ФК Валенсија
Фудбалски клуб Валенсија (шпански: Valencia Club de Fútbol) е професионален шпански фудбалски клуб од градот Валенсија, од покраината Валенсија. Клубот игра во Шпанската Ла Лига и е еден од најголемите и најуспешните шпански клубови во историјата. На Ла Лига табелата за сите времиња, Валенсија се наоѓа на третото место зад Реал Мадрид и Барселона.
ФК Валенсија Valencia CF | |||
Целосно име | Фудбалски клуб Валенсија (Valencia Club de Fútbol) | ||
Прекар(и) | Лос Че Лилјаци | ||
---|---|---|---|
Основан | 18 март 1919 | ||
Распаднат | |||
Стадион | Местаља, Валенсија, Шпанија | ||
Капацитет | 55.000 | ||
Претседател | Мануел Љоренте | ||
Тренер | Салвадор Гонсалес Марко | ||
Лига | Ла Лига | ||
2018/19 | Ла Лига, 4ти | ||
|
Клубот е формиран во 1919 година, а своите натпревари од 1923 година, ги игра на стадионот Месталја со капацитет од 55.000 гледачи. Се очекува набрзо преместување на новиот стадион кој е сѐ уште во изградба, со капацитет од 75.000 гледачи, кој ќе го носи името Нова Месталја. Екипата на Валенсија има долгогодишно соперништво со клубот Леванте од Валенсија, како и со Вилјареал, клуб од автономната област Валенсија.
ФК Валенсија е трет клуб во Шпанија по бројот на своите навивачи. Исто така е еден од најголемите светски клубови по бројот на претплатници, со околу 50.000 продадени сезонски билети, и други 20.000+ претплатници, кои се наоѓаат на списокот на чекање. Се очекува овој проблем да се реши по изградбата на Новата Месталја која ќе има капацитет од 75.000 гледачи.
Историја
уредиВо 1919 година во центарот на главниот град на Турија, во барот Торино е формиран клубот ФК Валенсија. Прв претседател на екипата била Октавио Аугусто Милего Диаз, избран со фрлање паричка.
Првиот официјален натпревар Валенсија го одиграла на 21 мај 1919 година против Гимнастико на гости, во Кастељон, натпревар кој завршил со победа на домаќините од 1-0.
Валенсија своите домашни натпревари ги играла на стадионот Алгирос кој е отворен на 7 декември 1919, а во 1923 се сели на новиот стадион Месталја. Во својот прв официјален натпревар на Месталја, Валенсија играла против Кастељон, а натпреварот завршил нерешено 0-0. Следниот ден Валенсија повторно играла со истиот противник, но победила со резултат 1-0. Истата година Валенсија го освоила и регионалното првенство, а благодарејки на тоа се здобила со право на учество во Шпанскиот Куп.
После Граѓанската војна, Валенсија го освоила и Кралскиот Куп во 1941 година кој бил и прв трофеј во клупската историја. Во финалето славела против Еспањол. Во сезоната 1941/42 за првпат ја освоила и Шпанската лига. Подоцна повторувајки ги добрите игри, екипата на Валенсија успеала уште двапати да ја освои титулата во домашното првенство и тоа во сезоните 1943/44 и 1946/47.
Во текот на педесеттите години, екипата на Валенсија не успеала да ги повтори добрите резултати од претходните сезони. Со обновувањето на Месталја и зголемувањето на капацитетот, во екипата пристигнале домашни и странски играчи меѓу кои Шпанскиот репрезентативец Антонио Пукадес и Холанѓанецот Фаас Вилкес. Сезоната 1952/53 екипата ја завршила на втората позиција, а следната сезона го освоила и Кралскиот Куп кој тогаш бил познат како Copa del Generalísimo.
Во 60 те години дошле и првите Европски успеси по победите во Fairs купот (денешна Лига Европа) во сезоните 1961/62 и 1962/63 против Барселона и Динамо Загреб. Исто така освојува и нова титула во купот во 1967 победувајки го во финалето Атлетик Билбао.
Седумдесеттите години започнале со нова титула во Шпанската лига во сезоната 1970/71 под палката на селекторот Алфредо ди Стефано. Во 1976 година во Валенсија пристигнува Аргентинскиот напаѓач Марио Кемпес, кој ќе одбележи една од најславните епохи во клубот. Во првата сезона во екипата, успеал да биде најдобар стрелец во лигата со постигнати 24 голови. Со Кемпес во нападот, Валенсија успеала да го освои Кралскиот куп во сезоната 1978/79, совладувајки го големиот соперник Реал Мадрид со 2-0 од кои двата биле постигнати од гол машината на Валенсија Марио Кемпес нарекуван Матадор.
