Европско првенство во фудбал 2016

(Пренасочено од Евро 2016)


Европското првенство во фудбал 2016 (УЕФА Евро 2016) — 15-тото Европско фудбалско првенство. Натпреварувањето се одржало од 10 јуни до 10 јули 2016 година, а домаќинот Франција бил избран на 28 мај 2010 година. На ова првенство по првпат бројот на учесници бил проширен од 16 на 24 репрезентации.

Европско првенство во фудбал 2016
Европско првенство во фудбал 2016
Европско првенство во фудбал 2016
Општо за првенството
Домаќин(и) Франција Франција
      градови 10
      стадиони 10
Период на одржување 10 јуни10 јули 2016
Број на учесници 24
Распределба на медалите
Шампион  Португалија
Второ место  Франција
Трето место  Германија
 Велс
Статистички податоци за првенството
Посетеност 2.427.303  (47.594 по натпревар)
Одиграно натпревари 51
Дадено голови 108  (2.12 по натпревар)
Најдобар стрелец Франција Антоан Гризман (6 гола)
Најдобар играч Франција Антоан Гризман[1]
2012
2020

Првенството го освоила Португалија, која во финалето го победила домаќинот Франција по продолженија.

Изборот на домаќин

уреди
 
Кандидати за домаќини на ЕП 2016:
  Франција
  Италија
  Турција

Пред истекот на рокот на 9 март 2009 година за избор на домаќин на Европското првенство во фудбал 2016, кандитатура за домаќини поднеле Франција, Турција и Италија како и Норвешка и Шведска кои пријавиле заедничка кандидатура.[2] Во декември истата година Норвешка и Шведска ја повлекле својата кандитатура.[3]

Одлуката за домаќин на Европското првенство била донесена на 28 мај 2010.[4]

Резултати од гласањето
Држава Рунда[5]
1. (бодови) 2. (гласови)
  Франција 43 7
  Турција 38 6
  Италија 23
Вкупно 104 13

Квалификции

уреди
Квалификациски групи
Група А Група Б Група Ц
  Чешка   Белгија   Шпанија
  Исланд   Велс   Словачка
  Турција   БиХ   Украина
  Холандија   Израел   Белорусија
  Казахстан   Кипар   Луксембург
  Латвија   Андора   Македонија
Група Д Група Е Група Ф
  Германија   Англија   Северна Ирска
  Полска   Швајцарија   Романија
  Ирска   Словенија   Унгарија
  Шкотска   Естонија   Финска
  Грузија   Литванија   Фарски Острови
  Гибралтар   Сан Марино   Грција
Група Г Група Х Група И
  Австрија   Италија   Португалија
  Русија   Хрватска   Албанија
  Шведска   Норвешка   Данска
  Црна Гора   Бугарија   Србија
  Лихтенштајн   Азербејџан   Ерменија
  Молдавија   Малта

Со проширувањето на 24 екипи, среднорангираните репрезентации имале поголема шанса да се квалификуваат за завршницата на Европското првенство. Дотогашниот квалификациски формат од 9 групи со по шест и пет репрезентации останал ист, а екипите се поделени по групи според коефициентот на УЕФА. Вкупно 53 репрезентации пробале да се изборат за 23-те места кој воделе во завршницата на првенството и така да му се приклучат на домаќинот Франција, која била единствената репрезентација која се пласирала директно без да игра квалификации. Репрезентацијата на Гибралтар за првпат настапила во квалификациите за Европско првенство, откако официјално во 2013 година била призната како членка на УЕФА.

Квалификациските групи биле извлечени на 23 февруари 2014 во Ница.[6] По завршувањето на натпреварувањето по групи, првопласираните и второпласираните репрезентации од секоја група се пласирале директно на завршниот турнир, заедно со најдобрата третопласирана репрезентација (не земајќи во обѕир натпреварите со одиграни со репрезентациите кои биле на 6 место во групите), која на крајот била Турција. Останатите репрезентации кои завршиле на трето место во групите играле бараж-двобои, при што четирите победници исто така се квалификувале за првенството.[7][8][9]

