Богд Хан
Богд Хан (монголски Богд хаан; 1869-1924) бил император на Монголија. Тој бил назначен како хан на 29 декември 1911, кога земјата прогласила независност од Кинг. Како осми Џебцундамба Хутугту, тој бил духовен водач на Монголците и на будизмот во Монголија.
Тој бил во куќен притвор (затвор) кога кинеските трупи ја окупирале земјата во 1919, но тој бил ослободен и повторно назначер од Роман вон Штернберг и неговите сили, кратко време после ослободувањето на Урга во 1921. После револуцијата подигната од Дамдин Сухбатор, Богд Хан бил оставен како водач на Монголија во рамките на ограничена монархија сѐ до неговата смрт во 1924. После неговата смрт, комунистичката влада прогласила дека нема повеќе наследници на ханот и ја основала Монголската Народна Република. Но, сепак реинкарнација на Џебцундамба Хутугту била пронајдена но не се забележани податоци за деветтиот Џебцундамба Хутугту. Тогаш власта во Монголија ја префрлила работата во Ласа, Тибет кога тибетските духовни водачи прогласиле дека деветтиот Џебцундамба Хутугту се реинкарнирал во Тибет во 1932. Деветтиот Џебцундамба Хутугту бил назначен во 1999 во Улан батор од четиринаесеттиот далај-лама. Покрај тоа што деветтиот Џебцундамба Хутугту бил лама, тој имал и кралица по име Дондогдулам.
Зимската палата на Богд Хан била зачувана и е туристичка атракција во Улан Батор.
Надворешни врски
уреди- Статија Архивирано на 3 јуни 2009 г. за Богд Хан.
- Забелешки за Богд Хан.