Фудбалска репрезентација на Хрватска

Фудбалската репрезентација на Хрватска ја претставува Хрватска на меѓународните фудбалски натпреватувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Хрватска (HNS - Hrvatski nogometni savez). Формирана е 1990 година.

 Хрватска
Грб на фудбалскиот сојуз
СојузФудбалски сојуз на Хрватска
КонфедерацијаУЕФА УЕФА (Европа)
СелекторХрватска Златко Далиќ
КапитенДарио Срна
Најмногу настапиДарио Срна (134)
Најдобар стрелецДавор Шукер (45)
Домашен стадионМаксимир
ФИФА кодCRO
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално15 (ноември 2017)
Највисок3 (јануари 1999)
Најнизок125 (март 1994)
Прв меѓународен натпревар
Хрватска 4–0 Швајцарија 
(Загреб, Хрватска; 2 април 1940)
Од 1990
 Хрватска 2-1  САД
(Загреб, Хрватска; 17 октомври 1990)
Најголема победа
 Хрватска 7–0 Австралија 
(Загреб, Хрватска; 6 јуни 1998)
 Хрватска 7–0 Андора 
(Загреб, Хрватска; 7 октомври 2006)
Најлош пораз
 Шпанија 6–0 Хрватска 
(Елче, Шпанија; 11 септември 2018)
Светско првенство
Учества5 (првпат во 1998)
Најдобар резултаттрето место 1998
Европско првенство
Учества4
Најдобар резултатчетврт-финале, 1996, 2008

Призната од страна на ФИФА, фудбалската репрезентација на Хрватска во минатото одиграла деветнаесет натпревари за Бановина Хрватска и Независна Држава Хрватска во периодот помеѓу 1940 и 1944.[1] Првиот натпревар го одиграла на 2 април 1940 година, кога ја победиле репрезентацијата на Швајцарија со 4-0 во Загреб. Подоцна со приклучувањето на Хрватска во Југославија оваа репрезентација била укината и Хрватска не настапувала самостојно, туку нејзините играчи играле за југословенската репрезентација.

Со распадот на Југославија, во 1990 Хрватска повторно формирала репрезентација (официјалното формирање), која во 1993 официјално станала членка на ФИФА и на УЕФА.[2] Првиот официјален натпревар во рамките на денешната држава, Хрватска го одиграла на 5 јули 1992 против Австралија. За првпат во квалификациите за едно натпреварување Хрватска учествувала во квалификациите за Евро 1996 и се пласирала на ова натпреварување, стигнувајќи до четврт-финалето. Досега Хрватска има 4 настапи на Светските првенства, а најдобар резултат им е третото место во Франција 1998. На Европските првенства исто така досега настапила 4 пати, а најдобар резултат им е четврт-финале каде играле двапати во 1996 и 2008.

Најголемиот број домашни натпревари хрватската репрезентација ги игра во Загреб на Стадионот Максимир. Прекарот на репрезентацијата е Огнените или Коцкестите (по коцките во црвена и бела боја што ги имаат на дресот).

Историја

уреди

Период пред независноста

уреди

Фудбалот во Хрватска го донеле двајца англиски иселеници во Риека и Жупања во 1873 година. Во 1896 година бил донесе и официјалниот правилник на играта. До 1907 година биле формирани неколку локални фудбалски клубови.[3] Според официјалните исторски пишани документи на ФИФА, својот прв (неофицијален) натпревар во историјата хрватската репрезентација го одиграла на 23 јуни 1907 година.[2][4] Пред независноста, хрватските фудбалери играле за репрезентациите на Кралството Југославија (1919-1939) и Социјалистичка Федеративна Република Југославија (1945 - 1990), иако периодите на политички немири биле одиграни и неколку неофицијални натпревари.[5]

 
Слика од првиот натпревар на хрватската репрезентација против Швајцарија на 2 април 1940.