Квалификувани репрезентации

уреди

Вкупно 13 од 16 репрезентации (вклучувајќи го и домаќинот Франција) кои настапиле на првенството во 2012 успеале да се квалификуваат и за овој турнир. Меѓу нив е и Англија, која станала само шестата репрезентација со максимално остварување во квалификациите (10 победи во 10 натпревари);[10] бранителот на титулата Шпанија; и светскиот првак Германија, која се квалификувала за своето 12-то едноподруго европско првенство.[11] Романија, Турција, Австрија и Швајцарија се вратиле во завршницата на европските првенства откако го пропуштиле првенството во 2012, со тоа што Австријците се квалификувале само за своето второ европско првенство, после она во 2008 кога биле домаќини.[12] Меѓу репрезентациите кој се вратиле на првенството по подолго време се вбројува Белгија, која се пласирала на Евро по првпат кога биле домаќини на првенството во 2000 и Унгарија која настапила по првпат после 44 години и првенството во 1972 и 30 години после нивниот последен настап на некое големо натпреварување (Светското првенство 1986 во Мексико).

Пет репрезентации се квалификувале на своето прво Европско првенство во фудбал: Албанија, Исланд, Северна Ирска, Словачка и Велс.[12] Освен тоа, репрезентациите на Албанија и Исланд никогаш претходно не играле на ниту едно големо натпреварување.[12] Исто така, Австрија и Украина по првпат успешно се квалификувале за едно ЕП, со оглед на тоа дека претходно настапувале само како домаќини во (2008 и 2012). Шкотска била единствената британска нација која не успеала да се квалификува за завршницата,[13] а вредно за споменување е и разочарувачкото последно место во квалификациската група за шампионот од 2004 Грција. Исто така, уште два поранешни победници не се квалификувале: победникот од 1988, Холандија и шампионот од 1992, Данска; Холанѓаните не се квалификувале за првпат од првенството 1984 (исто така одржано во Франција) и само 16 месеци по освојувањето на третото место на Светското првенство 2014 во Бразил[14], а за Данците ова е второ пропуштено првенство во последните 32 години откако во дополнителните квалификации биле поразени од Шведска.

Екипа Начин на квалификување Дата на квалификување Претходни првенства1 2
 
  Франција Како домаќин
28 мај 2010
(8) (1960, 1984, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
  Англија Победник во групата Е
5 септември 2015
(8) (1968, 1980, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2012)
  Чешка Победник во групата А
6 септември 2015
(5) (1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
  Исланд Второпласирани во групата А
6 септември 2015
(0) (дебитант)
  Австрија Победник во групата Г
8 септември 2015
(1) (2008)
  Северна Ирска Победник во групата Ф
8 октомври 2015
(0) (дебитант)
  Португалија Победник во групата И
8 октомври 2015
(6) (1984, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
  Шпанија Победник во групата Ц
9 октомври 2015
(9) (1964, 1980, 1984, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
  Швајцарија Второпласирани во групата Е
9 октомври 2015
(3) (1996, 2004, 2008)
  Италија Победник во групата Х
10 октомври 2015
(8) (1968, 1980, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
  Белгија Победник во групата Б
10 октомври 2015
(4) (1972, 1980, 1984, 2000)
  Велс Второпласирани во групата Б
10 октомври 2015
(0) (дебитант)
  Романија Второпласирани во групата Ф
11 октомври 2015
(4) (1984, 1996, 2000, 2008)
  Албанија Второпласирани во групата И
11 октомври 2015
(0) (дебитант)
  Германија Победник во групата Д
11 октомври 2015
(11) (1972, 1976, 1980, 1984, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
  Полска Второпласирани во групата Д
11 октомври 2015
(2) (2008, 2012)
  Русија Второпласирани во групата Г
12 октомври 2015
(4) (1996, 2004, 2008, 2012)
  Словачка Второпласирани во групата Ц
12 октомври 2015
(0) (дебитант)
  Хрватска Второпласирани во групата Х
13 октомври 2015
(4) (1996, 2004, 2008, 2012)
  Турција Најдобра третопласирана екипа
13 октомври 2015
(3) (1996, 2000, 2008)
  Унгарија Победник во баражот
15 ноември 2015
(2) (1964, 1972)
  Ирска Победник во баражот
16 ноември 2015
(2) (1988, 2012)
  Шведска Победник во баражот
17 ноември 2015
(5) (1992, 2000, 2004, 2008, 2012)
  Украина Победник во баражот
17 ноември 2015
(1) (2012)
1 Задебелениот текст го означува шампионот на тоа првенство.
2 Закосениот текст го означува домаќинот на тоа првенство.


