Кублај Хан

(Пренасочено од Кублај Кан)

Кублај Хан, попознат како Големиот Хан (1215-1294) бил последниот владетел на Монголското Царство (1260-1294) и основач, а воедно и прв цар на кинеската династија Јуен (1279-1294)

Кублај Хан

Ран живот

уреди

Кублај бил внук на Џингис Хан. Неговиот брат Монгке во 1251. станал кан, а тој управувал со јужната теритрија на монголското царство. Во 1258. Монгке му даде команда над источната армија со задача да му помогне во нападот над Кина. Монгке умира во 1259. И покрај смрта, Кублај продолжува со војната. Скоро тој добива вест дека неговиот помлад брат се прогласил за кан. Кублај склучува мир со Кина и се враќа во Монголија. Поради тоа што двајцата се прогласиле за канови, во 1260. година доаѓа до војна и по три години, Кублај победува.

Монголско Царство

уреди

За време на неговото владеење, царството било поделено во четири канати, кои имале посебен кан под врховна власт на големиот кан. Во негово време монголското царство ги добило своит најголеми граници, со овојање на Кина кое заврши во 1279. година со финална победа над династијата Сонг.

Кинески цар

уреди

Во 1271 година Кублај кан званично ја основа династијата Јуен и за главен град го прогласи Пекинг. За да ја обедини Кина, покрена голема офанзива проти остатокот од држава на династијата Сонг, која финално беше освоена во 1279. година. За време на неговото владеење дојде до економски раст и проправање на големиот канал и ширење на патната мрежа. Марко Поло го посетил неговиот двор во 1270 година. Ги освоил Јинан и Кореја, а водел и неуспешни походи кон Јапонија, Бурма, Виетнам и Индонезија.