Во 1940 година Јозо Јакоповиќ како капитен ја предводел неофицијалната фудбалска репрезентација на тогашната Бановина Хрватска во четири пријателски натпревари: две против Швајцарија и два против Унгарија.[1] Така, својот прв официјален натпревар како независна држава Хрватска го одиграла на 2 април 1940 година во Загреб против Швајцарија и е завршен со победа на Хрватска од 4-0. По инвазијата на Силите на Оската Хрватскиот фудбалски сојуз на кратко станал активен приклучувајќи и се на ФИФА на 17 јули 1941 година под покровителство на Независна Држава Хрватска. Тогашната репрезентација чиј селектор бил Рудолф Хитрец одиграла севкупно петнаесет пријателски натпревари од кој четиринаесет како официјална членка на ФИФА.[2][6] Првиот официјален натпревар како членка на ФИФА, Хрватска го забележала против Словачка на 8 септември во Братислава, играјќи нерешено 1-1.[1] Следните натпревари се одиграле до 1945 година, кога Незавсна Држава Хрватска била укината и Хрватска официјално станала членка на СФРЈ со што ја загубила својата сопствена репрезентација и соработка со ФИФА.[6]

Во состав на Југославија

уреди

Во периодот помеѓу 1945 и 1990 година, Хрватска се наоѓала во состав на СФРЈ и нејзините играчи настапувале за југословенската репрезентација. Најдобрите резултати на Југославија се четвртото место на Светското првенство 1962 во Чиле и второто место на Европското првенство 1968 во Италија: и во двете финалиња (во првиот случај се работи за мало финале, натпревар за трето место), репрезентацијата била поразен од страна на домаќините. Последниот натпревар кој го одиграла репрезентацијата на Југославија со хрватски играчи во својот состав бил оној против Шведска на 16 мај 1991 година, само неколку дена пред одржувањето на хрватскиот референдум за независност.[7]

Официјално основање

уреди

Во текот на 1990 година иако Хрватска сè уште била во состав на Југославија веќе била обновена хрватската фудбалска репрезентација, која својот прв натпревар во поновата историја го одиграла на 17 октомври 1990 против САД, на Стадионот Максимир и победила со резултат 2-1.[8] Тој натпревар бил еден од трите во кој репрезентацијата ја водел првиот официјален селектор на хрватската фудбалска репрезентација Дражен Јерковиќ. Под негово водство репрезентацијата победила уште во два натпревари пред да станат нови селектори Станко Поклеповиќ и Влатко Марковиќ кој накратко ја воделе репрезентацијата. Натпреварот против САД исто така послужил за претставување на дресовите на хрватската репрезентација. Дизајнирани со помош на шаховски коцки со грбот кој се наоѓа на официјалното знаме на Република Хрватска, дресовите биле сметани за многу професионални и оригинални, и станале и еден од најпрепознатливите хрватски брендови генерално.[9] Иако Хрватска сè уште била дел од СФРЈ до официјалното прогласување на независноста на 8 октомври 1991 година, овој состав веќе се сметал за официјалната фудбалска репрзентација на Хрватска.[10][11]

Во средината на 1992 година Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) го обновил членството во ФИФА, и е примен во членството на УЕФА. ФИФА не ги признала настапите на пред независноста на Хрватска па на официјалната ранг-список на ФИФА репрезентацијата тргнала од 125-тото место.[12]

Новата Хрватска (1994-денес)

уреди

За првпат во квалификациите за некое од големите натпреварувања Хрватска учествувала во квалификациите за Европското првенство 1996 под водство на тогашниот селектор Мирослав Блажевиќ, со што својот прв официјален натпревар (не сметајќи ги пријателските) го одиграла на 4 септември 1994 против Естонија во Талин, победувајќи со 2-0 со два гола на Давор Шукер. Откако во квалификациите го зазеле првото место со 23 бода (колку што имала и Италија, но Хрватска имала подобра гол-разлика), хрватите како дебитанти во квалификациите се пласирале на нивниот првиот голем меѓународен настан Европското првенство 1996 во Англија, каде ја минале групната фаза и биле елиминирани од Германија со 2-1 во четвртфиналето. Две години подоцна, Хрватска била најпријатното изненадување на Светското првенство 1998 во Франција: тие го освоиле третото место по поразот од домаќинот во полуфиналето и победата со 2-1 над Холандија во натпреварот за третото место. Напаѓачот Давор Шукер бил најдобар стрелец на првенството со шест постигнати гола.

Откако не успеала да се квалификува за Евро 2000, Хрватска учествувала на Светското првенство во 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, но била елиминирана уште во првиот круг иако во второто коло од групната фаза го победиле некогашниот Светски шампион Италија со 1-2. На Европското првенство 2004 во Португалија, Хрватска го освоила третото место во својата група, со што била елиминирана (понатаму одат првите две репрезентации од секоја група) уште во првата фаза, а истото им се случило и на Светското првенство 2006 во Германија; притоа и на двете натпреварување не успеале да дојдат до победа во решавачките двобои со која би се пласирале понатаму (на Европското против Англија пораз 2-4, а на Светското одиграле 2-2 со Австралија иако Хрватска двапати во натпреварот водела).

 
Фудбалерите на Хрватска на Светското првенство 2014 во Бразил.

Во квалификациите за Евро 2008, Хрватска двапати ја совладала Англија со 2-0 во Загреб (во октомври 2006) и со 2-3 на Новиот Вембли во Лондон (во ноември 2007 година). Резултатот од вториот натпревар меѓу двете репрезентации значел елиминација за Англија, на која и бил потребен само бод, со кој би се пласирала на завршницата од турнирот.[13] Така, Хрватска се квалификувала на натпреварувањето заедно со Русија, освојувајќи дури 29 бода. Во завршницата на турнирот во Австрија и Швајцарија, Хрватска стигнала до четврт-финалето против Турција, каде загубила на пенали.

Елиминирана во квалификациите за Светското првенство 2010, Хрватска обезбедила настап на Европското првенство 2012, совладувајќи ја Турција во бараж-двомечот. Нивната авантура во Полска и Украина завршила во првиот круг со една победа (против Ирска), едно реми (со Италија) и еден пораз (во последното коло од Шпанија). Напаѓачот Марио Манџукиќ бил најдобар стрелец на првенството со 3 постигнати гола, заедно со уште 5 други играчи кој постигнале исто толку.[14] Хрватска се квалификувала и за Светското првенство 2014 преку уште еден бараж, овој пат против Исланд. Во првиот натпревар на турнирот загубиле од домаќинот Бразил (со резултат од 3-1), а потоа славеле убедлива победа со 4-0 над Камерун: во одлучувачкиот натпревар за пласман во следната рунда коцкестите загубиле од Мексико со 3-1, со што отпаднале за сметка на нивните соперници од Северна Америка.

За време на квалификациите за ЕП 2016, каде што обезбедиле пласман како второпласирани во групата Х (зад Италија), на Хрватска и бил одземен еден бод за присуство на свастика на тревата за време на натпреварот против Италија игран на Пољуд во Сплит.

Настапи на големите турнири

уреди

Настапи на Светските првенства

уреди
Светско првенство Квалификации за
Светско првенство
Домаќин/Година Рунда Поз. ОН П Н З ДГ ПГ ОН П Н З ДГ ПГ
1930-1990 Учествувале во состав на СФРЈ Учествувале во состав на СФРЈ
  1994 Не учествувале Не учествувале
  1998 Трето место 3 7 5 0 2 11 5 10 5 4 1 20 13
    2002 Групна фаза 23 3 1 0 2 2 3 8 5 3 0 15 2
  2006 Групна фаза 22 3 0 2 1 2 3 10 7 3 0 21 5
  2010 Не се квалификувале 10 6 2 2 19 13
  2014 Групна фаза 19 3 1 0 2 6 6 12 6 3 3 14 9
  2018 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациите
  2022
Вкупно 4/20 16 7 2 7 21 17 50 29 15 6 89 42

Настапи на Европските првенства

уреди
Европски првенства
Година Рунда Позиција ОН П Н З ДГ ПГ
1960-1992 Учествувале во состав на СФРЈ
  1996 Четврт-финале 7-ми 4 2 0 2 5 5
    2000 Не се квалификувале
  2004 Групна фаза 13-ти 3 0 2 1 4 6
    2008 Четврт-финале 5-ти 4 3 1 0 5 2
    2012 Групна фаза 10-ти 3 1 1 1 4 3
  2016 Се квалификувале
Вкупно Групна фаза 5/6 14 6 4 4 18 16

