Историја на современа Монголија

Историја на Монголија
Mongol dominions1.jpg
Пред Џингис Кан
Монголско Царство
Ханати
- Чагатајски ханат
- Златна Орда
- Илханат
- Династија Јуен
Тимуридско царство
Могулско царство
Кримски ханат
Сибирски ханат
Ѕунгари
Династија Ќинг
Република Кина
Монголска Народна Република (Надворешна Монголија)
Современа Монголија
Менгѓанг (Внатрешна Монголија)
Народна Република Кина (Внатрешна Монголија)
Бурјатска Монголија
Калмичка Монголија
Хазарски Монголци
Ајмачки Монголци
Хронологија
уреди



Со распадот на комунистичкиот режим во Монголија, првите повеќепартиски избори се одржале на 29 јули 1990 година, Монголската Народна Револуционерна Партија победила на изборите со освојување на 85% од пратеничките места. Државниот Голем Хурал за првпат се состанал на 3 септември и избрал претседател. Исто така се избрале и 50 членови во Бага Хурал или долен дом. Заменикот претседател на партијата бил претседател на Бага Хурал. Во Државниот Голем Хурал започнал со дискусија за усвојување на нов устав и новиот устав стапил насила на 12 февруари. Покрај ова, се усвоиле и бројни закони за гарантирање на човекови права.

Во 1992 година МНРП повторно победил на парламентарните избори, Новиот устав исто така овозможил гласање на претседател преку избори. Така, првиот демократски избран претседател бил Пунсалмагин Очирбат.

Раните и средни деведесетти години биле пропратени и со силни економски шокови. Надворешната трговија пропаднала, техничката и економската помош од Русија престанала а додека домашната економија се борела со приватизација. Исто така, инфлацијата се зголемила.

Во 1996 година, МНРП ги изгубила изборите и опозициската партија ја добила власта во Монголија. Во 1997 година за претседател бил избран Нацагин Багабанди а подоцна во 2001 бил повторно избран.

Денес, Монголија е држава што воглавно се заснова на трговија со соседните земји и има воспоставено поголем број дипломатски односи со земји од светот. Македонија и Монголија имаат дипломатски односи и тие односи се одвиваат преку македонската амбасада во Пекинг.