Лука Модриќ

хрватски фудбалер

Лука Модриќ (хрватски: Luka Modrić, 9 септември 1985 во Задар) — хрватски фудбалер, играч од средниот ред на Реал Мадрид и на хрватската репрезентација.

Хрватска Лука Модриќ
Лични податоци
Роден на 9 септември 1985(1985-09-09)(38 г.)
Роден во Задар, СФРЈ
Висина &100000000000001730000001,73 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Реал Мадрид Реал Мадрид
Број 19
Младинска кариера
Динамо Загреб Динамо Загреб
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998–2004 Динамо Загреб Динамо Загреб 112 (31)
2003-2004Зрињски 22 (8)
2004-2005Интер Запрешич Интер Запрешич 18 (4)
2008-2012 Тотенхем Тотенхем 127 (13)
2012- Реал Мадрид Реал Мадрид 303 (23)
Репрезентација
2006- Хрватска Хрватска 154 (23)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 19 октомври 2022
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 25 септември 2022

Кариера уреди

Клупска кариера уреди

Фудбалската кариера ја започнал во младите категории на фудбалскиот клуб Задар, а во 2000 година се преселил во Динамо каде, преку позајмиците во Зрињски од Мостар и Интер од Запрешиќ, се изборил за место во првите единаесет на загрепските сини. Со Динамо освоил три титули по ред државен првак во 2006, 2007 и 2008 и две титули победник на Купот на Хрватска во 2007 и 2008 година. На тоа придодал и еден освоен Суперкуп во 2006 година. Исто така тој бил добитник на наградата Спортски новости за најдобар играч на Првата Хрватска фудбалска лига, која му била доделена во 2008 година. Добитник бил и на наградата за најголема надеж на хрватскиот фудбал која му била доделена на 21 декември 2004 од страна на весникот Вечерњи лист.

На 15 мај 2008, Модриќ потпишал за англискиот премиерлигаш Тотенхем за сума од 16,5 милиони фунти, со што го изедначил рекордниот износ на трансфер-сума која оваа екипа ја има платено за еден играч, претходно тоа бил напаѓачот Дарен Бент. Иако веднаш по доаѓањето во клубот од Лондон не ги покажал своите квалитети и не играл толку добро, по смената на менаџерската позиција и доаѓањето на Хари Реднап, Модриќ станал клучен играч за својата екипа и постојан стартер во почетната постава на „Петлите“. Првиот значаен успех со лондонскиот клуб го направил веќе во својата прва сезона кога Тотенхем стигнал до финалето на Лига купот, но таму загубиле на пенали од Челси.

На 27 август 2012, се преселил во Реал Мадрид за 30 милиони фунти, потпишувајќи петгодишен договор со „Кралскиот клуб“. Своето деби го направил во реваншот од Суперкупот на Шпанија против Барселона, влегувајќи во 83-тата минута на местото на Месут Езил. Реал Мадрид го освоил Суперкупот, а Модриќ го освоил својот прв трофеј со новиот клуб, само 36 часа по потпишувањето на договорот.

Репрезентативна кариера уреди

За хрватската фудбалска репрезентација настапил на Светското првенство 2006-тата во Германија и на Европското 2008 година во Австрија и Швајцарија. Со одличнитe игри во националниот дрес го заслужува епитетот за најважен игра на селекторот Славен Билиќ.

Титули уреди

  Динамо Загреб уреди

  Реал Мадрид уреди

Надворешни врски уреди