Играчи

уреди

Моментален Состав

уреди
Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Иван Варгиќ 15 март 1987(1987-03-15)(37 г.) 2 0   Риека
12 ГМ Ловре Калиниќ 3 април 1990(1990-04-03)(34 г.) 4 0   Хајдук Сплит
23 ГМ Даниел Субашиќ 27 октомври 1984(1984-10-27)(40 г.) 21 0   Монако
2 ОД Шиме Врсаљко 10 јануари 1992(1992-01-10)(32 г.) 19 0   Сасуоло
3 ОД Иван Стриниќ 17 јули 1987(1987-07-17)(37 г.) 35 0   Наполи
5 ОД Ведран Чорлука 5 февруари 1986(1986-02-05)(38 г.) 88 4   Локомотив Москва
6 ОД Тин Једвај 28 ноември 1995(1995-11-28)(29 г.) 3 0   Баер Леверкузен
11 ОД Дарио Срна 1 мај 1982(1982-05-01)(42 г.) 130 22   Шахтар Донецк (Капитен)
13 ОД Гордон Шилденфелд 18 март 1985(1985-03-18)(39 г.) 27 1   Динамо Загреб
21 ОД Домагој Вида 29 април 1989(1989-04-29)(35 г.) 38 1   Динамо Киев
4 СР Иван Перишиќ 2 февруари 1989(1989-02-02)(35 г.) 47 13   Интер
7 СР Иван Ракитиќ 10 март 1988(1988-03-10)(36 г.) 76 11   Барселона
8 СР Матео Ковачиќ 6 мај 1994(1994-05-06)(30 г.) 27 1   Реал Мадрид
10 СР Лука Модриќ 9 септември 1985(1985-09-09)(39 г.) 90 10   Реал Мадрид
14 СР Марсело Брозовиќ 16 ноември 1992(1992-11-16)(32 г.) 17 4   Интер
15 СР Анте Чориќ 14 април 1997(1997-04-14)(27 г.) 2 0   Динамо Загреб
18 СР Марко Рог 19 јули 1995(1995-07-19)(29 г.) 3 0   Динамо Загреб
19 СР Милан Бадељ 25 февруари 1989(1989-02-25)(35 г.) 20 1   Фјорентина
9 НП Андреј Крамариќ 19 јуни 1991(1991-06-19)(33 г.) 11 4   Хофенхајм 1899
16 НП Никола Калиниќ 5 јануари 1988(1988-01-05)(36 г.) 29 11   Фјорентина
17 НП Марио Манџукиќ 21 мај 1986(1986-05-21)(38 г.) 66 24   Јувентус
20 НП Марко Пјаца 6 мај 1995(1995-05-06)(29 г.) 8 1   Динамо Загреб
22 НП Дује Чоп 1 февруари 1990(1990-02-01)(34 г.) 4 0   Малага

Статистика на играчите

уреди

Последна промена 4 април 2016.

  Активни репрезентативци

Список на играчи со најмногу настапи

уреди
# Играч Реп. кариера Број на настапи Број на голови Прв настап
1 Дарио Срна[15][16][17] 2002-2016 134 22 20 ноември 2002
2 Стипе Плетикосa 1999-2014 114 0 10 февруари 1999
3 Јосип Шимуниќ 2001-2013 105 3 10 ноември 2001
4 Ивица Олиќ 2002-2015 104 18 13 февруари 2002
5 Дарио Шимиќ 1996-2008 100 3 10 март 1996
6 Лука Модриќ 2006- 94 10 1 март 2006
7 Ведран Чорлука 2006– 93 4 16 август 2006
8 Роберт Ковач 1999-2009 84 0 28 април 1999
9 Нико Ковач 1996–2008 83 14 11 декември 1996
10 Иван Ракитиќ 2007- 81 13 8 септември 2007
Роберт Јарни 1990-2002 81 1 22 декември 1990
Нико Крањчар 2004-2013 81 16 18 август 2004

За целосниот список појдете на тука.

Список на играчи со најмногу постигнати голови

уреди
# Играч Реп. кариера Бр. голови Бр. настапи ПГПН
1 Давор Шукер[15][18][19] 1990-2002 45 69 0.652
2 Едуардо да Силва 2004-2014 29 64 0.453
3 Марио Манџукиќ 2007- 28 65 0.323
4 Дарио Срна 2002-2016 22 129 0.162
5 Ивица Олиќ 2002-2015 20 104 0.192
6 Нико Крањчар 2004-2013 16 81 0.197
Иван Перишиќ 2011- 16 54 0.266
8 Горан Влаовиќ 1992-2002 15 52 0.288
9 Нико Ковач 1996-2008 14 83 0.168
10 Младен Петриќ 2001-2013 13 45 0.289

За целосниот список појдете на тука.