Иако 80 те години започнале со нова Европска титула, Купот на победниците на куповите во 1979/80, тие биле црна декада за екипата од Месталја. Клубот морал да го продаде Кемпес во Ривер Плата. Поради долгови за стадионот Месталја за Мундијалот во Шпанија ‘82, клубот паднал во длабока економска криза. Во сезоната 1982/83 Валенсија се спасила од испаѓање со гол на Тендилјо во последниот натпревар од сезоната против Реал Мадрид на Месталја. Сепак во 1985/86 екипата на Валенсија е делегирана во Втората Шпанска Дивизија по 55 сезони одиграни во највисокиот ранг на фудбал во Шпанија. Во првата лига се вратила по една сезона, а долгот почнал да се намалува малку по малку. Така сезоната 1989/90, екипата на Валенсија завршила на втората позиција и го најавила своето враќање во Шпанската елита.
Деведесеттите години се одбележани со претворањето на клубот во Спортско друштво, а на чело на клубот дошол Пако Роиг. Во сезоната 1995/96 екипата на Валенсија завршила на втората позиција, а нова титула била освоена во Купот 1998/99 совладувајки ја екипата на Атлетико Мадрид со 3-0 во финалето во Севиља, под тренерската палка на Клаудио Раниери.
Со почетокот на новиот век започнуваат и златните години за Валенсија. Во сезоната 1999/00 за првпат Валенсија игра во финалето на Лигата на Шампионите но е поразена од Реал Мадрид со резултат 3-0. Следната година се повторува финалето, овојпат против Германскиот претставник Баерн Минхен, кој ја освојува титулата по изведувањето пенали. Сезоната 2001/02 на чело со дотогаш непознатиот стратег Рафаел Бенитез, Валенсија успева да освои нова титула во лигата. Во 2003/04 година, екипата од Месталја го повторува успехот освојувајки ја лигата уште еднаш, како и Уефа Купот. По три освоени титули за три години Рафаел Бенитез заминува од тренерското место во екипата на Ливерпул. Во екипата се враќа Клаудио Раниери со помош на кој се освојува и Суперкупот на Европа, но ситуацијата во лигата не е добра поради која тој добива отказ.
Истата година на претседателското место доаѓа Хуан Баутиста Солер. Под негово раководство екипата паѓа во економска криза, со што се доведува до парализирање на изградбата на Новата Месталја, која самиот Солер започна да ја гради. Сезоната 2007/08 се освојува уште една титула во купот по победата против Хетафе од 3-1, но екипата ја завршува сезоната на лошото 10то место во лигата. Летото 2008 година на местото претседател на Валенсија доаѓа Висенте Сориано, кој тврди дека има решение за економската состојба во клубот. По една година во исчекување и со појавувањето на непостоечка Уругвајска фирма наречена Инверсионес Далпорт, Сориано го напушта местото претседател во екипата и на чело на Валенсија доаѓа Мануел Љоренте кој извршува проширување на капиталот на клубот и ја враќа стабилноста во екипата.
Стадион
уредиСтадионот Месталја, официјално “Mestalla, camp del València” (Месталја, стадион на Валенсија) е стадионот на екипата на Валенсија ФК која игра во Шпанската Примера Дивизион. Неговото име се должи на подводните канали за наводнување „Месталја“ кои поминуваат под него. Се наоѓа помеѓу улиците Шведска и Арагон во градот Валенсија. Порано се викал стадион Луис Казанова. Со капацитет од 55.000 гледачи е трет најголем стадион во Шпанија.
На 20 мај 1923, стадионот Месталја бил инагуриран со пријателскиот натпревар помеѓу Валенсија и градскиот соперник Леванте. Тоа било почеток на нова ера за клубот што воедно значело и збогување со стариот стадион Алгирос, кој засекогаш ќе остане во сеќавањата на сите Валенсијци како прв дом на екипата. Долгата и успешната историја на екипата од Месталја започнала, кога сѐ уште Валенсија не играла во првата дивизија. Во тоа време капацитетот на стадионот изнесувал 17.000 гледачи. Со добрите игри на екипата и победување на неколку регионални првенства, дошол моментот кога менаџерите на Валенсија морале да размислуваат за реконструкција на Месталја. Па така во 1927 година капацитетот на стадионот се зголемил на 25.000 гледачи за потоа да биде тешко оштетен во Граѓанската војна.