Стадиони

уреди

Во почетокот, дванаесет стадиони биле претставени во кандидатурата на Франција која е избрана на 28 мај 2010 за домаќин на Европското првенство. До мај 2011, тој број се смалил на девет. Меѓутоа, во јуни било предложено бројот на стадионите да се прошири на единаесет.[15] Сепак, Фудбалскиот сојуз на Франција одбрал девет стадиони за одигрување на натпреварите на првенството.

Изборот за првите седум стадиони бил неприкосновен - националниот стадион во Франција, Стад де Франс, четирите новоизградени стадиони во Лил, Лион, Ница и Бордо, како и стадионите во Париз и Марсеј. Последните две преостанати места, откако Стразбур се откажал од финансиски причини,[16] избрани биле Ленс и Нанси во првиот круг на гласање, наместо Сент-Етјен и Тулуза кои биле оставени како алтернатива.

Во јуни 2011 година, бројот на стадионите бил зголемен на единаесет поради новиот формат на турнирот кој вклучува 24 екипи, наместо дотогашните 16.[17][18] Одлуката значела дека градовите резерви, Тулуза и Сент-Етјен, се придружиле на пописот градови домаќини. Меѓутоа, во декември 2011 година, градот Нанси најавил повлекување од турнирот, поради неуспешниот обид за реновирање на стадионот, што значело дека првенството ќе се игра на десет стадиони.[19]

Стад де ла Божоар во Нант и Стад де ла Мосон во Монпелје (стадиони кој биле користени за време на Светското првенство 1998) не биле избрани. Конечниот список од десет стадиони бил потврден од извршниот комитет на УЕФА на 25 јанауари 2013 година.[20]

Сен Дени 2 5 Марсеј 1 2 3 4 Лион 1 2 4 5 Лил
Стад де Франс Велодорм Стад де Лумиер Стад Пјер-Моруа
48°55′28″N 2°21′36″E / 48.92444° СГШ; 2.36000° ИГД / 48.92444; 2.36000 (Stade de France) 43°16′11″N 5°23′45″E / 43.26972° СГШ; 5.39583° ИГД / 43.26972; 5.39583 (Stade Vélodrome) 45°45′56″N 4°58′52″E / 45.76556° СГШ; 4.98111° ИГД / 45.76556; 4.98111 (Stade des Lumières) 50°36′43″N 3°07′50″E / 50.61194° СГШ; 3.13056° ИГД / 50.61194; 3.13056 (Stade Pierre-Mauroy)
Капацитет: 81.338 Капацитет: 67.394
(реновиран)
Капацитет: 59.286
(нов стадион)
Капацитет: 50.186
(нов стадион)
       
Париз 1 2 3 4
Парк на принцовите
48°50′29″N 2°15′11″E / 48.84139° СГШ; 2.25306° ИГД / 48.84139; 2.25306 (Парк на принцовите)
Капацитет: 47.000
(реновиран)
 
Бордо 1 2
Нов стадион во Бордо
44°53′50″N 0°33′43″W / 44.89722° СГШ; 0.56194° ЗГД / 44.89722; -0.56194 (Bordeaux)
Капацитет: 42.115
(нов стадион)
 
Сент-Етјен 2 4 5 Ница Ленс 2 4 Тулуза 1 2
Стад Жофроа-Гишар Алијанц Ривиера Стад Болар-Делелис Стадион Мунисипал
45°27′39″N 4°23′24″E / 45.46083° СГШ; 4.39000° ИГД / 45.46083; 4.39000 (Сент-Етјен) 43°42′25″N 7°11′40″E / 43.70694° СГШ; 7.19444° ИГД / 43.70694; 7.19444 (Ница) 50°25′58.26″N 2°48′53.47″E / 50.4328500° СГШ; 2.8148528° ИГД / 50.4328500; 2.8148528 (Ленс) 43°34′59″N 1°26′3″E / 43.58306° СГШ; 1.43417° ИГД / 43.58306; 1.43417 (Тулуза)
Капацитет: 41.965
(реновиран)
Капацитет: 35.624
(нов стадион)
Капацитет: 38.223
(реновиран)
Капацитет: 33.300
(реновиран)
       
