Неферкаре Неби
Неферкаре Неби (исто Неферкаре III) бил староегипетски фараон на Осмата династија за време на раниот Прв преоден период (2181–2055 г. п.н.е.).[1] Според египтолозите Јурген фон Бекерат и Дарел Бејкер, тој бил четврт крал на Седмата династија, бидејќи се појавува како четврт крал во списокот од Абидос меѓу кралевите од таа династија.[2][1]
Неферкаре Неби | |
---|---|
Неферкаре III | |
TКартуш на Неферкаре Неби од Кралски список од Абидос. | |
Фараон на Египет | |
Владеел | Непознато, Осма династија? |
Претходник | Неферкаре II? |
Наследник | Џедкаре Шемаи? |
Татко | Пепи II Неферкаре или Меренре Немтиемсаф I? |
Мајка | Анкесенпепи II? |
Закопан | Пирамидата „Неферкаре Неби е траен живот“, најверојатно во Сакара |
Името на Неферкаре Неби е јасно читливо на списокот од Абидос (број 43), и за разлика од другите кралеви од тој период, потврден е преку два други извори од тој период. Неговото име се појавува на лажната врата во гробницата на Анкесенпепи II, а испишано е и на нејзиниот саркофаг. Ова покажува дека мајката на Неферкаре Неби била кралицата Анкесенпепи II, поради што најверојатно негов татко бил Меренре Немтиемсаф I.[1] Стелата на Анкесенпепи II содржи запис дека Неферкаре Неби започнал со изградба на пирамида, најверојатно во Сакара, а името на пирамидата било Ḏd-ˁnḫ Nfr-k3-rˁ nbjj, со значење „Неферкаре Неби е траен живот“.[2] Местоположбата на пирамидата е непозната, а можно е дека никогаш не стигнала до фаза на изградба.[1]
Како и многумина кралеви од Осмата династија, Неферкаре Неби не се споменува во Торинскиот канон поради големата лакуна што се појавила на местото каде би требало да биде наведен.[3]
„Неферкаре Неби“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Darrell D. Baker, The Encyclopedia of the Pharaohs: Volume I – Predynastic to the Twentieth Dynasty 3300-1069 BC, Stacey International, ISBN 978-1-905299-37-9, 2008, p. 267-268.
- ↑ 2,0 2,1 Jürgen von Beckerath, Handbuch der ägyptischen Königsnamen (Münchner Ägyptologische Studien 20), 1984.
- ↑ Kim Ryholt, “The Late Old Kingdom in the Turin King-list and the Identity of Nitocris”, Zeitschrift for ägyptische Sprache 127, 2000, p. 99.