Месталја била користена како концентрационен логор и склад за ѓубре. Единствено нешто што било задржано била нејзината структура откако останатиот дел бил празно поле без тераси и трибини кои биле оштетени во војната. Откако стадионот бил реконструиран, екипата успеала да ја донесе и првата титула во својата историја, Шпанскиот Куп во 1941 година.
Во текот на 50те години, стадионот на Валенсија ги претрпел најголемите измени во својата историја. Проектот резултирал со стадион со капацитет од 45.000 гледачи. Сепак по неколку години новиот стадион бил тешко оштетен од поплавата во Валенсија во октомври 1957та година, од локалната река Турија. И покрај тоа Месталја била вратена во нормалност, па дури некои дополнителни работи биле додадени, како вештачко осветлување кое било инагурирано во текот на свеченостите Fallas во 1959та година. Тоа било почеток за нови промени на Месталја.
Во текот на 60те години, стадионот го задржал својот изглед, додека опкружувањето на стадионот било урбанизирано. Во тоа време Месталја го доживува и своето Европско деби. Англискиот прволигаш Нотингем Форест бил првиот странска екипа која одиграла официјален натпревар против Валенсија. Натпреварот се одиграл на 15 септември 1961 година и бил прв натпревар од златното доба за Валенсија полно со континентални успеси, засилено со титулите во Fairs купот во 1962 и 1963 година. Месталја во тој момент влегла во Европските натпреварувања како стадион каде се одржале најважните настани во тој период.
Од 1969 година познатиот израз Anem a Mestalla („Да одиме на Месталја“), која била многу популарна кај навивачите почнала да паѓа во заборав. Причината за тоа била промената на името која значела голем придонес од клубот кон својот најсимболичен претседател на Валенсија. Луис Казанова признал дека бил целосно обземен од таквата чест, и самиот претседател побарал во 1994 година неговото име да биде тргнато и да биде вратено популарното име Месталја, што се и случило.
Месталја, каде во 1925 година Шпанската селекција го одиграла првиот натпревар, била избрана за место каде Шпанија дебитирала на Светското првенство во 1982 година. Десет години подоцна, олимписката репрезентација на Шпанија го освоил и златниот медал играјќи на стадионот Месталја на Летните олимписки игри 1992 во Барселона.
Нова Месталја
уредиНова Месталјае фудбалски стадион кој е сѐ уште во изградба и ќе биде новиот стадион на кој ќе ги игра своите натпревари екипата на Валенсија. Плановите за изградба на новиот стадион беа откриени во 2006 година и на 10 ноември 2006, поранешниот претседател Хуан Солер ги откри деталите за стадионот и беше презентиран краток филм за тоа како новиот стадион на Валенсија ќе изгледа.
Градежните работи на стадионот започнаа во август 2007. Стадионот требаше да биде готов минатото лето и да биде подготвен за сезоната 2009/10, но поради финансиските проблеми во екипата, датумот на завршување на стадионот беше одложен.
Стадионот ќе има капацитет од 75.000 гледачи и ќе го замени досегашниот стадион на Валенсија, стадионот Месталја. Стадионот го гради градежната фирма ArupSport која е позната по неколку извонредни зданија во целиот свет меѓу кои и Птичјото гнездо или Олимпискиот стадион во Пекинг. Стадионот изнесува околу 250 до 300 милиони евра.
Екстериерот на стадионот ќе ги покажува сите региони на градот Валенсија кои ќе бидат поделени со течението на реката Турија. Фасадата на стадионот ќе биде покриена со алуминиум и дрво.
Внатре во стадионот ќе има 75 зони за освежување, вклучувајќи и ресторант од 300 метри квадратни, кој ќе овозможува неверојатен поглед на целиот терен. Ќе има 3100 места за паркирање, 2600 подземни паркинзи, 330 вип седишта, 130 вип премиум, 30 седишта за играчите и екипата и 15 места за автобуси.
Горниот дел на трибините ќе има капацитет од 22.000 гледачи, средниот 18.000, а оној кој е најблизу до теренот 35.000 гледачи. Стадионот ќе има и можност да се претвори во стадион кој може да биде домаќин и на атлетски натпреварувања, откако ќе се извадат некои од трибините. Сето тоа ќе може да се направи за 5 дена.
Грб
уредиГрадот Валенсија и Балеарските Острови биле освоени од кралот Хаиме I од Арагон во периодот од првата половина на 13 век. По освојувањето, кралот им дозволил статус на независни кралства на двата региони.
Со неговото доаѓање на врвот на грбот на градот Валенсија се појавил лилјакот. Постојат неколку можни објаснувања за таа појава:
- Едното е дека лилјаците се многу застапени во тој регион.
- Другата пак теорија датира од 9 октомври 1238 година кога кралот Хаиме I бил пред влезот на градот Валенсија со цел да го освои градот од Маврите. Тогаш на врвот од неговото знаме слетал лилјак, а Хаиме тоа го протолкувал како добар знак. Па така по освојувањето на градот, лилјакот бил додаден во грбот на Валенсија.
Освен лилјакот кој е симбол на градот Валенсија, логото на клубот е составено и од боите на знамето на Автономниот регион Валенсија во Шпанија, а тоа се сината, црвената и жолтата боја.
Тековен состав
уреди
|
|
На заем
уреди
|
Химна
уредиХимната на клубот Валенсија е компонирана од познатиот Шпански диригент Пабло Санчес Тореља, кој по барање на клубот ја напишал музиката за химната на Валенсија наречена Пасодобле. Текстот на химната пак е напишан од Рамон Химено Гил на Валенсиски јазик.
Новата химна на Валенсија била премиерно изведена и ја имала својата официјална презентација на 75та годишнина од формирањето на клубот Валенсија на 21 септември 1993 година.
„Химна на Валенсија“ текст на Валенсиски јазик |
---|
És un equip de primera nostre València Club de Futbol que lluita per a defendre en totes bandes nostres colors En el Camp de l´Algirós ja començàrem a demostrar que era una bona manera per a València representar Amunt València, Visca el València, és el millor Amunt València, Visca el València del nostre cor Units com sempre els valencianistes et seguirem en cada estadi per a què triomfes t´animarem En la capital del Túria és el València qui vist de blanc i defén la camiseta ple de coratge per a guanyar En Mestalla continuarem sempre esforçant-se per a triomfar i les glòries arribaren i en competència continuaran Amunt València, Visca el València, és el millor Amunt València, Visca el València, del nostre cor Units com sempre els valencianistes et seguirem, en cada estadi perquè triomfes t´animarem Amunt València, Visca el València és el millor |
„Химна на Валенсија“ текст (македонски) |
---|
Екипа во Примера е нашиот фудбалски клуб Валенсија која ќе игра за да ги одбрани насекаде нашите бои На стадионот Алгирос веќе започнаа да покажуваат дека е добар начин да се претставува Валенсија Амунт* Валенсија, да живее Валенсија, е најдобра Амунт Валенсија, да живее Валенсија, во нашите срца Обединети како секогаш, Валенсијците те следиме на секој стадион, за да победиш ќе те бодриме. Во престолнината на Турија, Валенсија е таа која носи бело и ја брани маицата полна со сила за победа На Месталја продолжуваме, секогаш ќе те бодриме за да победиш славата ќе пристигне, а натпреварувањето ќе продолжи Амунт Валенсија, да живее Валенсија, е најдобра Амунт Валенсија, да живее Валенсија, во нашите срца Обединети како секогаш, Валенсијците те следиме на секој стадион, за да победиш ќе те бодриме. Амунт Валенсија, да живее Валенсија, е најдобра.
|
Дресови
уредиОригиналните дресови на Валенсија биле сочинети од бели маици, црни шорцеви и црни чорапи. Со текот на времето се појавувале варијации на тие бои како и користење на портокаловата боја како и боите на знамето на Валенсија.
Се смета дека белата боја ја претставува чистотата на маицата на Валенсија, црната боја го претставува лилјакот, а портокаловата боја е бојата на портокалите кои наголемо се произведуваат во регионот на градот Валенсија.
Успеси
уредиДомашни
уреди1941/42, 1943/44, 1946/47, 1970/71, 2001/2002, 2003/2004
- 7x Податотека:Copa del Rey de Fútbol - 1978.jpg Кралски куп (Copa del Rey):
1941, 1949, 1954, 1967, 1979, 1999, 2008
- 1x Шпански суперкуп:
1999
Европски
уреди1961/62, 1962/63, 2003/04
- 2x УЕФА суперкуп:
1980/81, 2004/05
1979/80
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 2 септември 2010 г. (шпански)
- Блог за сите навивачи на ФК Валенсија во Македонија Архивирано на 22 септември 2010 г. (македонски)