ФК Саутхемптон
ФК Саутхемптон — англиски фудбалски клуб, сместен во градот Саутхемптон, Хемпшир, кој моментално се натпреварува во Премиер лигата.
Саутхемптон | ||||
---|---|---|---|---|
![]() | ||||
Целосно име | Фудбалски Клуб Саутхемптон | |||
Држава | ![]() | |||
Прекар | Светци | |||
Основан | 21 ноември 1885 како St. Mary's YMA | |||
Локација | Саутхемптон, Англија | |||
Стадион | Сент Мери | |||
Капацитет | 32,384[1] | |||
Сопственик | Sport Republic[2] | |||
Менаџер | ![]() | |||
Лига | ![]() | |||
2020–21 | Премиер лига, 15. место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
![]() |
Клубот е основан во 1885 година, како црковен фудбалски клуб под името ФК Сент Мери, па оттаму го добиле и прекарот "светци" по кој се познати и денес. Саутхемптон го има освоено ФА купот еднаш во сезоната 1975-1976, а нивниот највисок лигашки завршеток на една сезона било второто место во Првата дивизија во сезоната 1983–1984.[3] На 15 мај 2005 година, клубот испаднал од Премиер лигата завршувајќи ја низата од 27 сезони натпреварување во највисоката фудбалска лига во Англија.[4] Сепак, во 2012 година по седум години пауза клубот повторно се вратил и таму се натпреварува и денес.
Од 2001 година својте домашни натпревари Саутхемптон ги игра на стадионот Сент Мери, кој има капацитет од 32,384 седечки места. Претходно клубот речиси од своето основање играл на стадионот Дел којшто во 2001 бил срушен. Најголемо соперништво Саутхемптон има со екипата на Портсмут поради близината на градовите. Натпреварите помеѓу овие два клуба се нарекуваат Дерби на Јужниот брег. Најчесто настапуваат во пругасти црвено-бели дресови и во црни шорцеви.
Историја Уреди
Основање и натпреварување во Јужната лига (1885-1920) Уреди
Во преминот во 2001 година од Дел стадионот на новиот стадион било повторно враќање на домашно тло, поради близината на црквата Света Марија, црквата каде што клубот бил формиран на 21 ноември 1885 од страна на членовите на црквата.
St Mary's Y.M.A., како што биле често нарекувани од локалните медиуми, ги играле своите рани натпревари на ширината Комон каде што често биле попречувани од страна на жителите кои го поминувале времето на ширината. Поважните натпревари, куп натпреварите, биле одиграни на поранешниот локален крикет мини стадион во Нортлендс Роуд или крикет стадионот Антилоп кој штп бил во близина на црквата.
Клубот на почетокот бил познат како St. Mary's Young Men's Association F.C. (обично именуван со кратенката „St. Mary's Y.M.A.“) или само како St. Mary's F.C. во периодот 1887–88, за подоцна да биде преименуван во Southampton St. Mary's кога клубот се приклучил во Јужната лига во 1894 година. По освојувањето на Јужната лига во периодот 1896–97, клубот станал компанија и бил преименуван во Southampton F.C..
Саутхемптон го освојувал Јужното првенство три години по ред од 1897 до 1899, па потоа повторно во 1901, 1903 и 1904.
Овој успех бил причина за големи промени за тимот, како преместување во новоизградениот Дел стадион со вредност £10,000, којшто се наоѓал северозападно од центарот на градот во 1898 година.
Своето прво финале од четирите ФА Куп финалиња тимот го одиграл со Бари, резултатот бил 4-0 и победа на Бари. Две години подоцна Саутхемтон го доживеал и својот втор пораз во финалето од ФА Купот овој пат од страна на Шефилд Јунајтед со резултат 2-1.
Приклучување во Фудбалската лига (1920-1940) Уреди
По Првата светска војна, кога биле повеќепати распадната поради повиците од војската, Светците се придружиле во ново формираната Трета фудбалска дивизија во 1920 година која што се делела на Јужна и Северна година подоцна. Сезоната 1921-22 завршила со триумф, промоција и започнување на 31-годишниот престој во Втората дивизија.
Сезоната 1922-23 била уникатна „Еднаква сезона“ - 14 победи, 14 нерешени, 14 порази и вкупни 42 бода, или по просек еден бод по натпревар. Головите за и против исто така биле изедначени, тимот ја завршил сезоната на средината од табелата.
Во 1925 и 1927, Саутхемптон ги достигнал полуфиналињата во ФА Купот со нови два порази 2-0 од Шефилд и 2-1 од Арсенал.
Светците биле приморани да ги играат домашните натпревари на стадионот на нивниот соперник Портсмунт за време на Втората светска војна кога паднала бомба на Дел стадионот оставајќи 5 метарска дупка во ноември 1940 година која предизвикала поплава.
Поствоени години (1940-1966) Уреди
Промоцијата била промашена во сезоната 1947–48 кога тимот завршил на третата позиција, истото се повторило и следната сезона (иако имале осум бода предност со уште осум неодиграни натпревари) додека во сезоната 1949–50 им била одбиена промоцијата за гол разлика од 0,06 голови, препуштајќи им го второто место на Шефилд Јунајтед. Во сезоните 1948–49 и 1949–50, Чарли Вејман постигнал вкупно 56 голови. Подоцна релегацијата во сезоната 1952-53 ги вратила Светците во третата лига (Југ).
Тимот играл во третата лига сè до 1960 година кога Дерек Ривс постигнал 39 од 106-те шампионски голови. На 27 април 1963 година пред 68 илјадна публика на стадионот Вила Парк Саутхемптон изгубил со резултат 1-0 од Манчестер Јунајтед во полуфиналето од ФА Купот.
Промоција во Првата дивизија и победата во купот (1966-1977) Уреди
Фудбалскиот сон за Дивизијата 1 бил за првпат исполнет во 1966 кога на чело со Тим Бејтс тимот завршил како второпласиран. Најмногу постигнати голови во таа сезона имал Мартин Чиверс. Тој постигнал 30 од вкупно 85-те клупски лигашки голови. Оваа промоција за Саутхемптон претставува голем и важен дел од клупската историја.
Следната сезона по неговото пристигање, Рон Дејвис постигнал 43 голови во неговата прва сезона како нов играч. Клубот таа сезона постигнал 74, а примил 92 голови. Саутхемптон се натпреварувал во елитата осум години, со највисок пласман од седмо место (во сезоната 1968-69 и повторно во 1970-71).
Во декември 1973 година, по долго поминато време во клубот Тед Бејтс бил заменет со Лаури Мекменеми. Кој не успеал да го спречи Саутхемптон да биде жртва на новиот систем во кој 3 екипи отпаѓаат од лигата во 1974 (заедно со Манчестер Јунајтед и Норич Сити).
Под тренерската капа на Лаури Мекменеми, Саутхемптон се обновил во втората дивизија, потпишувајќи ги Питер Озгуд, Џим Мекелиог, Џим Стил и Питер Родригес (капитен). Според многумина најдобриот момент во историјата на клубот (се до денес) се случил во 1976 година, кога во финалето на ФА Купот одиграно на стариот стадион Вембли, Саутхемптон го победил Манчестер Јунајтед со резултат 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигнал Боби Стоукс. Саутхемптон со освојувањето на ФА Купот во 1976 година ја прекинале серијата од порази во финалињата на ФА Купот (1900 и 1902 година).
Следната сезона, тимот се натпреварувал повторно во Европа во Купот на Победници, каде што стигнале до третата фаза каде што изгубиле од Андерлехт со резултат 2:3.
Враќање во Првата дивизија (1977-1992) Уреди
Во сезоната 1977–78, под капитенската трака на Алан Бал, Саутхемптон завршиле на второто место во Втората дивизија (зад Болтон Вондерерс) и повторно се вратиле во елитата. Следната сезона повторно играле на Вембли во Купот на Лигата каде што по иако добро одиграниот натпревар тие изгубиле од Нотингем Форест со резултат 3-2.
