Фарски Острови
Фарски Острови (фарски: Føroyar; дански: Færøerne) — островска група во Атлантскиот Океан, помеѓу Шкотска, Норвешка, и Исланд. Тие се автономен регион на Кралството Данска од 1948 г. и со тек на времето, ги имаат во своја надлежност повеќето области, освен одбраната (немаат сопствена војска, која е одговорност на Данска, освен мали полициски единици и крајбрежната стража) и надворешни работи.
Фарски Острови |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Tú alfagra land mítt |
||||||
![]() Местоположба на Фарските Острови (заокружени) во Северна Европа
|
||||||
![]() |
||||||
Главен град (и најголем) | Торсхавн 62°00′N 06°47′W / 62.000° СГШ; 6.783° ЗГД | |||||
Службен јазик | ||||||
Суверена држава | ![]() |
|||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 1,399 км2 (180та) | ||||
• | Вода (%) | 0.5 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за јули 2013 г. | 49,709[2] (206та) | ||||
• | Попис 2011 | 48,351[3] | ||||
• | Густина | 35.5 жит/км2 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $1.642 милијарди | ||||
• | По жител | $33,700 | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $2.45 милијарди | ||||
• | По жител | $50,300 | ||||
ИЧР (2008) | 0.950[4] многу висок |
|||||
Валута | Фарска круна (DKK ) |
|||||
Часовен појас | WET (UTC+0) | |||||
• | (ЛСВ) | WEST (UTC+1) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .fo | |||||
Повик. бр. | +298 |


Фарските Острови имаат традиционални врски со Исланд, Шетландските Острови, Оркниските Острови, Надворешните Хебриди, и Гренланд. Архипелагот бил одвоен од Норвешка во 1815. Фарските Острови имаат свој претставник во Нордискиот Совет.
Од 18 острови, само едно (Лујтла Дујмун), е потполно ненаселено. Најголем и главен град е Торсхавн, кој брои околу 19,000 жители. Основната религија е протестантство. Фарците се занимаваат главно со риболов, како и овчарство. Островите се познати по својата богата фауна.
Поврзано Уреди
Јазик Уреди
На Фарските Острови фарскиот јазик е зборуван како прв јазик.Многу е тешко да се каже колку луѓе во светот го зборуваат овој фарски јазик,бидејќи голем број на етнички жители на Фарски Острови живеат во Данска,а само мал дел од нив се враќаат назад со своите родители или пак како возрасни луѓе.Фарскиот јазик спаѓа во групата на индоевропски јазици,поточно во групата на германски јазици.Овој јазик во пишувана форма најмногу наликува на исландскиот јазик(според граматиката и вокабуларот),а пак во говорена форма е близок до норвешките дијалекти зборувани во западна Норвешка.Данскиот јазик е втор јазик во државата и се користи во училиштата.
Географија Уреди
Островите зафаќаат површина од 1,399 км2.На островот има повеќе мали езера и реки.Највисоката точка на островите се наоѓа на надморска височина од 882 метри.Оваа држава е оддалечена 320 километри од Шкотска,450 километри од Исланд,670 километри од Ирска и Норвешка и 990 километри од Данска.
Главен град Уреди
Главен град на Фарските Острови е Торсхавн. Овој град брои 19,000 жители и со тоа е најголем град во државата.Името во превод значи пристаниште Тора, кое по нордиската митологија е бог на грмотевицата.
Флора и Фауна Уреди
Флора Уреди
Природната вегетација на Фарските Острови најмногу содржи диви цветови,треви.мовови и лишаи.Иако земјата не е погодна за дрва,сепак некој посебни видови успеале да пораснат на оваа територија.
Фауна Уреди
Воздушнатаа фауна во најголем процент ја сочинуваат морските птици,поради недостатокот на голем број на дрвја и други услови.Од мамалите само мал број видови се застапени на островот и во нивната застапеност има влијание човекот.
Храна Уреди
Традиционалната храна на Фарските Острови најчесто е направена од месо,морска храна,компири и свеж зеленчук.При подготвувањето на храната многу често се користи овчото месо.Како специјалитет се служи храна од морски животни.
Позначајни државни празници Уреди
Наводи Уреди
- ↑ Statistical Facts about the Faroe Islands Архивирано на 14 јули 2014 г., 219, The Prime Minister's Office, accessed 13 July 2011.
- ↑ „Faroe Islands“. The World Factbook. CIA. Архивирано од изворникот на 2013-02-23. Посетено на 1 July 2013.
- ↑ Statistics Faroe Islands, accessed 2 December 2012.
- ↑ Filling Gaps in the Human Development Index, United Nations ESCAP, February 2009
Надворешни врски Уреди
„Фарски Острови“ на Ризницата ? |