Религија во Монголија
Религијата во Монголија е во најголем процент претставена од тибетскиот будизам. Најголем број од населението во Монголија се будисти, но покрај нив во Монголија опстојуваат и други религиски групи. Покрај будизмот, во Монголија има и мал број на христијани и муслимани.
Будизмот во Монголија
уредиБудизмот во Монголија е тибетскиот будизам на Гелугпа училиштето. Традиционално, Монголците, пред воведувањето на будизмот, биле шамани и го славеле небото (чистото сино небо) и нивните предци. Тие користат антички северноазиски религиски обреди на шаманизам, според кој се вели дека човекот е во сооднос со природата и духовите се виновни за човековата среќа или несреќа. Во 14 век и 15 век, Јуанската династија го вовела тибетскиот будизам, но и покрај тоа, Монголците и понатака ги практикувале шаманските обичаи, дури и по распадот на династијата.
Во 1578 Алтан Хан, монголски воен водач со амбиција да ги обедини Монголците, ја вовел будистичката секта Жолта Секта, а како главен би бил самиот тој. Тие формирале алијанса што му дале на Алтан Хан легитимност и религиозни санкции за неговите империјалистички претензии и поради тоа што му обезбедил на будистичкото училиште безбедност и патронажа. Алтан Хан му дал на Тибетскиот водач титула Далај-лама, што неговите наследници сѐ уште ја чуваат таа титула. Набрзо Алтан Хан умрел, но Жолтата Секта продолжила да се проширува во Монголија. Голем број на манастири се изградиле во Монголија, најчесто сместени на прометни места каде каравани поминувале а со тоа се обезбедила голема посетеност на манастирите. Будистите почнале да ги потиснуваат шаманите, преземајќи ги нивните лековити ритуали и ги потиснале на работ на монголската култура и религија.
Христијанството во Монголија
уредиХристијаните во Монголија се сметаат за најрастечка религиозна група во Монголија. Бројот на христијани во земјата варира поради не соодветно спроведени пописи и статистики. Во 2005 година, според владата на САД, во Улан Батор постојат околу 24 000 христијани, што е 2.5 % од вкупното население во градот.
Со крајот на комунистичкиот режим во Монголија во 1990 година, бројот на христијани во земјата постојано се зголемува. Странски христијански мисионерски групи повторно се вратиле во Монголија, вклучувајќи ги католицизамот, лутеранството, православието (Руска православна црква), Јеховините сведоци и протестантството.
Исламот во Монголија
уредиИсламот во Монголија е најчесто следен од Казаците во Бајан-Олги Провинцијата, што воедно сочинуваат 88.7 % од населението, и во Ховд Провинцијата, каде се 11.5 % од населението. Покрај овие две провинции Казаците се населени и во неколку други градови, како што се муслиманите во Улан Батор.