Во 1980, Мекменеми направил мошне добар потег, доведувајќи го „Европскиот фудбалер на годината“, Кевин Киган. Иако кариерата на Киган во Саутхемптон траела само две години, во тој период Саутхемптон имал доста силен тим сочинувајќи го Алан Бел, којшто бил добар стрелец, Тед Мекдагал, (кој сè уште го држи рекордот за најмногу постигнати голови во еден натпревар во ФА Купот, 9 за Борнмут против Маргејт, натпревар кој завршил со резултат 11-0 и победа на Борнмут). Напаѓачкиот колега на Мекдагал во Борнмут и Норвич, Фил Боер, Мик Шенон и Чарли Џорџ во сезоната 1980–81 заедно постигнале 76 голови, искачувајќи го тимот на дотогаш највисокото шесто место на табелата. Следната сезона, Кевин Киган помогнал во тоа клубот да заврши на врвот на Првата дивизија барем на некое време. Саутхемптон бил на врвот на лигата повеќе од 2 месеци, заземајќи го првото место на 30 јануари 1982 и останувајќи таму сè до 3 април 1982 година. Но на разочарувачкиот крај на сезоната, во кој Киган имал повреда на грбот, Саутхемптон победил на само 2 натпревари од последните 9, со тоа завршувајќи на седмото место. Киган постигнал 26 од вкупните 72 гола на Саутхемптон таа сезона.
Прогресот на Саутхемптон бил во нагорна линија под раководството на Мекменеми, а тимот сочинуван од Питер Шилтон, Ник Холмс, Дејвид Армстронг, најдобриот стрелец Стив Моран и Дани Валас го достигнал највисокиот пласман во историјата на клубот, второ место, во сезоната 1983–84[3] (само 3 бода зад шампионот Ливерпул), како и достигнувајќи го полуфиналето во ФА Купот каде што биле поразени од страна на Евертон со резултат 1-0 на стадионот Хајбури.
Лаури Мекменеми го напуштил клубот на крајот од сезоната 1984-85 и бил заменет од страна на Крис Никол, кој бил отпуштен по шест години неуспевајќи да го задржи клубот со елитен статус. Никол бил заменет од Ијан Бренфут, кој сè до крајот на сезоната 1990-91 бил асистент менаџер на Стив Копел во Кристал Палас. Во овој период најважен играч во почетните единаесет на Саутхемптон бил родениот во Герзни, Матју Ле Тисије, којшто играл на позицијата офанзивен играч од средниот ред/напаѓач, и бил еден од најомилените играчи во поновата историја на светците. Ле Тисије бил избран за Најдобар млад играч на годината во 1990. Настапувал и за англиската репрезентацијата во осум натпревари. Се пензионирал во 2002 на 33 годишна возраст.
Саутхемптон во Премиер лигата (1992-2005) Уреди
Саутхемптон биле основачки членови на англиската Премиер лигата во сезоната 1992-93, каде што пред основањето на оваа лига се натпреварувале во елитата уште од 1978 година.
Ијан Бренфут бил отпуштен во јануари 1994 поради слабите резултати на Саутхемптон и можноста за испаѓање. Бил заменет со тренерот на Екситер Сити, Алан Бол. Бол успеал да го задржи тимот во Премиер лигата во сезоната 1994-95 завршувајќи на солидното 10-то место, каде што најдобар учинок имал Матју Ли Тисје. Но во време кога се почести биле гласините дека Бол немал доволно поддршка од одборот на директори на клубот, Манчестер Сити ја искористил ситуацијата и потпишал договор со Бол. Како нов тренер на Саутхемптон бил назначен Дејвид Мерингтон во сезоната 1995-96. Саутхемптон завршил на 17-то место со 38 освоени бодови, избегнувајќи испаѓање во втората лига поради подобрата гол-разлика. Двете издвоени победи за време на последните недели од сезоната во Премиер лигата играле голема улога во тоа што Саутхемптон, а не Манчестер Сити го зачувале премиерлигашкиот статус. Првата важна победа била издвоена со резултат 3-1 над Манчестер Јунајтед, за потоа да го победат тимот на Болтон Вондерерс со резултат 1-0 на гости. Мерингтон бил отпуштен неколку дена по завршувањето на сезоната и бил заменет со поранешниот тренер на Ливерпул и Ренџерс, Греам Сунес.
По пристигнувањето, Сунес којшто своевремено освоил три премиерлигашки титули во Шкотска и ФА Купот со Ливерпул, во Саутхемптон покажал малку подобри резултати. Сунес донел квалитетни странски играчи како Егил Есенстад и Ејал Берковиќ. Најдобриот постигнат резултат во сезоната за Саутхемптон била победата над Манчестер Јунајтед со резултат 6-3 на Дел во октомври, кога двајцата нови играчи постигнале по два гола. Сунес бил под голем притисок поради скандалот и критиките од јавноста поврзани со играчот Али Диа. Потоа, тој го напуштил тренерското место по само една сезона помината во клубот поради споровите со трансфер средствата, но и поради слабиот учинок во Премиер лигата завршувајќи само на 16-тото место. Одборот на директори на клубот се осврнале кон Дејв Џонс - еден од најпочитуваните тренери надвор од Премиер лигата којшто обезбедил промоција со Стокпорт Каунти од Втората во Првата дивизија и го одвел клубот до полуфиналето на Лига купот.
По доаѓањето на Дејв Џоунс дотогаш тренер кој немал никакво искуство во Премиер лигата, многумина сметале дека Саутхемптон е еден од главните кандидати за испаѓање во сезоната 1997-1998. Но благодарејќи на трансферот на младиот напаѓач Кевин Дејвис, и добрата покажана игра од неколку други играчи, Саутхемптон го достигнал единаесеттото место, притоа успевајќи да ја продолжи низата на победи на домашен терен против Манчестер Јунајтед (еден од најсилните клубови во лигата во тој период) трета година по ред. Формата на клубот значително опаднала во сезоната 1998-1999 каде што се наоѓале на дното на табелата во поголемиот дел од првата половина од сезоната, но тие повторно успеале да избегнат испаѓање овојпат најмногу благодарение на добрата игра на новото засилување латвиецот Маријанс Пахарс и стариот херој Ле Тисје. Во 1999 година на Саутхемптон му била дадена дозвола за изградба на нов стадион во областа Сент Мери, откако претходно тие играле на Дел уште од 1898 година. Овој чин бил примен со воодушевување како од играчите така и од навивачите. Новиот стадион требало да има 32,000 седечки места, наместо само 16,000 колку што имал Дел.
За време на сезоната 1999-2000, Дејв Џонс морал да даде отказ како тренер на Саутхемптон поради судски случај каде што бил обвинет за злоставување во домот за деца каде што тој работел за време на 1980-те. Обвиненијата се докажале како невистинити, но тогаш било доцна за да се спаси кариерата на Џонс како тренер на Саутхемптон. Подоцна за нов тренер на Саутхемптон бил назначен поранешниот англиски репрезентативец Глен Ходл.
Ходл го одржувал Саутхемптон далеку од испаѓање, но по понудата од Тотенхем Хотспар тој во сезоната 2000-2001 ја завршил својата кариера како тренер на Саутхемптон. Бил заменет од страна на вториот тренер на тимот Стјуард Греј. На крајот на сезоната 2000-2001, во последниот натпревар одигран на стариот Дел стадион, Матју Ле Тисје го постигнал последниот гол на овој стадион доцна во натпреварот, во кој светците го победиле Арсенал со 3-2. Последната победа над Арсенал на тој стадион претставува важен дел од клупската историја. Греј бил отпуштен поради слабиот старт на следната сезона и бил заменет со поранешниот тренер на Ковентри Сити, Гордон Страхан.
Страхан направил доста за го ревитализира Саутхемптон во сезоната 2001-2002, завршувајќи на безбедното единаесетто место на табелата. Следната сезона Саутхемптон постигнал уште поголем успех завршувајќи ја сезоната на осмото место, и достигнувајќи до финалето на ФА Купот каде што играле со Арсенал. Сепак, во финалето одиграно на стадионот Милениум во Кардиф Саутхемптон бил поразен со минимални 1-0. Одржувањето на оваа форма продолжило и во следната сезона во која што завршиле на дванаесеттото место и забележале уште една победа над Манчестер Јунајтед на свое тло, само што сега за првпат на Сент Мери.
