Степа

екорегион со тревнати површини

Степа (од руски: степь) — екорегион во облик на пространа рамнина без дрва, обрасната со треви и растенија што поднесуваат суша.[1] Преријата (особено нискотревната и мешаната) е исто така пример за степа. Ваквите предели можат да бидат полупустински, или прекриени со треви, грмушки или обете, зависно од годишното време и географската ширина. Климата во степите е пресува за да има шуми, но сепак недоволно сува за да бидат пустини. Степската почва е црница.

Степа во Монголија
Степа во Казахстан

Во Македонија денес преостануваат три степски подрачја, подобро опишани како „псевдостепи“. Тие се Ќучук Кол, Сландол и Богословец.[2]

Подрачјата со степи се одликуваат со полупустинска и континентална клима. Лете се јавуваат врели температури како 40 °C, а зиме се спуштаат до –40 °C. Постои и голема разлика помеѓу денот и ноќта — во монголските висорамнини денската температура може да изнесува 30 °C, а ноќната да падне под нулата.

Степите на средни географски ширини се одликуваат со врели лета и студени зими, и просечни годишни врнежи од 250–500 мм. Дали едно подрачје има степска клима не зависи само од количеството на врнежи, туку и од потенцијалната евапотранспирација.

Два вида на степи

уреди
 
Степа во јужен Сибир зиме

Two types of steppe can be recorded:[3]

  • умерена степа (вистинска степа) — се среќава во континентални краишта низ светот; може да има повеќе подвидови, како кај Карпестите Планини[3]
  • суптропска степа — предели со сличи растителни заедници во најсувите делови на пределите со средоземна клима; обично имаат кус врнежлив период.

Необични видови степи се грмушестата и планинската.

Места

уреди
 
Студена патагонска степа во Аргентина

Студена степа

уреди

Најголемото степско подрачје на светот, наречено „Големата Европазиска Степа“ е сместено во Источна Европа и Средна Азија, протегајќи се од Украина на запад, преку Русија, Казахстан, Туркменистан и Узбекистан до венците Алтај, Копет Даг и Тјеншан.

Степата преовладува во внатрешните делови на Анадолија во Турција (особено Средна и Источна, но и делови од Југоисточна Анадолија) како и големи делови од Ерменија и Иран.

Друг пример за степски предели во источна Европа се оние во унгарскиот дел Панонската Низина

 
Прерија во Алберта, Канада

Голема степска површина (прерија) се среќава во среднишниот дел на САД и западна Канада. Нискотревната прерија во најзападниот дел на Големата Низина. Друг пример за северноамерикански степи се пустелиите во јужна Британска Колумбија и Вашингтон.

Во Јужна Америка, студената степа се среќава во Патагонија и високите предели во јужниот дел на Андите.

Во Океанија среќаваме само една, релативно мала степа на Јужниот Остров на Нов Зеланд.

 
Пелинова степа во североисточна Невада долж сообраќајницата US 93
 
Кумир со духовно значење за степските народи

Суптропска степа

уреди

Во Европа, некои средоземни подрачја имаат прилично степска вегетација. Вакви се Сицилија, јужна Португалија, округот Јужна Атина во Грција,[4] средишниот дел на источна Шпанија, особено југоисточното крајбрежје (околу Мурсија), и други места во Шпанија без доволно врнежи поради дождовната сенка како што е Сарагоса.

Во Азија, суптропската степа се среќва во полупустинските предели како краевите на пустината Тар на индискиот потконтинент.

Во Австралија, суптропската степа образува појас околу најсувите пустини и околу венецот Масгрејв.

Во Северна Америка, ваквите живеалишта претставуваат преод од средоземните кон пустинските предели. Такви се подрачјата на Рено во Невада, внатрешниот дел на Калифорнија и голем дел од Западен Тексас и соседните подрачја во Мексико.

Степата како тема во уемтноста и во популарната култура

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „степа“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. Melovski; и др. (2013). „Regional division of the Republic of Macedonia for the needs of biological databases“. Macedonian Journal of Ecology and Environment. Скопје: Македонско еколошко друштво. 2 (15): 100. ISSN 1857-8330.
  3. 3,0 3,1 Еколошки подрегиони на САД
  4. „HNMS“. Hnms.gr. Архивирано од изворникот на 2007-03-12. Посетено на 2013-09-08.
  5. „Бостанџија“, во: Михаил Шолохов, Донски раскази. Култура, Скопје, 1965, стр. 84-95.

Надворешни врски

уреди