^1 – Градот бил домаќин на Светското првенство 1938
^2 – Градот бил домаќин на Светското првенство 1998
^3 – Градот бил домаќин на Европското првенство 1960
^4 – Градот бил домаќин на Европското првенство 1984
^5 – Градот бил домаќин на ФИФА КК 2003
^6 – Капацитетите на стадионите се приближни.

Формат на натпреварување

уреди

За да се опфати проширувањето од 16 на 24 репрезентации, променет е форматот на натпреварување кој се користел на претходното првенство со додавање на уште две дополнителни групи во групната фаза на натпреварување, како и еден додатен круг во нокаут-фазата. Во шесте групи (A до Ф) се наоѓаат по четири репрезентации, со тоа што двете првопласирани од секоја група поминуваат понатаму во нокаут фазата. Исто така, ним ќе им се приклучат и четирите најдобри третопласирани селекции. Ваквиот начин на натпреварување е веќе применуван на Светските првенства 1986, 1990 и 1994 со исклучок на играње на натпревар за трето место. Ваквиот формат на натпреварување носи одигрување на вкупно 51 натпревар за разлика од претходниот турнир на кој е одигран 31 натпревар, кои се играле во период од 31 ден.[21]

Состави

уреди

Резултати

уреди

Правила на натпреварувањето

уреди

Доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови по завршувањето на групната фаза на натпреварување, ќе се применуваат следниве критериуми:[22]

  1. Поголем број на освоени бодови во одиграните натпревари измеѓу екипите кој се во прашање;
  2. Подобра гол-разлика која произлегува од одиграните натпревари помеѓу екипите кој се во прашање;
  3. Поголем број на постигнати двобои во одиграните натпревари помеѓу екипите кој се во прашање;
  4. Ако и понатаму, и после применувањето на критериумите од 1 до 3, екипите се изедначени, критериумите од 1 до 3 ќе се повторат исклучиво за натпреварите помеѓу екипите кои се во прашање како би се утврдила конечната ранг листа. Ако оваа постапка не доведе до одлука, тогаш ќе се применуваат критериумите од 5 до 9:
  5. Подобра гол-разлика вклучувајќи ги сите натпревари во групата;
  6. Поголем број постигнати голови вклучувајќи ги сите натпревари во групата;
  7. Ако само две екипи имаат ист број на бодови, а тие се изедначени според критериумите 1-6 откако ќе се сретнат во последното коло од групната фаза, нивното рангирање ќе се одреди со изведување на пенали. (Овој критериум не се користи ако повеќе од две екипи имаат ист број на бодови.)
  8. „Фер-плеј“ однесувањето (1 бод за еден жолт картон, 3 бода за црвен картон како последица на два жолти картони, 3 бода за директен црвен картон, 4 бода за жолт картон по кој следи директен црвен картон);
  9. Позиција на Ранг списокот на УЕФА.

Четирите најдобри третопласирани екипи се одредуваат според следните критериуми:[22]

  1. Поголем број освоени бодови;
  2. Подобра гол-разлика;
  3. Поголем број на постигнати голови;
  4. „Фер-плеј“;
  5. Позиција на Ранг списокот на УЕФА.

Групна фаза

уреди

Распоредот на натпреварување во групната фаза УЕФА го објавила на 25 април 2014 година.[23][24] Времето на одигрување на натпреварите е прикажано по месно време, CEST (UTC+2). Победниците на групите, второпласираните екипи и четирите најдобри третопласирани екипи ќе обезбедат учество во нокаут-фазата на турнирот.