Страхан си поднел оставка во март 2004 година и во рок од осум месеци, двајца менаџери - Пол Старок и Стив Вигли - дошле и заминале. Претседателот на клубот Руперт Лоу уште толку ја влошил ситуацијата кога ја разбранил јавноста назначувајќи го Хари Реднап како тренер на клубот на 8 декември 2004.[5] Оваа вест ја шокирала фудбалската јавност, поради тоа што Реднап дал отказ како тренер на лутиот соперник на Саутхемптон, Портсмут неколку дена пред да потпише за Саутхемптон. Реднап донел неколку нови играчи меѓу кои и неговиот син Џејми во обид да избегне испаѓање од лигата. Сепак, обидите на Реднап биле залудни кога Вест Бромвич Албион во последното коло успеал да го претекне Саутхемптон и со тоа да избегне испаѓање, оставајќи ги светците на едно од трите места кој воделе во понизок ранг на натпреварување. По 27 години одиграни во елитата на англискиот фудбал и буџет којшто бил многу понизок во споредба со останатите клубови, Саутхемптон ја напуштил Премиер лигата и се преселил во Чемпионшип.[4]
Лоу како претседател на Саутхемптон продолжил да се појавува во јавноста со чудните одлуки откако сега го назначил англискиот рагби тренер и победник на Светскиот куп во рагби Сер Клив Вудвард како технички директор на клубот.[6]
Надвор од елита (2005-2012) Уреди
Саутхемптон имал слаб почеток на сезоната во Чемпионшип, со издигањето на талентираниот млад играч Тио Волкот како ретка причина која што давала оптимизам. Уште многу шокови и тешки моменти тек следеле за навивачите на клубот. Најпрво на 7 декември 2005, тренерот Хари Реднап го напуштил клубот и се вратил во Портсмут, најголемиот соперник на светците. После три натпревари под водство на вршителот на должноста Дејв Басет, Џорџ Барли бил претставен нов главен менаџер на Саутхемптон на 22 декември 2005. Контроверзите на Саутхемптон надвор од теренот влијаеле значително врз нивните перформанси на теренот во текот на сезоната 2005-2006 и во еден момент тие биле во вистинска опасност од второ последователно испаѓање. Сепак, нивната форма се подобрила во текот на последните кола од сезоната и со силниот финиш тие завршиле на безбедната 12-та позиција.
Во јуни 2006 година, дошло до промена во управниот одбор на клубот кога Руперт Лоу поднел оставка на функцијата претседател и бил заменет од страна на стопанственикот од Џерзи, Мајкл Вајлд, кој станал најголем акционер на клубот. Веднаш потоа бил поставен клупски рекорд откако биле потрошени 6 милиони фунти за трансфери, а полските напаѓачи Гжегож Расјак и Марек Сагановски настапувале одлично, а сезоната ја одбележала и вклучувањето во првиот тим на 17-годишниот лев бек Гарет Бејл (подоцнежен шампион на Европа со Реал Мадрид). Саутхемптон завршил на шестото место, но загубил во полуфиналето на плејофот за промоција во Премиер лигата од Дарби Каунти на пенали.
Стадиони Уреди
Стадионот Сент Мери е дом на "светците" уште од август 2001 година. Стадионот има капацитет од 32,384 седечки места,[7] и е еден од само неколкуте стадиони во Европа што ги исполнува критериумите за четири ѕвезди на УЕФА.[8] Стадионот исто така бил домаќин на голем број репрезентативни натпревари, меѓу кои и натпреварот меѓу Англија и Македонија што завршил 2-2 во 2002. Рекордната посетеност на стадионот изнесува 32,363, и интересно е поставена во натпревар од Чемпионшип лигата (а не во Премиер лигата) помеѓу Саутхемтпон и Ковентри Сити во април 2012 година.[9]
Од 1898 до 2001 година, Саутхемптон ги играл своите домашни натпревари на стадионот Дел. Овој стадион бил реновиран во неколку наврати низ својата 103-годишна историја, при што две од трибините биле целосно обновени по пожарите, а во 1950 година станал првиот терен во Англија со инсталирано трајно осветлување. Во еден период со приближно 15,000 седечки места Дел бил најмалиот домашен терен на некоја од екипите од Премиер лигата, по што била покрената идејата за преселба на Саутхемптон во нов дом што се случило во 2001 година.
Пред Дел, клубот како домашни терени ги користел Антелоп граунд, од 1887 до 1896 година и Каунти крикет граунд, од 1896 до 1898 година.[10]
Играчи Уреди
Моментален состав Уреди
|
|
Освојувачи на титули Уреди
Светски шампиони Уреди |
Европски шампиони Уреди |
Моментален тренерски штаб Уреди
Име | Функција |
---|---|
Ралф Хазенхутл | Менаџер |
Рихард Кицбихлер | Помошник тренер |
Келвин Дејвис | Помошник тренер |
Крег Флеминг | Помошник тренер |
Дејв Вотсон | Помошник тренер |
Ендрју Спаркс | Тренер на голманите |
Матју Банкс | Кондициски тренер |
Д-р Иниго Сариеги | Клупски доктор |
Стив Рајт | Физиотерапевт |
Стив Спаркс | Физиотерапевт |
Марк Форбс | Менаџер за опрема и дресови |
Тренери Уреди
- Обновено на 21 јануари 2020
Име | Од | До | Натп. | П | Н | И | Успешност % |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Сесил Најт[13] | август 1892 | мај 1895 | 25 | 15 | 2 | 8 | 60,00 |
Чарлс Робсон[13] | август 1895 | мај 1896 | 23 | 16 | 0 | 7 | 69,57 |
Алфред МекМин[13] | август 1896 | мај 1897 | 27 | 19 | 7 | 1 | 70,37 |
Ернест Арнфилд[13] | август 1897 | мај 1911 | 514 | 268 | 107 | 139 | 52,14 |
Џорџ Свифт | август 1911 | мај 1912 | 39 | 10 | 11 | 18 | 25,64 |
Ернест Арнфилд[13] | август 1912 | мај 1919 | 121 | 46 | 25 | 50 | 38,02 |
Џими МекИнтајр | август 1919 | декември 1924 | 209 | 85 | 77 | 47 | 40,67 |
Артур Чадвик | октомври 1925 | мај 1931 | 256 | 100 | 60 | 96 | 39,06 |
Џорџ Кеј | мај 1931 | мај 1936 | 219 | 76 | 43 | 100 | 34,70 |
Џорџ Гос | мај 1936 | март 1937 | 32 | 10 | 8 | 14 | 31,25 |
Том Паркер | март 1937 | јуни 1943 | 97 | 29 | 22 | 46 | 29,90 |
Артур Домини | јуни 1943 | јануари 1946 | 0 | 0 | 0 | 0 | — |
Бил Доџин | јануари 1946 | август 1949 | 137 | 65 | 28 | 44 | 47,45 |
Сид Кен | август 1949 | декември 1951 | 107 | 41 | 33 | 33 | 38,32 |
Џорџ Рафтон | март 1952 | септември 1955 | 156 | 63 | 37 | 56 | 40,38 |
Тед Бејтс | септември 1955 | ноември 1973 | 850 | 333 | 212 | 305 | 39,18 |
Лори МекМенеми | ноември 1973 | јуни 1985 | 539 | 225 | 144 | 170 | 41,74 |
Крис Никол | јули 1985 | мај 1991 | 293 | 100 | 86 | 107 | 34,13 |
Ијан Бранфут | јуни 1991 | јануари 1994 | 128 | 37 | 34 | 57 | 28,91 |
Алан Бол | јануари 1994 | јули 1995 | 67 | 22 | 24 | 21 | 32,84 |
Дејвид Мерингтон | јули 1995 | јуни 1996 | 48 | 15 | 13 | 20 | 31,25 |
Греам Сунес | јули 1996 | јуни 1997 | 48 | 14 | 15 | 19 | 29,17 |
Дејв Џонс | јуни 1997 | јануари 2000 | 113 | 37 | 22 | 54 | 32,74 |
Глен Ходл | јануари 2000 | март 2001 | 52 | 22 | 12 | 18 | 42,31 |
Стјуарт Греј | март 2001 | октомври 2001 | 19 | 6 | 2 | 11 | 31,58 |
Гордон Страхан | октомври 2001 | февруари 2004 | 110 | 39 | 32 | 39 | 35,45 |
Стив Вигли | февруари 2004 | март 2004 | 2 | 0 | 2 | 0 | 0,00 |
Пол Старок | март 2004 | август 2004 | 13 | 5 | 2 | 6 | 38,46 |
Стив Вигли | август 2004 | декември 2004 | 17 | 3 | 6 | 8 | 17,65 |
Хари Реднап | декември 2004 | декември 2005 | 49 | 13 | 21 | 15 | 26,53 |
Дејв Басет & Денис Вајс | декември 2005 | декември 2005 | 3 | 1 | 1 | 1 | 33,33 |
Џорџ Барли | декември 2005 | јануари 2008 | 109 | 45 | 25 | 39 | 41,28 |
Џон Горман & Џејсон Дод | јануари 2008 | февруари 2008 | 6 | 1 | 1 | 4 | 16,67 |
Најџел Пирсон | февруари 2008 | мај 2008 | 14 | 3 | 7 | 4 | 21,43 |
Јан Портвлит | мај 2008 | јануари 2009 | 32 | 8 | 8 | 16 | 25,00 |
