Ведран Ќорлука
Ведран Ќорлука ((хрватски: Vedran Ćorluka); р. 5 февруари 1986, во Дервента) — хрватски поранешен фудбалер, играч од одбраната.[1] Најчесто настапувал како централен-дефанзивец, иако тој има играно и на други места низ дефанзивна линија, особено како денес бек. Моментално е асистент на селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ.
Ведран Ќорлука | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Ведран Ќорлука | ||
Роден на | 5 февруари 1986 | ||
Роден во | Дервента, СФР Југославија | ||
Држава | Хрватска | ||
Висина | м | 1,92||
Играчки податоци | |||
Позиција | Одбрана | ||
Сегашен клуб | Хрватска (асистент) | ||
Повлекување | 1 јули 2021 (35 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Динамо Загреб | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2003–2007 | Динамо Загреб | 61 | (7) |
2004–2005 | → Интер Запрешич | 27 | (4) |
2007–2008 | Манчестер Сити | 38 | (1) |
2008–2012 | Тотенхем | 81 | (1) |
2012 | → Бајер Леверкузен | 7 | (0) |
2012–2021 | Локомотив Москва | 200 | (7) |
Репрезентација ‡ | |||
2002 | Хрватска 16 | 7 | (2) |
2002–2003 | Хрватска 17 | 11 | (2) |
2003 | Хрватска 18 | 3 | (0) |
2004–2005 | Хрватска 19 | 12 | (4) |
2005–2006 | Хрватска 21 | 9 | (0) |
2006–2018 | Хрватска | 103 | (4) |
* Ажурирано на: 22 април 2017 ** Ажурирано на: 12 ноември 2016 |
Ќорлука ја поминал младинската академија на Динамо Загреб, пред да го направи своето професионално деби за сениорскиот тим во 2003 година. Во 2007 година, за 8 милиони фунти се преселил во Манчестер Сити со кој настапувал во Премиер лигата, а една сезона подоцна направил трансфер во екипата на Тотенхем Хотспар, каде веќе настапувал неговиот сонародник Лука Модриќ. Тој поминал четири сезони на Вајт Харт Лејн, пред да се приклучи на Локомотив од Москва. Во овој клуб останал до 2021 година, кога ја завршил својата кариера.
На репрезентативно ниво, Ќорлука ја претставувал Хрватска во разни младински нивоа, пред да го направи своето сениорско деби во август 2006 година, во пријателски натпревар против тогашниот Светски првак, Италија. Од тогаш, тој ја претставувал Хрватска на Европските првенства во 2008, 2012 и 2016 година, како и на Светските првенства во 2014 и 2018 година, освојувајќи сребрен медал на последното, а по него и ја завршил репрезентативната кариера со 103 настапи и 4 гола.
Титули
уредиКлупски
уредиДинамо Загреб
уреди- Прва ХНЛ : 2
- 2005–2006, 2006–2007
- Куп на Хрватска : 1
- 2006–2007
- 2006
Локомотив Москва
уреди- 2017–2018
- Куп на Русија : 4
- 2014–2015, 2016–2017, 2018–2019, 2020–2021
- 2019
Репрезенација
уреди- Вицешампион: Русија 2018
Наводи
уреди- ↑ „Tournaments, latest news, latest video, futsal, beach soccer“. 2015-09-06. Архивирано од изворникот на 2015-09-06. Посетено на 2021-02-05. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help)