Предлошка:Април 2024 16 април — 106-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (107-и во престапна година). Остануваат 259 денови до крајот на годината.

Настани:

1945  Формирана е првата македонска влада на чело со Лазар Колишевски
1991  Собранието на Социјалистичка Република Македонија го усвои нацрт-амандманот за бришење на атрибутот „Социјалистичка“ пред името на Социјалистичка Република Македонија.
2007  Во Хаг започна судскиот процес против поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за наводни воени злостроства во конфликтот во 2001. Покрај Бошкоски обвинет е и Јохан Тарчуловски.
2007  Во Блексбург, Вирџинија, вооружен студент убил 32 колеги и професори од факултетот и ранил уште 20, пред да се самоубие. Еден од најсмртоносните инциденти од овој вид.

Родени:

778  Луј I Побожниоткрал на Франција.
1319  Јован II Добриот — крал на Франција.
1646  Жил Ардуен Мансар — француски архитект.
1844  Анатол Франс — француски писател.
1889  Чарли Чаплин — британско-американски филмски глумец и режисер.
1896  Тристан Цара — романско-француски писател и сликар.
1924  Хенри Мансини — американски композитор на филмска музика.
1924  Стево Теодосиевски — македонски естраден уметник, музички педагог и хуманист.
1927  Бенедикт XVI — римски папа.
1930  Херби Мен — американски џез-музичар.
1934  Борис Сандански — македонски и бугарски писател.
1939  Борис Дворник — хрватски глумец.
1939  Дасти Спрингфилд — англиска поп-пејачка.
1942  Френк Вилијамс — британски претприемач, основач на тимот „Вилијамс“ во „Формула 1“.
1947  Карим Абдул Џабар — американски кошаркар.
1950  Раде Силјан — македонски поет.
1960  Рафаел Бенитез — шпански фудбалер и фудбалски тренер.
1961  Дорис Драговиќ — хрватска и југословенска поп-пејачка.
1968  Мартин Далин — шведски фудбалер.
1977  Фреди Љунберг — шведски фудбалер и тренер.
1977  Џејда Дувенџи — турска филмска и театарска глумица.
1982  Борис Дијао — француски кошаркар.
1982  Роберт Попов — македонски фудбалер.
1984  Ромен Феји — француски велосипедист.
1987  Џенк Акјол — турски кошаркар.
1987  Арон Ленон — англиски фудбалер.
1988  Александар Жење — француски велосипедист.
1989  Дани Парехо — шпански фудбалер.

Починале:

1292  Теобалд Годенголем мајстор на витешкиот ред Темплари
1828  Франциско Хосе де Гоја — шпански сликар и гравер.
1859  Алексис де Токвил — француски историчар.
1903  Димитар Мечев — македонски револуционер.
1903  Илија Трчков — македонски револуционер.
1903  Цветко Трајков — македонски револуционер.
1925  Григор Ќуркчиев — генерал во бугарската армија.
1925  Крсте Златарев — генерал во бугарската армија.
1945  Благој Калејчев — македонски револуционер.
1972  Јасунари Кавабата — јапонски писател, добитник на Нобеловата награда во 1968 година.
1996  Ристо Ѓорѓевски — македонски психолог.