Марк Воте | јануари 2009 | јули 2009 | 18 | 4 | 7 | 7 | 22,22 |
Алан Пардју | јули 2009 | август 2010 | 64 | 34 | 17 | 13 | 53,13 |
Дин Вилкинс | август 2010 | септември 2010 | 3 | 0 | 0 | 3 | 0,00 |
Најџел Адкинс | септември 2010 | јануари 2013 | 124 | 67 | 25 | 32 | 54,03 |
Маурисио Почетино | јануари 2013 | мај 2014 | 60 | 23 | 18 | 19 | 38,33 |
Роналд Куман | јуни 2014 | јуни 2016 | 91 | 44 | 17 | 30 | 48,35 |
Клод Пуел | јуни 2016 | јуни 2017 | 53 | 20 | 13 | 20 | 37,74 |
Маурисио Пелегрино | јуни 2017 | март 2018[20] | 34 | 8 | 13 | 13 | 23,53 |
Марк Хјуз | март 2018 | декември 2018 | 27 | 5 | 10 | 12 | 18,52 |
Келвин Дејвис | декември 2018 | декември 2018 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0,00 |
Ралф Хазенхутл | декември 2018 | денес | 53 | 20 | 12 | 21 | 37,74 |
Вкупно | 5.003 | 1.997 | 1.261 | 1.745 | 39,9 |
Титули и успеси Уреди
- ФА Куп : 1
- 1975–1976
- Трета дивизија : 1
- 1959-1960
- 1921–1922
- 2009–2010
- Јужна лига : 6
- 1897, 1898, 1899, 1901, 1903, 1904
останати успеси
- Прва дивизија 2. место : 1983–84
- ФА Куп финалисти : 1899-1900, 1901-1902, 2002-2003
- Лига куп финалисти : 1978-1979, 2016-2017
- Комјунити Шилд финалисти : 1976
Наводи Уреди
- ↑ 2013-14.pdf „Premier League Handbook Season 2013/14“ Проверете ја вредноста
|url=
(help) (PDF). Premier League. Посетено на 17 August 2013.[мртва врска] - ↑ „Serb mogul completes Saints takeover“. BBC Sport.
- ↑ 3,0 3,1 Greg Struthers (19 February 3006). „Caught in Time: Southampton finish runners-up in the First Division, 1984“. The Times. UK. Посетено на 4 January 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 4,0 4,1 „Southampton's 27-year stay in the top flight of English football ended“. Southampton 1 – 2 Man Utd. BBC Sport. 15 May 2005. Посетено на 19 August 2013.
- ↑ „Saints name Redknapp as boss“. BBC Sport. BBC. 8 December 2004. Посетено на 30 October 2013.
- ↑ „Southampton confirm Woodward move“. BBC Sport. BBC. 22 June 2005. Посетено на 30 October 2013.
- ↑ „St Mary's Stadium“. Club profile: Southampton. The Premier League. Архивирано од изворникот на 2013-08-30. Посетено на 21 July 2013.
- ↑ „Around the grounds: St Mary's Stadium“. Premier League. 15 July 2013. Архивирано од изворникот на 2013-11-07. Посетено на 30 October 2013.
- ↑ „Club Records“. www.saintsfc.com. Southampton F.C. Посетено на 16 February 2016.
- ↑ Chalk, Gary; Holley, Duncan (1987). Saints – A complete record. Breedon Books. стр. 216–220. ISBN 0-907969-22-4.
- ↑ „First team“. Southampton F.C.
- ↑ „2020/21 squad numbers confirmed“. Southampton F.C. 25 August 2020. Посетено на 25 August 2020.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 Secretary of the committee that chose the team
- ↑ Chalk, Gary; Holley, Duncan (1987). Saints – A complete record. Breedon Books. стр. 14–17. ISBN 0-907969-22-4.
- ↑ Saints – A complete record. стр. 18–19.
- ↑ Saints – A complete record. стр. 20–21.
- ↑ Saints – A complete record. стр. 22–49.
- ↑ Saints – A complete record. стр. 50–51.
- ↑ Saints – A complete record. стр. 51–54.
- ↑ „Mauricio Pellegrino: Southampton sack manager with eight games left of season“. BBC Sport. 12 March 2018. Посетено на 12 March 2018.
Надворешни врски Уреди
- Официјално мрежно место Архивирано на 15 ноември 2014 г.