Тин Једвај (Загреб, 28 ноември 1995) — хрватски фудбалер кој во моментов настапува за Бајер Леверкузен и Фудбалска репрезентација на Хрватска.

Тин Једвај
Лични податоци
Полно име Тин Једвај
Роден на 28 ноември 1995(1995-11-28)(28 г.)
Роден во Загреб, Хрватска
Држава Хрватска Хрватска
Висина 1,84 м

Клупска Кариера уреди

Динамо Загреб уреди

Професионалната кариера ја започна во 2013. година доаѓајќи во младата категорија ГНК Динамо. Првиот натпревар за овој клуб ја играл против НК Осиек. Првиот гол го постигнал против ХНК Цибалија.

За време на професионалната кариера со ГНК Динамо, освои трофеј на Првата хрватска лига, а следната сезона и Суперкупот на Хрватска, со победата против ХНК Хајдук Сплит. Во ГНК Динамо забележал 13 настапи и постигнал еден гол.

Рома уреди

На крајот на првата професионална сезона, Једвај преминал во ФК Рома. Договорот го потпишал на 10 јули 2013. година.Првата утакмица за клубот ја имал на 1. декември 2013. година, кога влегол во 83 минута, а неговиот тим славел со резултат 4-0, на натпреварот против ФК Џенова. За Рома имал само два натпревари.

Бајер Леверкузен уреди

Од 2014 година потпишал за ФК Бајер Леверкузен. Првата утакмица за тимот ја имал во вид на Германскиот Куп во сезона 2014/15. После неколку дена ја одиграл и првиот натпревар за германскиот тим во вид на Лига на шампиони во фудбал, во натпреварот против ФК Копенхаген. Во сезоната 2015/16 играл само еден натпревар.

Репрезентативна кариера уреди

Једвај играл за помладите категории на фудбалската репрезентација на Хрватска. Првиот натпревар во сениорската селекција на Хрватска ја имал со 18 години, кога играл пријателски натпревар против Фудбалска репрезентација на Кипар, на 4. септември 2014. година, на стадионот Стадоп Алдо Дросина во Пула.

За сениорската селекција на Хрватска играл на Европското првенство 2016 година и на светското првенство 2018, одржано во Русија.