Група A

уреди
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Франција 7 3 2 1 0 4 1 +3
2.   Швајцарија 5 3 1 2 0 2 1 +1
3.   Албанија 3 3 1 0 2 1 3 -2
4.   Романија 1 3 0 1 2 2 4 -2


Група Б

уреди
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Велс 6 3 2 0 1 6 3 +3
2.   Англија 5 3 1 2 0 3 2 +1
3.   Словачка 4 3 1 1 1 3 3 0
4.   Русија 1 3 0 1 2 2 6 -4


Група Ц

уреди
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Германија 7 3 2 1 0 3 0 +3
2.   Полска 7 3 2 1 0 2 0 +2
3.   Северна Ирска 3 3 1 0 2 2 2 0
4.   Украина 0 3 0 0 3 0 5 -5


Група Д

уреди
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Хрватска 7 3 2 1 0 5 3 +2
2.   Шпанија 6 3 2 0 1 5 2 +3
3.   Турција 3 3 1 0 2 2 4 -2
4.   Чешка 1 3 0 1 2 2 5 -3


Група E

уреди
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Италија 6 3 2 0 1 3 1 +2
2.   Белгија 6 3 2 0 1 4 2 +2
3.   Ирска 3 3 1 1 1 2 4 -2
4.   Шведска 1 3 0 1 2 1 3 -2


Група Ф

уреди
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Унгарија 5 3 1 2 0 6 4 +2
2.   Исланд 5 3 1 2 0 4 3 +1
3.   Португалија 3 3 0 3 0 4 4 0
4.   Австрија 1 3 0 1 2 1 4 -3


Поредок на третопласираните екипи во групите

уреди
Поз. Група Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1. Б   Словачка 4 3 1 1 1 3 3 0
2. Е   Ирска 4 3 1 1 1 2 4 -2
3. Ф   Португалија 3 3 0 3 0 4 4 0
4. Ц   Северна Ирска 3 3 1 0 2 2 2 0
5. Д   Турција 3 3 1 0 2 2 4 -2
6. А   Албанија 3 3 1 0 2 1 3 -2

Нокаут фаза

уреди
Осминафинале Четвртфинале Полуфинале Финале
                           
25 јуни – Сент-Етјен            
   Швајцарија  1 (4)
30 јуни – Марсеј
   Полска (п)  1 (5)  
   Полска  1 (3)
25 јуни – Ленс
     Португалија (п)  1 (5)  
   Хрватска  0
6 јули – Лион
   Португалија (прод.)  1  
   Португалија  2
25 јуни – Париз
     Велс  0  
   Велс  1
1 јули – Лил
   Северна Ирска  0  
   Велс  3
26 јуни – Тулуза
     Белгија  1  
   Унгарија  0
10 јули – Сен Дени
   Белгија  4  
   Португалија (прод.)  1
26 јуни – Лил
     Франција  0
   Германија  3
2 јули – Бордо
   Словачка  0  
   Германија (п)  1 (6)
27 јуни – Сен Дени
     Италија  1 (5)  
   Италија  2
7 јули – Велодорм
   Шпанија  0  
   Германија  0
26 јуни – Лион
     Франција  2  
   Франција  2
3 јули – Сен Дени
   Ирска  1  
   Франција  5
27 јуни – Ница
     Исланд  2  
   Англија  1
   Исланд  2  

Осминафинале

уреди







Четвртфинале

уреди



Полуфинале

уреди

Финале

уреди

Победник

уреди
Победник на Европското првенство во фудбал 2016

 
Португалија
1. титула

Награди

уреди

Тим на турнирот

Позиција Играч
Голман   Руи Патрисио
Одбрана   Џошуа Кимих
  Жером Боатенг
  Пепе
  Рафаел Гереиро
Среден ред   Антоан Гризман
  Арон Рамзи
  Џо Алан
  Тони Крос
  Димитри Паје
Напад   Кристијано Роналдо

Симболи на првенството

уреди
 
Beau Jeu, официјалната топка на првеснтвото.

