Зелен ’Рт
Зелен ’Рт[2] (португалски: Cabo Verde) или официјално Република Зелен ’Рт е независна островска држава во Атлантскиот Океан на околу 570 километри оддалеченост од Западна Африка. Островите, кои заземаат вкупна површина од нешто повеќе од 4.000 километри квадратни, се со вулканско потекло. Три острови, Сал, Боа Виста и Мајо, се рамни и песокливи острови, додека останатите се карпести и имаат повеќе вегетација. Поради слабата врнежливост, островите не се покриени со зелена вегетација, иако името тоа го налагаат.
Република Зелен ’Рт República de Cabo Verde
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Cântico da Liberdade (португалски) Песна за слободата |
||||||
Главен град (и најголем) | Праја 14°55′N 23°31′W / 14.917° СГШ; 23.517° ЗГД | |||||
Службен јазик | португалски | |||||
Признаени регионални јазици | креолски | |||||
Уредување | Република | |||||
• | Претседател | Жорже Карлос Фонсека | ||||
• | Премиер | Хозе Мариа Невес | ||||
Независност | од Португалија | |||||
• | Призната | 5 јули 1975 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 4,033 км2 (172ра) | ||||
• | Вода (%) | занемарливо | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2015 г. | 525,000 (167ма) | ||||
• | Густина | 123.7 жит/км2 (89та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2005 г. | |||||
• | Вкупен | $3,055 милијарди (158ма) | ||||
• | По жител | $6.418 (92- ра) | ||||
ИЧР (2013) | ▼ 0.636[1] среден · 123та |
|||||
Валута | Зелено’ртски ескудо (CVE ) |
|||||
Часовен појас | CVT (UTC-1) | |||||
• | (ЛСВ) | не е набљудувано (UTC-1) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .cv | |||||
Повик. бр. | 238 |
Зеленио'ртските Острови биле ненаселени, но во 15 век на островите се доселиле и го колонизирале Португалците. Со тоа, островите станале важна трговска рута во Атлантскиот Океан. Развојот на островите привлекле пирати, меѓу кои и Франсис Дрејк. Исто така, островите биле посетени и од Чарлс Дарвин во 1832 година. Зелениот 'Рт била важна точка за ропството, но со падот на истото островите се соочиле со економска криза. Со мали природни резерви и со слаба португалса ивестиција, локалното население стабало незадоволно од колонијалните власти, кои пак не сакале да дадат поголема автономија на островите. Ова незадоволство кулминирало во 1975 година, кога се основало движењето за независност предводено од Амилкар Кабрал и со тоа островите станале независна држава.
Поради тешките економски прилики во државата за време на колонијалниот период, голем број Зелено'ртци мигрирале во Европа, Америка или во Африка. Овој феномен на миграција бил толку силен што денес има повеќе Зелено'ртци во странство одошто во самата држава. Денес, економијата на Зелениот 'Рт се базира на услугите, со зголемен фокус на туризмот и странските инвестиции.
Вкупното население на државата изнесува околу 500.000 жители, од кои најбројни се луѓето со африканско креолско потекло. Главен град на државата е Праја и во него живеат околу четвртина од населението. Околу 38% од населението живее во руралните области, а околу 20% живеат во сиромаштија[3] со просек на писменост од 85%. Политички, државата е стабилна демократија со значаен економски развој и подобрување на условите за живот и покрај недостатокот на природни резерви. Со тоа, од 2007 година, Зелениот 'Рт се смета за земја во развој.
ЕтимологијаУреди
Името на државата, Зелен 'Рт, всушност потекнува од истоимениот 'рт во Сенегал.[4] И покрај тоа што името налага зелена држава со бујна вегетација, островите се песокливи и карпести.
Според правописот на македонскиот јазик, а и според самото име, Зелен ’Рт е името на оваа африканска држава. Сепак во македонскиот јазик опстојуваат и следните називи за оваа земја: Зелено’ртска Република, Република Зелен ’Рт или Зелено’ртски Острови, сите изведено од основното име.
ИсторијаУреди
За раната историја на денешниот остров каде се наоѓа Зелено’ртската Република многу малку е познато. Се смета дека до португалското доаѓање, островите не биле населени. Островите биле откриени од страна на португалскиот трговец Антонио Фернандез во 1445 година. Своето име островите го добиле во 1461 година. Следната година, 1462 година било основано првото поголемо населено место, Рибеира Гранде, денеска Праја.[5] Како португалска колонија островите официјално станале во 1532 година, како дел од Португалската империја. Како и кај другите африкански земји, така и овде населението било искористувано главно за трговија со робови. Земјата независност станала на 5 јули 1975 година. Како главен фактор за независноста била Афричката партија за независност на Гвинеја-Бисао и Зелениот ’Рт (АПНГЗ). По добивањето на независност, партијата се обидела да ги обедини Зелениот ’Рт и Гвинеја-Бисао. Сепак плановите пропаднале во 1980 година. Денеска, во земјата на власт е Африканската партија за независност на Зелениот ’Рт.
Географија и климаУреди
Зелениот ’Рт е архипелаг кој се наоѓа во Атлантскиот Океан. Архипелагот се наоѓа на 570 км источно од брегот на Западна Африка, во близина на Сенегал и Мавританија. Зелениот ’Рт има вкупна површина од 4,033 километри квадратни каде живеат околу 509,000 жители според пописот од 2009.
Зелено'ртските Острови се архипелаг од 10 острови и 8 островчиња. Главни островски групи во државата се Берлавенто и Сотавенто. Од нив најголеми се:
Политички системУреди
Зелениот ’Рт е стабилна претставничка парламентарна република.[6] Уставот на државата е усвоен во 1980 година, а ревидиран во 1992, 1995 и 1999 година. Претседателот на Зелениот ’Рт е шеф на државата и се избира за мандат од 5 години. Премиерот е шеф на владата на Зелениот ’Рт и тој предлага министри и останати членови на кабинетот. Премиерот е предложен од Националното собрание и е назначен од претседателот. Пратениците се избрани за мандат од 5 години.[5]
Судскиот систем се состои од Врховниот суд, чии членови се назначени од претседателот, Националното собрание и Судскиот совет. Покрај врховниот, во држаавта функционираат и останатите судски органи.[5]
Зелениот ’Рт води политика на неврзана држава и тежнее да ги решава споровите меѓу државите по мирен пат.[5] Во Праја, меѓу другите, имаат амбасади Ангола, Бразил, Кина, Куба, Франција, Португалија, Германија, Шпанија, Сенегал, Русија и САД.[5] Зелениот ’Рт е активно инволвиран во меѓународната политика, особено во Африка.[5] Државата има билатерални односи со некои португалски говорни држави и има членство во повеќе меѓународни организации.[5] Од 2007 година, Зелениот ’Рт има „специјален партнерски“ статус[7] со ЕУ и може да поднесе барање за членство во ЕУ.[8] Воените сили на државата се составени од крајбрежни патроли и армија и околу 0,7% од БНП на државата е наменет за воените сили.
Административна поделбаУреди
Зелениот ’Рт е поделен на 22 општини и 32 парохии. Парохиите останале како административна единица уште од колонијалниот период, кога имале религиски употреби.
ЕкономијаУреди
Зелениот ’Рт има неколку природни ресурси, дождовни шуми и ограничени залихи на свежа вода. Само на четири од десетте главни острови има значително земјоделско производство[9], па така над 90% од храната во државата е увезна. Во државата има сол, пуцолан и варовник.[5] Во државата има мал број винарии кои прават видо од португалски тип и тие винарии воглавно се сконцентрирани на локалниот пазар. Економијата на државата е воглавно ориентирана кон услугите, каде трговијата, транспортот и јавните услуги сочинуваат над 70% од НБП. Иако 38% од населението живее во рурални средини, земјоделството и риболовот сочинуваат само 9% од БНП. Лесното производство зазема најголем дел од БНП на Зелниот ’Рт.
Во 2007 година, Зелениот ’Рт се приклучил кон Светската трговска организација. Во 2008 година државата била сменета од групата на најслабо развиена држава во држава со среден приход.[10][11] Зелениот ’Рт има значителна соработка со Португалија на секој економски поглед. Официјална валута во државата е Зелено’ртско ескудо.
