Хронологија на монголската историја
Маџурска ера
уреди- 1620-те и -30те: Лигден Кан, последниот монголски голем кан, успеал да создаде нова империја со центррализирање на контролата над неколку монголски племиња.
- 1632: Лигден се упатил кон Тибет за да ја уништо Жолтата Секта.
- 1634: Лигден умира кај езерото Кингај.
- 1636: Повеќе јужни монголски племиња се приклучиле кон Манџурците и се формирала династијата Ќинг.
- 1640: Занабазар, синот на Тушет Кан е признат како првиот Џебцундамба Хутугту.
- 1688: судир помеѓу Ѕунгарите од една страна и Тушет Хан и Сецен Хан од друга страна.
- 1691: Халха и Манџурците се обединиле.
- 1696: Халха и Манџурците ги презеле владенијата ха Халха.
- 1756/57: Нереди во Ѕунгарите.
- почнувајќи околу 1907: Спроведување на нова политика од страна на династијата Ќинг.
Модерна ера
уреди- 1 декември 1911: Монголија прогласи независност од династијата Ќинг по водство на Богд Хан.
- 29 декември 1911: Богд Ханатот е прогласен и Богд е назначен за Хан.
- 1919: Монголија е окупирана од Кина.
- февруари 1921: Роман Унгерн ги истерува кинеските трупи од Улан Батор и станува монголски диктатор.
- 13 март 1921: Унгерн прогласува независност на Монголија.
- 18 март 1921: партизанските трупи предводени од Дамдин Сухбатор го поразил кинескиот гарнизон во монголскиот дел на Кјахта.
- Пролет-Лето 1921: Дамдин Сухбатор со поддршка на Црвената армија ги поразил воените сили на Унгерн.
- 26 ноември 1924: По смртта на Богд Хан, се создала Монголската Народна Република во Надворешна Монголија.
- 1928-1932: Пропаднал обидот за колективизација.
- 1936: Принц Демчугдонгруб ја формирал монголската воена влада во Внатрешна Монголија за ослободување од Кина.
- 1937: Монголската Воена Влада се преименува во Монголска Обединета Автономна Влада.
- 1937-1939: Сталинистичкиот терор довел до 30.000 умрени луѓе во Монголската Народна Република.
- Мај -16 септември 1939:Судири помеѓу јапонски и советски трупи во Халхин Гол и на границата на Монголија со Манџурија, завршила со пораз на јапонските сили и со договор помеѓу Јапонија и Советскиот Сојуз.
- 1941: Монголската Обединета Автономна Влада се преименувала во Монголска Автономна Федерација позната како Менџијанг.
- Август 1945: Монголската Народна Република објавува војна со Јапонија , еден ден после СССР.
- 6 октомври 1949: Ново основаната Народна Република Кина ја призна Монголија и воспоставува дипломатски односи.
- доцни 1950-ти: Успешна колективизација.
- 1961: Транс-Монголска Железница се завршила со градење.
- Октомври 1961: Монголија стана членка на ООН.
- 1962: Монголија стана член на COMECON.
- Август1984: Отказ на Цеденбал.
- 27 јануари 1987: Се основале дипломатски односи со САД.
- Декември 1989: Први демонстрации за реформи.
- јануари 1990: Големи демократски протести се одржуваат.
- 2 март 1990: Монголските и Советските власти објавуваат дека сите советски трупи ќе бидат повлечени од монголската територија.
- Мај 1990: Уставот загарантира повеќепартиски систем и демократски избори.
- 29 јули 1990: Првите демократски избори се одржале.
- 3 септември 1990: Првиот демократски состав на Големиот Државен Хурал.
- 13 јануари 1992: Се имплементирал новиот устав.
- 8 април 1992: Се усвоил нов изборен закон.
- 28 јуни 1992: Избори за првиот парламентарен состав. Завршува со победа на МНРП.
- 6 јуни 1993: Првите директни претседателски избори. Победил Пунсалмагин Очирбат.
- 30 јуни 1996: Избор на првата некомунистичка влада.
- 1998: убиство на Санџасуренгин Зориг, министер за инфраструктура и еден од водачите во протестите во 1990.
- 2 јули 2000: Избор на поранешната комунистичка Монголска Народна Револуционерна Партија формирајќи нова влада на чело со Намбарин Енхбајар.
- 2003: Монголските сили зеле учество во мировни операции во Авганистан, Ирак и Судан.