Штутгарт
Штутгарт е град во јужна Германија. Тој е главен град на Баден-Виртемберг со околу 590.000 жители во градот и околу три милиони во неговата околина, односно Штутгартскиот регион.
Штутгарт се наоѓа во центарот на многу густо населениот југозападен Штутгартски Регион (со околу 2,7 милиони жители и 3.700 км2), блиску до Шварцвалд и Швапската Јура. Само градскиот центар, сместен блиску до реката Некар, има околу 590,000 жители и зафаќа површина од 207 км2. Штутгарт е еден од најпознатите германски градови по културна, административна и економска важност.
Штутгарт е шестиот најголем град во Германија, додека Штутгартскиот Регион е четврта по големина конурбација (по Рур, Рајнско-Мајнската област и Берлин). Соседни поголеми градови се Франкфурт на Мајна (210 км северно од Штутгарт) и Минхен (220 км југоисточно од Штутгарт)
Градот Штутгарт е поделен на 23 градски области, од кои најпознати се: Бад-Канштат, Моринген, Штамхајм, Унтертуркхајм, Фајинген, Цуфенхаузен, Фојербах.
Овој град е исто така и седиште на протестантскиот бискуп (Протестантска Државна Црква на Виртемберг) и едно од двете седишта на бискупот на римокатоличкиот диоцез Ротенбург-Штутгарт. Пентекосталната Biblische Glaubens-Gemeinde е најголемата мегацрква во Германија.
Оваа статија место во Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |