Ердене Зу манастир
Ердене Зу (монголски: Эрдэнэ Зуу) е најзначајниот и најстар будистички манастир во Монголија. Манастирот се наоѓа во Провинцијата Оворхангај, во близина на градот Харахорин и стариот разрушен град Каракорум.
Манастирот бил изграден во 1585 година од Абтај Саин Хан[1] , по второто воведување на будизмот во Монголија. За изградба на манастирот се користеле камени блокови од стариот разрушен град Каракорум[2]. Манастирот е заграден со 102 ступи[3]. Манастирите се добро украсени и има елементи на кинеската архитектура, особено покривот. Манастирот бил оштетен во 1680 и повторно изграден во 18 век за да во 1872 година има 62 храмови во комплексот.
Галерија
уреди-
Поглед кон надворешниот ѕид
-
Лавирскиот храм
-
Буда во манастирот
Наводи
уреди- ↑ „Erdene Zuu Monastery“. Culture Mongolia. Архивирано од изворникот на 2007-04-06. Посетено на 2007-03-12.
- ↑ „Karakorum“. Culture Mongolia. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2007-03-12.
- ↑ Image:ErdeneZuuMonasteryMongolia.JPG reveals 100 stupas, plus two hidden behind the far corner
Надворешни врски
уреди„Ердене Зу манастир“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Текстови Архивирано на 26 јули 2010 г. со слики
- Encyclopedia Britannica за манастирот
- Колекција со слики Архивирано на 10 февруари 2007 г. на Culture Mongolia
- A few Слики