Мирослав Шутеј
хрватски сликар и графичар
Мирослав Шутеј (на хрватски: Miroslav Šutej; Дуга Реса, 29 април 1936 - Крапинске Топлице, 13 мај 2005[1]) — хрватски авангарден сликар и графичар, се смета за првенец на оптичката уметност во Хрватска.[2] Студирал сликарство на Академијата на ликовни уметности (АЛУ) во Загреб каде имал соработка со професорот Крсто Хегедушиќ. Во 1970 година Шутеј станал професор на АЛУ. Шутеј станал редовен член на Хрватската академија на науките и уметностите во 1997 година, а претходно бил член-соработник на Одделот за ликовна уметност.[3] Шутеј го дизајнирал современото хрватско знаме, хрватскиот грб, како и банкнотите за хрватската куна и првиот дрес на фудбалската репрезентација на Хрватска со препознатливата коцкеста шема.
Наводи
уреди- ↑ „Umro slikar Miroslav Šutej“. index.hr. 13 мај 2005. Посетено на 5 август 2020.
- ↑ Kalčić, Silva (19 мај 2005). „In memoriam, Miroslav Šutej (1936. – 2005.), Sudionik vremena“. Zarez. Архивирано од изворникот на 2010-09-19. Посетено на 5 август 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Preminuli članovi“. Hrvatska akademija znanosti i umjetnosti.
Оваа статија личност од Хрватска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |