 | 36 | 35 | 34 | 33 | 32 | 31 |
30 | 29 | 28 | 27 | 26 | 25 | 24 | 23 | 22 | 21 |
20 | 19 | 18 | 17 | 16 | 15 | 14 | 13 | 12 | 11 |
10 | 9 | 8 | 7 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | 1 |
11 век пред нашата ера (п.н.е.) — век кој започнал на 1 јануари 1100 г. п.н.е., а завршил на 31 декември 1001 г. п.н.е.
Иако многу општества се опишани од овој период, податоците за некои од поединците кои живееле во овој период се апокрифални, а не се историски веродостојни.
Настани
уреди- 1089 п.н.е.: Мелант, легендарниот крал на Атина, починал по 37 години владеење и бил наследен од неговиот син Кодро.
- 1069 п.н.е.: Рамзес XI починал, а со него завршила Дваесеттата династија. Тој бил наследен од Смендес I, кој ја основал Дваесет и првата династија.
- 1068 п.н.е.: Кодро, легендарниот крал на Атина, починал во борба против дорските освојувачи по 21 година владеење. Според атинската традиција, тој бил последен крал кој имал апсолутна моќ. Современите историчари го сметаат за последен крал чиј живот бил дел од старогрчката митологија. Бил наследен од неговиот син Медон.
- 1050 п.н.е.: Филистејците го заплениле Заветниот ковчег од Израил во битка. (Приближен датум)
- 1048 п.н.е.: Медон, кралот на Атина, починал по 20 години владеење и бил наследен од неговиот син Акаст.
- 1046 п.н.е.: Кралот Ву од Џоу го соборил Ди Син, последниот полулегендарен крал на династијата Шан Ин, и станал прв крал на династијата Џоу (1046 г. п.н.е. - 256 г. п.н.е.), основана од неговиот татко Вен од Џоу.
- 1044 п.н.е.: По смртта на египетскиот крал Смендес I, тој бил наследен од двајца сонамесници, Псусеннес I и Неферкар Аменемнис.
- 1042 п.н.е.: Кралот Чен-ван од Џоу го наследил кралот Ву од Џоу како владетел на династијата Џоу во Кина.
- околу 1040 п.н.е.: Се родил Давид, цар на Израил.
- 1039 п.н.е.: Починал Неферкар Аменемнис, крал на Египет.
- 1026 п.н.е.: Царот Саул станал првиот цар на Израилците, според Книгата на пророкот Самоил.[1]
- околу 1020 п.н.е.: Уништување на Троја.
- 1020 п.н.е.: Кралот Кан-ван од Џоу го наследил кралот Чен-ван како владетел на династијата Џоу во Кина.
- 1012 п.н.е.: Акаст, кралот на Атина, починал по 36 години владење и бил наследен од својот син Архип.
- 1003 п.н.е.: Давид го наследил царот Саул.[2]
- 1000 п.н.е.: Најрани докази за земјоделство на висорамнините на Кенија.
- 1000 п.н.е.: Била измислена феникиската азбука.
- околу 1000 п.н.е.: Латините почнале да го населуваат Апенинскиот Полуостров.
Наводи
уреди- ↑ Хофман, Јаир (1995). Светот на Библијата. Скопје: Детска Радост. стр. 27–29. ISBN 9989-30-087-9.
- ↑ Хофман, Јаир (1995). Светот на Библијата. Скопје: Детска Радост. стр. 94. ISBN 9989-30-087-9.