Голем државен хурал

(Пренасочено од Голем Државен Хурал)

Големиот Државен Хурал (монголски:Улсын Их Хурал) е парламентот на Монголија. Тој го претставува законодавното тело во Монголија и волјата на народот.

Монголија

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Монголија



Големиот Државен Хурал

Хуралот е место каде работаат сите 76 монголски пратеници. Пратениците се избираат преку парламентарни избори и тие се успешни ако има излезеност од над 50% од гласачкото тело. Сите монголсци над 18 години имаат право на глас ако живеат во Монголија. Пратениците можат да се изберат само ако имаат над 25 години.