Маскота

уреди

Официјална маскота на првенството е „Супер Виктор“, дете-суперјунак, објавен на 18 ноември 2014.[78] Се работи за дете во националниот дрес на француската фудбалска репрезентација со црвена наметка, така што се присутни сите три бои на француското знаме. Познато е дека наметката, копачките и топката се неговите супермоќи. Маскотата за првпат се појавила на 18 ноември 2014 на натпреварот помеѓу Франција и Шведска на Стадионот Велодром во Марсеј. Нејзиното име е откриено на 30 ноември 2014 откако добила околу 50 000 гласови на официјалната страна на УЕФА, повеќе од другите две кандидатски имиња „Дриблу“ и „Гоаликс“.[79] Името се темели на идејата за обедување и упатува на супермоќите на детето кога ги пронашол волшебната наметка, копачки и топка.[80]

Лого и мото

уреди

Официјалниот логотип на првенството е објавен на 26 јуни 2013, за време на церемонијата “Павијон Камбон Капицин“ (Pavillon Cambon Capucines) во Париз.[81] Него го смислила португалската агенција Брандија Сентрал, која исто така и го создала визуелниот идентитет за претходните Европски фудбалски првенства. Дизајнот се темели на темата "прослава на уметноста на фудбалот". Логото го прикажува трофејот на Европското првенство со сина, бела и црвена боја на француското знаме, окружен со мешавина од облици и линии кои претставуваат различни уметнички движења и фудбалски елементи.[82]

На 17 октомври 2013 УЕФА го објавила официјалното мото на првенството: „Ле рандеву“ (Le Rendez-Vous). Кога бил запрашан за неговото значење, претседателот на Организацискиот одбор на ЕП 2016, Жак Ламбер, одговорил дека мотото „многу повеќе од потсетник на датуми (...) и игралишта“. Понатаму, објаснил дека „УЕФА праќа порака до сите фудбалски навивачи ширум светот и љубители на големи настани, покана за делење на емоции на еден елитен турнир.“[83]

Официјална топка

уреди

Официјална топка на првенството е „Убава игра“ (Beau Jeu) на Адидас, која била претставена на 12 ноември 2015 од поранешниот француски репрезентативец Зинедин Зидан.[84]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Antoine Griezmann named Player of the Tournament“. UEFA. 11 July 2016. Посетено на 12 July 2016.
  2. „Four candidates signal UEFA Euro 2016 interest“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 11 март 2009. Архивирано од изворникот на 2019-01-07. Посетено на 13 декември 2015.
  3. „Regeringen säger nej till EM 2016-ansökan“. Swedish Football Association. 9 декември 2009. Посетено на 13 декември 2015.
  4. „France chosen to host Euro 2016“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 28 мај 2010. Посетено на 13 декември 2015.
  5. „AFP: France win race to host Euro 2016“. theroar.com.au. Посетено на 13 декември 2015.
  6. „Hrvatska za Euro protiv Italije, Norveške, Bugarske, Azerbajdžana i Malte“. Sportske novosti. 12. октомври 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 23. veljače 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „UEFA EURO 2016 qualifying format“. UEFA.com. (англиски)
  8. „UEFA EURO 2016 regulations published“. UEFA.com. 18. prosinca 2013. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  9. „Regulations of the UEFA European Football Championship 2014-16“ (PDF). UEFA.com.
  10. McNulty, Phil (12. октомври 2015). „Lithuania 0–3 England“. BBC Sport. Посетено на 16. октомври 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help) (англиски)
  11. Grohmann, Karolus (12. октомври 2015). „Euro 2016 title is next on Germany's list – Schweinsteiger“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2015-10-15. Посетено на 16. октомври 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help) (англиски)
  12. 12,0 12,1 12,2 „Euro 2016: Qualifiers for the tournament in France“. BBC Sport. 13. октомври 2015. Посетено на 16. октомври 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help) (англиски)
  13. Eccleshare, Charlie (12. октомври 2015). „Euro 2016: How will England, Wales, Northern Ireland and possibly Republic of Ireland fare in France?“. The Telegraph. Посетено на 16. октомври 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help) (англиски)
  14. „Netherlands 2–3 Czech Republic“. BBC Sport. 13. октомври 2015. Посетено на 16. октомври 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  15. „France To Host Euro 2016 at Eleven Venues“. Supersport. Reuters. 16 јуни 2011. Посетено на 13 декември 2015.
  16. „Strasbourg se rétracte“. Sport24. 29 јули 2011. Посетено на 13 декември 2015.
  17. Bisson, Mark (17 јуни 2011). „France gets go-ahead to stage Euro 2016 in 11 host cities“. World Football Insider. Архивирано од изворникот на 2011-07-03. Посетено на 13 декември 2015.
  18. „France to host Euro 2016 at 11 venues“. Reuters. Dawn. 17 јуни 2011. Посетено на 13 декември 2015.
  19. „Nancy renonce à accueillir l'Euro 2016“. Agence France-Presse. Le Monde. 2 декември 2011. Посетено на 13 декември 2015.
  20. „Executive Committee confirms EURO 2016 venues“. UEFA.com. 25 јануари 2013.
  21. Ziegler, Martyn (28 март 2012). „Uefa admit expansion of European Championships to 24 teams 'not ideal'. The Independent. London: Independent Print Limited. Посетено на 14 декември 2015.
  22. 22,0 22,1 „Regulations of the UEFA European Football Championship 2014-16“ (PDF). UEFA.com. Посетено на 14 декември 2015.
  23. „UEFA EURO 2016 match schedule announced“. UEFA.com. Посетено на 13 декември 2015.
  24. „UEFA Euro 2016 Match Schedule“ (PDF). UEFA.com. Посетено на 13 декември 2015.
  25. „Full Time Summary Group A – France v Romania“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 10 June 2016. Посетено на 10 June 2016.
  26. „Full Time Summary Group A – Albania v Switzerland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 11 June 2016. Посетено на 11 June 2016.
  27. „Full Time Summary – Romania v Switzerland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 15 June 2016. Посетено на 15 June 2016.
  28. „Full Time Summary – France v Albania“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 15 June 2016. Посетено на 15 June 2016.
  29. „Full Time Summary – Switzerland v France“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 19 June 2016. Посетено на 19 June 2016.
  30. „Full Time Summary – Romania v Albania“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 19 June 2016. Посетено на 19 June 2016.
  31. „Full Time Summary – Wales v Slovakia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 11 June 2016. Посетено на 11 June 2016.
  32. „Full Time Summary – England v Russia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 11 June 2016. Посетено на 11 June 2016.
  33. „Full Time Summary – Russia v Slovakia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 15 June 2016. Посетено на 15 June 2016.
  34. „Full Time Summary – England v Wales“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 16 June 2016. Посетено на 16 June 2016.
  35. „Full Time Summary – Slovakia v England“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 20 June 2016. Посетено на 20 June 2016.
  36. „Full Time Summary – Russia v Wales“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 20 June 2016. Посетено на 20 June 2016.
  37. „Full Time Summary – Poland v Northern Ireland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 12 June 2016. Посетено на 12 June 2016.
  38. „Full Time Summary – Germany v Ukraine“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 12 June 2016. Посетено на 12 June 2016.
  39. „Full Time Summary – Ukraine v Northern Ireland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 16 June 2016. Посетено на 16 June 2016.
  40. „Full Time Summary – Germany v Poland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 16 June 2016. Посетено на 16 June 2016.
  41. „Full Time Summary – Ukraine v Poland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 21 June 2016. Посетено на 21 June 2016.
