Паулета
Педро Мигел Кареиро Ресендес (роден на 28 април 1973 година, во Понта Делгада), попознат како Паулета, е португалски поранешен фудбалер, напаѓач.
Паулета | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Педро Мигел Кариеро Ресендес | ||
Роден на | 28 април 1973 | ||
Роден во | Понта Делгада, Португалија | ||
Држава | Португалија | ||
Висина | м | 1,80||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 2008 (35 г.) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1993-1995 | Униао Микаеленсе | 61 | (33) |
1995-1996 | Ешторил | 30 | (19) |
1996-1998 | Саламанка | 71 | (34) |
1998-2000 | Депортиво | 58 | (18) |
2000-2003 | Бордо | 98 | (65) |
2003-2008 | Париз Сен Жермен | 168 | (76) |
Репрезентација ‡ | |||
1988 | Португалија 16 | 4 | (0) |
1996 | Португалија 21 | 1 | (0) |
1997-2006 | Португалија | 88 | (47) |
* Ажурирано на: 1 септември 2020 ** Ажурирано на: 1 септември 2020 |
Технички карактеристики
уредиКако плоден стрелец, Паулета важел за еден од најдобрите напаѓачи во Европа на својата генерација. Обично играл како осамен напаѓач или во тандем со партнер и претставувал комбинација на подвижност, атлетизам и солидна техника. Неговите најголеми квалитети биле подеднакво добрата игра со двете нозе, силата во воздушните двобои и одличната игра со глава.[1][2][3][4]
Клупска кариера
уредиВо Португалија
уредиНаменет за работа како рибар, тој наместо тоа се одлучил да му се посвети на фудбалот.[5] Својата кариера Паулета ја започнал во татковината, играјќи за нисколигашот Униао Микаеленсе две години пред да се пресели во Ешторил во 1995 година, каде постигнал 18 гола на 29 настапи во втора португалска лига.[6]
Саламанка и Депортиво Ла Коруња
уредиПодоцна тој се пресели во соседната Шпанија, каде играл прво за Саламанка, а потоа и за Депортиво Ла Коруња.
Во својата прва сезона во Саламанка тој постигнал 19 гола, давајќи огромен придонес за промоцијата во Примера Дивисион. Следната сезона тој постигнал 15 гола во елитното шпанско фудбалско првенство со кои му помогнал на клубот да го избегне испаѓањето за само еден бод.[7]
Во летото 1998, тој потпишал за Депортиво Ла Коруња.[8] Во неговата втора сезона со Депортиво, тој го освоил шпанското првенство придонесувајќи за титулата со 8 гола. Сепак, силната конкуренција во нападот на галицијците во лицето на Рој Макај и Диего Тристан, го натерала Паулета да го напушти клубот во летниот трансферен прозорец 2000 година, неколку дена по освојувањето на својата втора титула со клубот, Суперкупот на Шпанија.[5]
Бордо и Париз Сен Жермен
уредиНа 1 септември 2000, Паулета потпишал за францускиот Бордо.[9] Искуството во Лига 1 се покажало многу посреќно за него и Паулета започнал да го исполнува својот потенцијал: во првата сезона постигнал 20 голови, а веќе во неговата втора сезона (2001-2002) бил најдобар стрелец во првенството со 22 гола колку што имал и Џибрил Сисе од Осер.[10][11] Исто така, за време на сезоната 2001-2002, тој го освоил Лига купот на Франција со својата екипа, постигнувајќи два гола во финалето при победата со 3-0 над Лорјан.[12][13] Конечно, тој бил избран и за фудбалер на годината во Франција за спомената сезона.[14] Во неговата трета сезона со Бордо, тој го поправил за еден гол својот рекорд од претходната сезона, завршувајќи ја сезоната 2002-2003 со 23 гола и уште еднаш бил избран за фудбалер на годината. Вкупно за Бордо одиграл 130 натпревари и постигнал 91 гол.
Пред почетокот на сезоната 2003-2004, Паулета потпишал тригодишен договор со Париз Сен Жермен во трансфер вреден 12 милиони евра.[15] Во неговата прва сезона тој им помогнал на Парижаните да го освојат Купот на Франција, нивниот прв трофеј после 6 години, постигнувајќи го единствениот гол во финалето во победата со 1-0 над Шатору. Подоцна, тој освоил уште еден Куп на Франција во сезоната 2005-2006 како и Лига купот на Франција во неговата последна сезона во клубот (2007-2008). Својот последен натпревар во кариерата Паулета го одиграл на 17 мај 2008, во гостинската победа со 1-2 против Сошо, по што објавил дека ја завршува својата кариера. За екипата од главниот град постигнал преку 100 голови,[16] со кој поставил рекорд за најмногу погодоци за ПСЖ (подоцна надминат од Златан Ибрахимовиќ и Единсон Кавани во 2015 и 2018 година).[5]
Кон крајот на мај 2009 година, Паулета го одигра својот проштален натпревар на Паркот на принцовите, играјќи по едно полувреме за тимот на пријателите и ПСЖ - поранешни и сегашни - играчи. Подоцна тој бил заменет од неговиот 13-годишен син Андре, кој ги постигнал последните два гола во натпреварот.[17]
Репрезентативна кариера
уредиПаулета дебитирал за португалската репрезентација во 1997 година, во квалификациски натпревар за Светското првенство 1998 против Ерменија. Неговите први два репрезентативни голови дошле во победата со 7-0 на домашен терен против Азербејџан во квалификациите за Европското првенство 2000.[18] Откако португалците се квалификувале на завршниот европски турнир во Белгија и Холандија, Паулета бил повикан да учествува со репрезентацијата, главно започнувајќи ги натпреварите на клупата за резерви; својот единствен настап на турнирот го имал во третото коло од групата, при победата над Германија со 3-0.
За разлика од Европското првенство 2000, на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја Паулета бил прв напаѓач на Португалија и играл во сите натпревари; тој постигнал хет-трик во победата со 3-0 над Полска во вториот натпревар од групата,[19] но португалците разочарале на првенството не успевајќи да ја минат групната фаза. На Европското првенство на домашен терен, португалците имале големи очекувања и надежи во Паулета, но наместо тоа тој одиграл разочарувачки турнир.[20] Иако го започнал секој натпревар освен четвртфиналето (во кое бил суспендиран заради жолти картони), Паулета не постигнал ниту еден гол на патот на својата репрезентација до финалето на турнирот во кое биле поразени од Грција.[21] По ова првенство, тој бил назначен за капитен на Португалија, по збогувањата со националниот дрес на Руи Кошта, Фернандо Коуто и Луис Фиго, меѓутоа таа улога ја имал многу кратко се враќањето во репрезентацијата на Фиго.[22]
На 12 октомври 2005 година, со двата гола во победата од 3-0 над Латвија во квалификациите за Светското првенство 2006, Паулета станал најдобар стрелец во историјата на португалската репрезентација, надминувајќи го претходниот рекорд на Еузебио од 41 гол.[23][24] Тој исто така бил најдобар стрелец во Европските квалификации со 11 постигнати гола, помагајќи и на својата земја да се квалификува за турнирот во Германија.[20] На Светското првенство 2006, Паулета го постигнал единствениот гол во првиот натпревар на турнирот со кој Португалија ја победила Ангола со 1-0. Сепак, тоа бил неговиот единствен гол на овој мундијал, на кој португалците го освоиле четвртото место после поразот од домаќинот Германија во натпреварот за третото место. Веднаш потоа Паулета го најавил своето повлекување од репрезентацијата.
Вкупно за португалската репрезентација Паулета има 88 настапи и 47 гола. Во моментов тој е втор стрелец на Португалија зад Кристијано Роналдо.[5]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСтатистика
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 8 септември 2020.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1995-1996 | Ешторил | СД | 29 | 18 | КП | 4 | 5 | - | - | - | - | - | - | 33 | 23 |
1996-1997 | Саламанка | СД | 37 | 19 | КШ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 40 | 19 |
1997-1998 | ПД | 34 | 15 | КШ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 35 | 15 | |
Вкупно Саламанка | 71 | 34 | 4 | 0 | - | - | - | - | 75 | 34 | |||||
1998-1999 | Депортиво Ла Коруња | ПД | 28 | 10 | КШ | 9 | 1 | - | - | - | - | - | - | 37 | 11 |
1999-2000 | ПД | 30 | 8 | КШ | 3 | 0 | КУ | 7 | 3 | - | - | - | 40 | 11 | |
сеп. 2000 | ПД | 0 | 0 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | - | - | СШ | 1 | 0 | 1 | 0 | |
Вкупно Депортиво Ла Коруња | 58 | 18 | 12 | 1 | 7 | 3 | 1 | 0 | 78 | 22 | |||||
сеп. 2000-2001 | Бордо | Д1 | 28 | 20 | КФ+ЛКФ | 1+1 | 3+0 | КУ | 7 | 3 | - | - | - | 37 | 26 |
2001-2002 | Л1 | 33 | 22 | КФ+ЛКФ | 2+4 | 4+4 | КУ | 6 | 5 | - | - | - | 45 | 35 | |
2002-2003 | Л1 | 37 | 23 | КФ+ЛКФ | 5+2 | 5+1 | КУ | 4 | 1 | - | - | - | 48 | 30 | |
Вкупно Бордо | 98 | 65 | 15 | 17 | 17 | 9 | - | - | 130 | 91 | |||||
2003-2004 | Париз Сен Жермен | Л1 | 37 | 18 | КФ+ЛКФ | 6+0 | 5 | - | - | - | - | - | - | 43 | 23 |
2004-2005 | Л1 | 35 | 14 | КФ+ЛКФ | 2+0 | 4 | ЛШ | 6 | 1 | СФ | 1 | 0 | 44 | 19 | |
2005-2006 | Л1 | 36 | 21 | КФ+ЛКФ | 6+2 | 5+2 | - | - | - | - | - | - | 44 | 28 | |
2006-2007 | Л1 | 33 | 15 | КФ+ЛКФ | 3+2 | 1+2 | КУ | 9 | 6 | - | - | - | 47 | 24 | |
2007-2008 | Л1 | 27 | 8 | КФ+ЛКФ | 2+5 | 1+6 | - | - | - | - | - | - | 34 | 15 | |
Вкупно Париз Сен Жермен | 168 | 76 | 28 | 26 | 15 | 7 | 1 | 0 | 212 | 109 | |||||
Вкупно во кариерата | 424 | 211 | 63 | 49 | 39 | 19 | 2 | 0 | 528 | 279 |
Репрезентативна статистика
уредиИзвор:[18]
Фудбалска репрезентација на Португалија | ||
---|---|---|
Год. | Наст | Гол |
1997 | 3 | 0 |
1998 | 1 | 0 |
1999 | 7 | 3 |
2000 | 9 | 2 |
2001 | 10 | 7 |
2002 | 11 | 7 |
2003 | 12 | 8 |
2004 | 14 | 9 |
2005 | 12 | 7 |
2006 | 9 | 4 |
Вкупно | 88 | 47 |
Титули
уреди
КлупскиуредиДепортиво Ла Коруњауреди
Бордоуреди
Париз Сен Жерменуреди
|
Поединечниуреди
|
Наводи
уреди- ↑ Correria, Nuno (13 July 2000). „'Pauleta' Resendes“. ESPN FC. Посетено на 18 April 2017.
- ↑ „Pauleta“. BBC Sport. 15 May 2002. Посетено на 18 April 2017.
- ↑ „Pauleta“. BBC Sport. 25 May 2004. Посетено на 18 April 2017.
- ↑ „Pauleta, from the Azores with goals“. FIFA. 29 March 2013. Архивирано од изворникот на 2020-08-06. Посетено на 7 May 2020.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Benedetto Greco (28 април 2017). „Pauleta, il maledetto numero 9 del Portogallo“.
- ↑ Simões de Abreu, Alexandra (14 January 2018). „Pauleta: "Ainda hoje as pessoas abordam-me na rua e dizem: 'Olha o homem do queijo'“ [”Pauleta: “People still approach me in the street and say: 'Look at the cheese man'”]. Expresso (португалски). Посетено на 7 August 2019.
- ↑ Segura, Manuel (16 May 1998). „Adiós con sonrojo“ [Embarrassing goodbye]. Mundo Deportivo (шпански). Посетено на 23 May 2015.
- ↑ Ferreiro, Mariluz (18 November 2008). „El último vuelo de Pauleta“ [Pauleta's last flight]. La Voz de Galicia (шпански). Посетено на 7 August 2019.
- ↑ „Pauleta no Bordéus por 4 anos“ [Pauleta in Bordeaux for 4 years]. Record (португалски). 1 September 2000. Посетено на 14 April 2012.
- ↑ R.B. (7 февраури 2007). „A note on the league's strikers“ (англиски). Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Pauleta, premier coup du chapeau du tournoi“ (француски). La Dépêche du Midi. 10 јуни 2002.
- ↑ „Pauleta brace brings Bordeaux cup“. UEFA. 20 April 2002. Посетено на 16 June 2009.
- ↑ Season 2001/2002 League Cup Final – Match Stats; at French League
- ↑ „Pauleta honoured by fellow players“. UEFA. 29 April 2002. Посетено на 16 June 2009.
- ↑ Pauleta prize for PSG; UEFA, 10 July 2003
- ↑ Christian Châtelet (1 ноември 2007). „Pauleta fa cento con il PSG“.
- ↑ Résumé du jubilé de Pauleta (Pauleta's testimonial sumup); PSG en Force, 31 May 2009 (француски)
- ↑ 18,0 18,1 Mamrud, Roberto. „Pedro Miguel Correia Resende "Pauleta" – Goals in International Matches“. RSSSF. Посетено на 30 December 2013.
- ↑ Portugal back on track; BBC Sport, 10 June 2002
- ↑ 20,0 20,1 „Portogallo, fantasisti al potere“ (италијански). Il Piccolo. 1 јуни 2006. стр. 37.
- ↑ „L'Olimpo è a Lisbona, Grecia campione d'Europa“. 4 јули 2004.
- ↑ „Pauleta será o capitão“ [Pauleta will be the captain]. Record (португалски). 27 August 2004. Посетено на 4 June 2015.
- ↑ „Pauleta beats Eusebio's Portugal goal record“. ESPN FC. 12 October 2015. Посетено на 23 July 2015.
- ↑ Pauleta dethrones "The King"; UEFA, 13 October 2005
Надворешни врски
уреди„Паулета“ на Ризницата ? |