ДемографијаУреди
Според последниот попис одржан во 2006 година, населението на Зелено’ртската Република изнесува 426 998 луѓе. Основен јазик во земјата е португалскиот.
Повеќе од 93% од населението на Зелено’ртската Република е Римокатоличко, според едно информативно гласање спроведено од страна на локалните цркви.[12] Најголема протестантска вероисповед е Назаретската црква. [12] Во земјата постојат и други помали верски заедници како Бахаи, која како муслиманска религија бележи раст во последните неколку децении. Бројот на атеистите се проценува на околу 1% од населението. Самиот устав на земјата ја почитува слободата на вероисповед кај сите верници[12] .
- Старосна структура
(2006)
- 0-14 години: 37,9 % (мажи — 80 594/ жени — 79 126)
- 15-64 години: 55,3 % (мажи — 113 450/ жени — 119 423)
- над 65 години: 6,7 % (мажи — 10 542/ жени — 17 844)
(2008)
- 0-14 години: 36,1 % (мажи — 77 533/ жени — 76 489)
- 15-64 години: 57,4 % (мажи — 120 208/ жени — 125 009)
- над 65 години: 6,5 % (мажи — 10 226/ жени — 17 533)
РелигијаУреди
- Христијани - 445,500
- Муслимани - 500
- Без Религија - 45,500
- Народна Религија - 7,500
- Други - 1,000
КултураУреди
Зелено’ртскиот социјален и културен живот е сличен со тој на рурална Португалија и Африка.[13] Главни настани за социјално дружење во држабата се фудбалот и црковните активности.[13] Прошетките на плоштадите се зачестена појава во државата.[13]
Зелено’ртската музика има португалски, карипски, африкански и бразилски елементи.[14] Нациоаналната музика во државата е морната, меланхолична и лирска музика која се пее на зелено’ртски креолски јазик. Меѓу најпознатите зелено’ртски музичари се Сезарија Евора и Илдо Лобо.
ПоврзаноУреди
- Праја
- Западна Африка
- Цезарија Евора - популарна пејачка од Зелено'ртските острови.
- Зелено’ртски креолски јазик
НаводиУреди
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. конс. 27 јули 2014.
- ↑ Правопис на македонскиот јазик, стр. 159, Просветно Дело, Скопје, 2007
- ↑ „UNDP.org“ (PDF). конс. 2010-06-26.
- ↑ Lobban, p. 4.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 Cape Verde background note. U.S. Department of State (July 2008).
- ↑ „Constitution of Cape Verde“ (PDF). 1992. конс. 2011-03-20.
- ↑ Percival, Debra, "Cape Verde-EU ‘Special Partnership’ takes shape", "The Courier", Commission of the European Communities publication, May 25, 2008
- ↑ „Cape Verde could seek EU membership this year“. Eubusiness.com. конс. 2010-06-26.
- ↑ See Carlos Ferreira Couto, Incerteza, adaptabilidade e inovação na sociedade rural da Ilha de Santiago de Cabo Verde, Lisbon: Fundação Galouste Gulbenkian, 2010
- ↑ „MFW4A“. MFW4A. конс. 2011-01-31.
- ↑ "Data on Cape Verde", The World Bank
- ↑ 12,0 12,1 12,2 International Religious Freedom Report 2007: Cape Verde. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 The Peace Corps Welcomes You to Cape Verde. Peace Corps (April 2006). This article incorporates text from this source, which is in the public domain
- ↑ Manuel, p. 95-97.
Надворешни врскиУреди
- Зелен ’Рт
- Профил за Зелениот ’Рт на BBC
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Зелен ’Рт“ (англиски)
- Зелен ’Рт на Encyclopædia Britannica
- Зелен ’Рт на UCB
- Демографија на Зелениот ’Рт
- Зелен ’Рт — Проект „Отворен директориум“ (англиски)
- Односи на Зелениот ’Рт со ЕУ
- Европска стратегија за Зелениот ’Рт
- Национален институт за статистика
- Шеф на држава и кабинет
- Влада на Зелениот ’Рт
- Собрание на Зелениот ’Рт
- Претседател на Зелениот ’Рт