Златен гол било правило во фудбалот користено од страна на ФИФА од 1993 до 2004 година.[1]

Регулатива

уреди

Родено по писмо што се појавило во Times на 16 април 1992 година, правилото за златен гол важело во продолженијата на фудбалските натпревари во нокаут-фазата: откако натпреварот завршил со нерешен резултат по регуларното време, првиот постигнат гол во продолженијата ќе му ја донесе победата на тимот кој го постигнал; ова се засновало на концептот на Ненадејна смрт присутен во екипните спортови во Северна Америка.[2]

Во 2002 година, варијантата „сребрен гол“ била воведена од УЕФА, која според правилата му носела победа на тимот кој бил во водство по крајот на едно од продолженијата (небитно дали се работи за првото или второто).[3] Двете правила биле укинати од ИФАБ по крајот на Европското првенство 2004.[4]

Критики

уреди

Оригиналната идеја на „Златниот гол“ била да се поттикнат екипите да играат поофанзивно, со што ќе се намали употребата на изведување пенали како параметар кој ќе го одлучува победникот; наместо тоа, се верувало дека правилото дало спротивен ефект, бидејќи екипите на теренот често имале тенденција да се затворат и да се бранат со цел да избегнат да примат одлучувачки погодок кој ќе ги елиминира моментално.[4]

Натпревари решени со златен гол

уреди

Репрезентативни натпревари

уреди
Победник Поразен Резултат Минута Натпревар Дата
  Германија   Чешка 2 - 1 95' Финале на Европското првенство 1996 30 јуни 1996
  Јапонија   Иран 3 - 2 105' Бараж за пласман на Светското првенство 1998 15 ноември 1997
  Уругвај   Австралија 0 - 1 92' Полуфинале на ФИФА Куп на конфедерации 1997 19 декември 1997
  Франција   Парагвај 1 - 0 113' Осминафинале на Светското првенство 1998 28 јуни 1998
  Франција   Португалија 2 - 1 117' Полуфинале на Европското првенство 2000 28 јуни 2000
  Франција   Италија 2 - 1 103' Финале на Европското првенство 2000 2 јули 2000
  Сенегал   Шведска 2 - 1 104' Осминафинале на Светското првенство 2002 16 јуни 2002
  Јужна Кореја   Италија 2 - 1 117' Осминафинале на Светското првенство 2002 18 јуни 2002
  Турција   Сенегал 1 - 0 97' Четвртфинале на Светското првенство 2002 22 јуни 2002
  Франција   Камерун 1 - 0 97' Финале на ФИФА Куп на конфедерации 2003 29 јуни 2003

Клупски натпревари

уреди
Победник Поразен Резултат Минута Натпревар Дата
  Галатасарај   Реал Мадрид 2 - 1 103' Суперкуп на УЕФА 2000 25 август 2000
  Ливерпул   Алавес 5 - 4 117' Финале на Куп на УЕФА 2000-2001 17 мај 2001

Останати спортови

уреди

Освен во фудбалот, „Златниот гол“ имал и има примена и во некој други споротви како хокеј на трева, хокеј на мраз, рагби, американски фудбал, бејзбол и др.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Calcio news“. la Repubblica. 5 март 1994. стр. 23.
  2. „Mondiale noioso, l'assillo degli USA“. la Repubblica. 3 јуни 1993. стр. 28.
  3. „Addio golden gol, arriva il silver. Era costato all'Italia un Europeo“. la Repubblica. 29 април 2003. стр. 48.
  4. 4,0 4,1 „Calcio, la Fifa dice basta a silver e golden gol“. 28 февруари 2004.