Селектори

уреди

Дресови

уреди
 
Амблемот на Хрватскиот фудбалски сојуз на дресот на хрватската фудбалска репрезентација.

Првиот официјален дрес на хрватската фудбалска репрезентација го дизајнирал академскиот сликар Мирослав Шутеј во 1990 година. Иако малку е променет откако спонзор станал Nike, дресот воглавно го задржал националниот идентитет. Исто така, шаховницата присутна на официјалниот грб на Република Хрватска, како и надресот на фудбалската репрезентација се користи се почесто и на дресовите во останатите спортови - било екипни или поединачни.

Дресови низ историјата

уреди
 
 
 
 
 
 
 
 
1990 - Првиот коцкест дрес
 
 
 
 
 
 
 
 
1996–1997
Прв дрес
 
 
 
 
 
 
 
1998–2000
Прв дрес
 
 
 
 
 
 
 
 
2002–2004
Прв дрес
 
 
 
 
 
 
 
 
2004–2006
Прв дрес
 
 
 
 
 
 
 
 
2006–2008
Прв дрес
 
 
 
 
 
 
 
 
2008–2010
Прв дрес
 
 
 
 
 
 
 
 
2010–2012
Прв дрес
 
 
 
 
 
 
 
 
2012–2014
Прв дрес
 
 
 
 
 
 
 
2014–2016
Прв дрес
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2016–
Прв дрес
 
 
 
 
 
1940 - Првиот официјален дрес
 
 
 
 
 
 
 
 
1996–1997
Втор дрес
 
 
 
 
 
 
 
1998–2000
Втор дрес
 
 
 
 
 
 
 
 
2002–2004
Втор дрес
 
 
 
 
 
 
 
 
2004–2006
Втор дрес
 
 
 
 
 
 
2006–2008
Втор дрес
 
 
 
 
 
 
2008–2010
Втор дрес
 
 
 
 
 
 
 
 
2010–2012
Втор дрес
 
 
 
 
 
 
2012–2014
Втор дрес
 
 
 
 
 
 
 
2014–2016
Втор дрес
 
 
 
 
 
 
 
2016–
Втор дрес

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Kramarsic, Igor/Puric, Bojan. „Croatia International matches“. rsssf.com. Посетено на 14. srpnja 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 „Goal Programme - Croatian Football Federation - 2006“. FIFA.com. 17. srpnja 2008. Архивирано од изворникот на 2010-05-10. Посетено на 4. rujna 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. Bach, N. Nenad (23. studenog 2007). „In 1880 local Croatian young men began to play football in Zupanja“. Croatian World Network. Посетено на 6. rujna 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. (чешки) SK Slavia Praha
  5. Ramet 2005., str. 171
  6. 6,0 6,1 „Povijest Hrvatskog Nogometnog Saveza“ (хрватски). H-R. 25. rujna 2007. Посетено на 19. августa 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „Yugoslavia National Team List of Results 1990-1999“. rsssf.com. Посетено на 19. srpnja 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. „Aljosa Asanovic - International appearances“. rsssf.com. Посетено на 20. srpnja 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  9. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-07-28. Посетено на 2016-04-04.
  10. „Croatia - International matches 1990-1995“. rsssf.com. Посетено на 18. srpnja 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  11. „Croatia Marks Independence Day for First Time“. Southeast European times. Посетено на 21. srpnja 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  12. „Croatia - FIFA World Rankings“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 2012-06-08. Посетено на 11. августa 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  13. Claudio Lenzi (21 ноември 2007). lagazzettadellosport.it (уред.). „Dramma Inghilterra: fuori Passano Svezia e Turchia“ (италијански). Посетено на 29 март 2015.[мртва врска]
  14. goal.com, уред. (25 мај 2013). „Mandzukic si racconta sognando la Champions: "Al Bayern grazie a Magath, devo stare più attento ai gialli" (италијански). Посетено на 28 март 2015.
  15. 15,0 15,1 Croatia - Record International Players, rsssf.com; пристапено: 11 април 2014.
  16. Дарио Срна - Century of International Appearances, rsssf.com; пристапено: 11 април 2014.
  17. Дарио Срна, hns-cff.hr; пристапено: 11. April 2014.
  18. Давор Шукер - Goals in International Matches, rsssf.com; пристапено: 11 април 2014.
  19. Давор Шукер, hns-cff.hr; пристапено: 11 април 2014.