Лесото (сото: Lesotho) или офиц. Кралство Лесото (Muso oa Lesotho) — независна земја во Јужна Африка и воедно е енклава бидејќи е целосно опкружена со Јужноафриканската Република. Големината на Лесото е околу 30.000 км2, со население од околу 1.800.000. Главен град на кралството е Масеру. Таа е најјужната независна држава во светот која не излегува на море. Лесото е член на Обединетите нации. Името Лесото потекнува од националниот јазик сесото и значи „земјата на луѓе кои зборуваат Сесото“. Околу 40 % од населението живее под границата на сиромаштија со $ 1.25 на ден.

Кралство Лесото
Naha ea Lesotho  (сото)
Kingdom of Lesotho  (англиски)
Знаме Грб
Гесло"Khotso, Pula, Nala"  (сото)
"Мир, Дожд, Просперитет"
ХимнаLesotho Fatse La Bontata Rona

Местоположбата на  Лесото  (темносина) – во Африка  (светлосина и темносива) – во Африканска Унија  (светлосина)
Местоположбата на  Лесото  (темносина)

– во Африка  (светлосина и темносива)
– во Африканска Унија  (светлосина)

Местоположбата на  Лесото  (темносина)

– во Африка  (светлосина и темносива)
– во Африканска Унија  (светлосина)

Главен град
(и најголем)
Масеру
29°18′S 27°28′E / 29.300° ЈГШ; 27.467° ИГД / -29.300; 27.467
Службен јазик сото, англиски
Демоним мосото (ед)
басото (мн)
Уредување Унитарна парламентарна уставна монархија
 •  Крал Лецие III
 •  Премиер Том Табане
Независност
 •  од Обединетото Кралство 4 октомври 1966 
Површина
 •  Вкупна 30 355 км2 (137.)
 •  Вода (%) 0,0032
Население
 •  проценка за 2018 г. 2 108 328 (144.)
 •  Попис 2004 2 142 249 
 •  Густина 68,1 жит/км2 (138.)
БДП (ПКМ) проценка за 2017 г.
 •  Вкупен $7,448 млрд.[1] 
 •  По жител $3868[1] 
БДП (номинален) проценка за 2017 г.
 •  Вкупно $2,721 млрд.[1] 
 •  По жител $1413[1] 
Џиниев коеф. (2015)54.2[2]
висок · 17.
ИЧР (2018) 0.518[3]
низок · 164.
Валута Лесотски лоти (LSL)
Часовен појас SAST (UTC+2)
Се вози на лево
НДД .ls
Повик. бр. +266

Потекло на поимот уреди

Името на државата „Лесото“ потекнува од сотското име на земјата, односно Lesotho. Во превод овој назив значи „земјата каде се зборува сото“.

Историја уреди

 
Карта на протекторатот Басутоленд.

Областа позната како Лесото датира дури од пред 40.000 години. Во моментов Лесото (тогаш наречен Басутоленд) се појавил како единствен систем до на управување под раководство на највисокиот началник Мошешое I во 1822. Под негово раководство Басутоленд се приклучил кон останатите племиња во регионот за борба против Империјата Зулу во периодот од 1818 - 1828. Во периодот од 1868 до 1966 година, територијата била под британски протекторат удвоен од територијата на Јужноафриканската република. На 4 октомври 1966 година била прогласена независноста на земјата. Притоа, била воведена повторно традиционалната монархија. Во следните години бил воведен еднопартиски систем, а по ова за првпат во земјата во 1993 година се одржале слободни избори. Кон крајот на 90-тите од минатиот век, економската ситуација во земјата се влошила, кое довело до големи протести и по изборите во 1998 година, каде биле уништени важни објекти од престолнината. Немирите биле спречени од страна на ЈАР и Боцвана. Од тогаш, економската и политичката ситуација во земјата се стабилкизирала.

Географија и клима уреди

 
Карта на Лесото.

Лесото покрива 30.355 квадратни километри. Таа е единствената независна држава во светот, што лежи целосно над 1.400 метри надморска височина.Најниската точка во државата е 1.400 метри. Над 80 % од земјата лежи над 1.800 метри надморска височина. Лесото е независна и граничи со само една држава- Јужноафриканска Република.

Поради својата височина, Лесото е поладен во текот на годината за разлика од останатите околни региони. Дожд во Лесото има преку летните периоди. Масеру и околните низини често достигнуваат 30 °C во летниот период.

Политички систем уреди

Уставното уредување на Лесото е уставна монархија. Премиерот, Пакалита Ватуила Мосисили, е шеф на владата. Кралот има церемонијална улога, тој повеќе не поседува никакви извршната права и е забрането активно да учествува во политички иницијативи.

Конгресот за демократија на Лесото (КДЛ) го контролира мнозинството во Националното собрание со 62 места. Конвенцијата сите Басото (КСБ), партија формирана непосредно пред изборите под раководство на поранешниот министер за надворешни работи Том Табане, е главната опозициска партија во државата.

Административна поделба уреди

 
Карта на окрузите во Лесото

Административно, Лесото е поделен на 10 окрузи и секој е предводен од окружен управник. Секој округ има свој административен центар.

Стопанство уреди

 
„Африски“ скијачки центар.

Економијата на Лесото се заснова на дијаманти и државата извезува во целиот свет. Покрај дијамантите, Лесото има производство на земјоделски и сточарски производи. Лесото има извоз на волна, мохер, облека и обувки. Еден од производствените погони на Levi's се наоѓа токму во Лесото. Покрај географската интегрираност на Лесото во ЈАР и економски двете држави се интегрирани. Голем дел од семејствата во Лесото работаат во ЈАР, воглавно како рудари. Сепак, 50 % од населението својата егзистенција ја стекнува преку земјоделството и сточарството. Поради тоа, половина од приходот на Лесото доаѓа токму од земјоделството.

Главни природни ресурси на Лесото се дијамантите и водата. Валутата на Лесото е лоти (множина малоти). Главни трговски партнери на Лесото се ЈАР, Германија, Велика Британија и Ирска.

Население, јазик и религија уреди

 
Басото ученик.

Лесото има население од околу 1.881 милиони жители, според пописот од 2006 година. Од вкупното население на Лесото, 25 % живее во урбаните и 75 проценти во руралните средини. Сепак, се проценува дека годишниот пораст на урбаната популација е за 3,5 %. Густина на населението е пониска во планините. И покрај тоа што мнозинството од населението - 60,2  %, се наоѓа помеѓу 15 и 64 години, Лесото има значителна младата популација која брои околу 34,8  % од вкупната бројка на население. Годишна стапка на раст на населението е 0,116  %.

Етно-лингвистичката структура се состои речиси целосно од народот Басото народ. Главниот јазик во државата е сото (сесото), кој е и првиот службен административен јазик. Покрај сесото, службен јазик е и англискиот.

Христијанството е доминантна религија во Лесото.[4] 90  % од населението на Лесото се христијани. Католиците, најголемата верска група, сочинуваат околу 45  % од населението. Евангелистите сочинуваат 26 % од населението и англиканците и други христијански групи ги сочинуваат дополнителни 19 %. Останатите 10  % се припадници на останати религии.

Верници во Лесото
Христијани
  
96,70 %
Муслимани
  
0,10 %
Без Религија
  
3,10 %
Народна Религија
  
0,10 %

Култура уреди

 
Рондавел во Лесото.

Традиционалниот музички инструмент на Лесото се нарекува леколило и е еден вид на флејта и го користат деца. Покрај овој, се користи и сетоло-толо, инструмент кој го користат мажите и се свири со уста. Жените свират на томо. Традиционалниот начин на градење на куќи се нарекува рондавел.

Влада уреди

Уставот на Лесото бил усвоен на 2 април 1993 година. Со уставот државата била дефинирана како уставна монархија, со парламент кои го сочинуваат два дома. На изборите за парламент право на глас имаат сите граѓани постари од 18 години. Исто така утврдена е и поделбата на власт, а и судството е независно. Со уставот се гарантирани основните човекови права, правото на говор, правото на печат, верската слобода, правото на приватност и на заштита на приватната сопственост.

Извршна власт уреди

Премиерот на Лесото, во моментов Том Табане, е претседател на владата и на кабинетот и ја има извршната власт во земјата. Премиерот не се бира директно на избори, каков што е случајот во многу држави. Според одредбите во уставот, претседателот на победничката партија на изборите автоматски го добива местото на премиер на државата. Во периодот помеѓу 1986 и 1993, должноста на премиер ја обавувале претседателите на војните совети, додека војната власт управувала со државата.

Кралот на Лесото, моментално Летси Трети од 7 февруари 1996, има само одредени овалстувања, а според уставот му е забранета секаква активна улога во политичкиот живот. Монархијата е наследна, но понекогаш е можно и советот на племенските поглавари по одредени традиционални закони да утврди кој ќе го наследи умрениот монарх.

Судска власт уреди

Судската власт во Лесото се заснова, како и во Јужноафриканската Република, на мешовита форма помеѓу обичното право и англо-холандското право. Со уставот е гарантирано независно судство и целосно одвојување од политиката. Највисока судска институција е врховниот суд, чиј претседател е предложен од кралот. Исто така во државата постојат и локални судови и традиционални судови.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Lesotho“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
  2. „GINI index“. World Bank. Посетено на 31 March 2016.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  4. International Religious Freedom Report 2007: Lesotho. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (14 септември 2007). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.

Надворешни врски уреди