  42. „Full Time Summary – Northern Ireland v Germany“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 21 June 2016. Посетено на 21 June 2016.
  43. „Full Time Summary – Turkey v Croatia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 12 June 2016. Посетено на 12 June 2016.
  44. „Full Time Summary – Czech Republic v Croatia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 17 June 2016. Посетено на 17 June 2016.
  45. „Full Time Summary – Spain v Turkey“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 17 June 2016. Посетено на 17 June 2016.
  46. „Full Time Summary – Croatia v Spain“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 21 June 2016. Посетено на 21 June 2016.
  47. „Full Time Summary – Czech Republic v Turkey“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 21 June 2016. Посетено на 21 June 2016.
  48. „Full Time Summary – Republic of Ireland v Sweden“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 13 June 2016. Посетено на 13 June 2016.
  49. „Full Time Summary – Belgium v Italy“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 13 June 2016. Посетено на 13 June 2016.
  50. „Full Time Summary – Italy v Sweden“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 17 June 2016. Посетено на 17 June 2016.
  51. „Full Time Summary – Belgium v Republic of Ireland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 18 June 2016. Посетено на 18 June 2016.
  52. „Full Time Summary – Sweden v Belgium“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 22 June 2016. Посетено на 22 June 2016.
  53. „Full Time Summary – Italy v Republic of Ireland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 22 June 2016. Посетено на 22 June 2016.
  54. „Full Time Summary – Austria v Hungary“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 14 June 2016. Посетено на 14 June 2016.
  55. „Full Time Summary – Portugal v Iceland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 14 June 2016. Посетено на 14 June 2016.
  56. „Full Time Summary – Iceland v Hungary“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 18 June 2016. Посетено на 18 June 2016.
  57. „Full Time Summary – Portugal v Austria“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 18 June 2016. Посетено на 18 June 2016.
  58. „Full Time Summary – Iceland v Austria“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 22 June 2016. Посетено на 22 June 2016.
  59. „Full Time Summary – Hungary v Portugal“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 22 June 2016. Посетено на 22 June 2016.
  60. „Full Time Summary – Switzerland v Poland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 25 June 2016. Посетено на 25 June 2016.
  61. „Full Time Summary – Wales v Northern Ireland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 25 June 2016. Посетено на 25 June 2016.
  62. „Full Time Summary – Croatia v Portugal“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 25 June 2016. Посетено на 25 June 2016.
  63. „Full Time Summary – France v Republic of Ireland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 26 June 2016. Посетено на 26 June 2016.
  64. „Full Time Summary – Germany v Slovakia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 26 June 2016. Посетено на 26 June 2016.
  65. „Full Time Summary – Hungary v Belgium“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 26 June 2016. Посетено на 26 June 2016.
  66. „Full Time Summary – Italy v Spain“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 27 June 2016. Посетено на 27 June 2016.
  67. „Full Time Summary – England v Iceland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 27 June 2016. Посетено на 27 June 2016.
  68. „Full Time Summary – Poland v Portugal“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 30 June 2016. Посетено на 30 June 2016.
  69. „Full Time Summary – Wales v Belgium“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 1 July 2016. Посетено на July 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  70. „Full Time Summary – Germany v Italy“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 2 July 2016. Посетено на 2 July 2016.
  71. „Full Time Summary – France v Iceland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 3 July 2016. Посетено на 3 July 2016.
  72. „Full Time Summary – Portugal v Wales“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 6 July 2016. Посетено на 6 July 2016.
  73. „Full Time Summary – Germany v France“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 7 July 2016. Посетено на 7 July 2016.
  74. „Full Time Summary – Portugal v France“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 10 July 2016. Посетено на 10 July 2016.
  75. „France forward Antoine Griezmann wins Golden Boot“. UEFA. 10 July 2016. Посетено на 11 July 2016.
  76. „2016 UEFA European Championship Statistics“. UEFA. Посетено на 25 October 2017.
  77. „Renato Sanches named Young Player of the Tournament“. UEFA. 10 July 2016. Посетено на 11 July 2016.
  78. „Introducing the UEFA EURO 2016 mascot“. UEFA.com. 18. studenog 2014. Архивирано од изворникот на 2014-11-19. Посетено на 2016-06-03. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help) (англиски)
  79. Maskota Архивирано на 19 јуни 2016 г., UEFA.com. Преземено 8 декември 2014.
  80. „EURO mascot name revealed as Super Victor“. UEFA.com. 30 ноември 2014. Посетено на 11 јуни 2015.
  81. „UEFA EURO 2016 logo Launch“ (PDF). UEFA.com. 26. lipnja 2013. Посетено на 28. lipnja 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help) (англиски)
  82. „UEFA EURO 2016 logo unveiled“. UEFA.com. 26. lipnja 2013. Посетено на 28. lipnja 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help) (англиски)
  83. „UEFA EURO 2016: 'Le Rendez-Vous'. UEFA.com. 17. октомври 2013. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help) (англиски)
  84. „Zidane reveals Beau Jeu as official match ball“. UEFA.com. 12. studenog 2015. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help) (англиски)

Надворешни врски

уреди