Црвена армија

1917-1946
(Пренасочено од Црвената Армија)

Црвена армија (руски: Красная армия) е скратено име за Црвенaтa армијa на работници и селани (рус. Рабоче-крестьянская Красная армия), воооружена сила која ја формирале болшевиците во текот на Руската граѓанска војна во 1918 година. Оваа организација станала војска на Советскиот Сојуз по неговото формирање во 1922 година. Црвената боја во името се однесува на бојата на крвта која ја излеала работничката класа во својата борба против капитализмот. Иако Црвената армија во 1946 го променила името во Советска армија, луѓето од западот и понатаму го користеле терминот „Црвена армија“ и подоцна, на пример, во текот на Студената војна.

Советски Сојуз

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Советскиот Сојуз



Атлас

Галерија уреди

 
Воена книшка на снајперист-истребувач од периодот за време на Втората светска војна. На внатрешната страна од корицата (лево на сликата) пишува: "Германските окупатори сакаат да водат војна за истребување со народот на СССР. Ако германците сакаат војна за истребување, ќе ја добијат" (СТАЛИН).