Јужен Судан
Јужен Судан или официјално Република Јужен Судан[4] е независна и суверена држава во Источна Африка. Јужен Судан е држава без излез на море, која се граничи со Етиопија на исток, со Кенија, Уганда и ДР Конго на југ, со ЦАР на запад и со Судан на север. Главен град на државата е Џуба, а единствен службен јазик е англискиот јазик.
Јужен Судан ги зазема мочурливите предели околу реката Бел Нил. Првично, Јужен Судан бил дел од Британската Империја, кој подоцна заедно со Судан формирале своја независна држава. Јужен Судан се стекнал со автономен статус преку мировниот договор помеѓу Суданската народноослободителна армија и Владата на Судан и со тоа се ставил крај на Втората суданска граѓанска војна. Овој конфликт бил најдолг конфликт во историјата на Африка, кој траел над 17 години.[5][6] Од 9 до 15 јануари 2011 во Јужен Судан се одржал референдум за независност и отцепување на овој регион од Судан. Според првичните резултати објавени и направени од Комисијата за референдум на Јужен Судан на 30 јануари 2011 и според истите, 98% од гласачите гласале за отцепување, а 1 % за унија.[7] Јужен Судан официјално станал независна држава на 9 јули 2011 година.
Име
уредиОфизијалното име на државата е Република Јужен Судан, а доаѓа од некогашното име на автономниот регион Јужен Судан, поим по кој оваа територија станала позната. Пред прогласувањето на независност имало неколку предлози за промена на името, како што се: Азанија, Република Нил, Република Куш и Џувама.
Географија
уредиЈужен Судан како дел од некогашната држава Судан се наоѓал во Северна Африка, но со неговото отцепување природно станал дел од Источна Африка. Главна причина за тоа се физичко-географските одлики. На прво место субекваторијалната клима, во која се менуваат врнежливи и сушни периоди, потоа големите предели под вода, мочуришта и бујни тропски шуми на крајниот југ. За оваа држава може да се каже дека се наоѓа на реката Бел Нил, која е најдолга и најважна река во овие предели.
Демографија
уреди- Јазици
Јужен Судан е составен од повеќе од 200 етнички групи и претставува еден од лингвистички најхетерогените региони во Африка. Како и да е, голем број од јазиците се мали и имаат мал број на говорници. Службен јазик во регионот е англискиот јазик. Покрај него, најзборуван јазик е арапскиот јазик, особено џупски арапски дијалект. Сепак, процентуално гледано, најголем број жители зборуваат динкаски како мајчин јазик, кој е сличен со вториот најголем нуерски јазик. Потоа следуваат следините поголеми јазици: шилучки јазик, бариски јазик, отухоски јазик, зандески јазик, убанѓански јазик и џуро-модоски јазик.
- Религија
Главни и најголеми религии во Јужен Судан се христијанството и анимизмот, со мал број следбеници на исламот. Поголем број од христијаните се римокатолици и англиканци. За време на граѓанската војна и после неа, бројот на христијаните во Јужен Судан се зголемил, за разлика од муслиманското население. Според Федералниот истражувачки оддел на Конгресната библиотека на САД, во раните 1990-ти во Судан имало околу 10% христијани.[8]
- христијани - 6,019,750
- муслимани - 616,900
- без религија - 49,750
- народна вера - 3,273,550
Административна поделба
уредиЈужен Судан е поделен на десет сојузни држави, кои се всушност три историски региони: Бахр ел-Газал, Екваторија и Голем Горен Нил.
Секоја држава е поделена на окрузи, па така Јужен Судан има 86 окрузи.
Наводи
уреди- ↑ „UNFPA Southern Sudan“. UNFPA. Архивирано од изворникот на 2011-01-03. Посетено на 2011-01-09.
- ↑ „Sudan census committee say population is at 39 million“. SudanTribune. 27 April 2009. Архивирано од изворникот на 2012-11-23. Посетено на 2011-01-09.
- ↑ „Discontent over Sudan census“. News24.com. 21 May 2009.[мртва врска]
- ↑ „South Sudan becomes world's newest nation - Forbes.com“. Архивирано од изворникот 2011-07-12. Посетено на 2011-07-12.
- ↑ Fisher, Jonah (October 23, 2005). „South Sudan gets new government“. BBC News, United Kingdom. Посетено на 2008-12-07.
- ↑ News, Reuters (May 27, 2008). „Southern Sudan fragile peace“. Thomson Reuters Foundation. Архивирано од изворникот на 2009-10-24. Посетено на 2008-12-07.
- ↑ http://southernsudan2011.com/
- ↑ Sudan: A Country Study Federal Research Division, Library of Congress - Chapter 2, Ethnicity, Regionalism and Ethnicity
Дополнителни информации
уреди- Biel, Melha Rout (2007). South Sudan after the Comprehensive Peace Agreement. Jena: Netzbandt Verlag. ISBN 9783937884011.
- Tvedt, Terje (2004). South Sudan. An Annotated Bibliography. (2 vols), 2nd. ed., IB Tauris: London/New York
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Јужен Судан“ на Ризницата ? |
- Влада на Јужен Судан Архивирано на 25 декември 2015 г.
- Влада на Јужен Судан - Мисија на САД
- Законодавен дом на Јужен Судан Архивирано на 17 ноември 2012 г.