Андора
Андора или Кнежевство Андора (каталонски: Principat d'Andorra, француски: Andorre, шпански: Principado de Andorra) е парламентарно кнежевство во југозападна Европа. Малата држава која што се наоѓа на источниот дел од Пиринеите, се граничи на север и на исток со Франција, а на запад и на југ со Шпанија. Со вкупна површина од само 468 км2, Андора е една од најмалите држави во светот. Главен град е Андора ла Веља.
Кнежевство Андора Principat d'Andorra (каталонски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло:
|
||||||
Химна:
|
||||||
![]() Местоположбата на Андора (центарот на зелениот круг) на Европскиот континент (темносива) — [Легенда] Местоположбата на Андора (центарот на зелениот круг) на Европскиот континент (темносива) — [Легенда] |
||||||
Главен град (и најголем) | Андора ла Веља 42°30′N 1°31′E / 42.500° СГШ; 1.517° ИГД | |||||
Службен јазик | каталонскиа | |||||
Народности ({{{1}}}) | 36,6% Андорци 33,0% Шпанци 16,3% Португалци 6,3% Французи 7,8% останати |
|||||
Демоним | Андорци | |||||
Уредување | унитарна парламентарна уставја дијархија | |||||
• | Кнезови | Жоан Енрик Вивес и Сисилија Емануел Макрон |
||||
• | Управници | Жозеп Марија Маури Силви Убак |
||||
• | Премиер | Антони Марти | ||||
Законодавство | Генерален совет | |||||
Независност | ||||||
• | паријажа од Арагон | 1278 |
||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 467,63 км2 (191-ва) | ||||
• | Вода (%) | 0,26 (121,4 ха)б | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2011 г. | 85.082 (199-та) | ||||
• | Попис 2011 | 78.115 | ||||
• | Густина | 179,8 жит/км2 (71-ва) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $4,510 милијарди[1] (155-та) | ||||
• | По жител | $53,383 (9-та) | ||||
Џиниев коеф. (2003) | 27.21в низок |
|||||
ИЧР (2013) | ▼ 0.830[2] многу висок · 37ма |
|||||
Валута | евро (€)г (EUR ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .ade | |||||
Повик. бр. | +376 | |||||
а. | Устав на Андора, Член 2.1. Широкозастапени се и шпанскиот, францускиот и португалскиот | |||||
б. | Girard P & Gomez P (2009), Пиринејски езера: Андора (француски) „Андора во бројки 2007: Географска поставеност, Одделение за статистика“ (PDF). Посетено на 16 август 2012. | |||||
в. | „Извештај за состојбата на сиромаштијата и нееднаквоста во Кнежевството Андора (2003)“ (PDF). Estadistica.ad. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-08-10. Посетено на 25 ноември 2012. | |||||
г. | Пред 1999 г, француски франк и шпанска пезета; По 1982 г. се издадени и мали износи на андорски динери. | |||||
д. | Also .cat, shared with Catalan-speaking territories. |
Потекло на поимот Уреди
Историја Уреди
Андора, како држава постои уште од доцниот 8 век. Наводно Карло Велики бил оној кој за првпат им загарантирал голем број на привилегии на андоранците, како возврат за помошта во војната против Маврите. Сепак, Андора долго време била предмет на конфликти помеѓу шпанскиот бискуп од Ургел и францускиот гроф од Кастелбон односно неговиот наследник од Фуа. Преку т.н. Пареаж договор (Paréage) во 1278, двете страни се согласиле за заедничка власт врз Андора. Дозволата за власт од грофот од Фуа, подоцна преминала на кралот Хајнрих IV и оттука на сите следни француски кралеви (во новото време на француските претседатели).
20 век Уреди
Во 1993 година, Франција и Шпанија ја признаваат Андора како независна држава, но сепак бискупот од Ургел и францускиот претседател остануваат како официјални претседатели на земјата. Со независноста, Андора станува членка на Европскиот совет и ООН. На парламентарните избори во 1997 година, Унијата на либералите (Unió Liberal) на премиерот Марк Форне Молне го освојува апсолутното мнозинство. Истото им успева и на изборите на 4 март 2001 година, овој пат под името Либерална партија на Андора (Partit Liberal d’Andorra). Денес, либералите имаат 15 од вкупно 28 пратенички места во парламентот на Андора.
Географија и клима Уреди
Андора на север е комплетно заградена од Пиринеите. Во северозападниот дел се наоѓа врвот Кома Педроса ( 2.946 m), највисоката точка во замјата. Освен тој, има уште неколку врвови кои надминуваат 2900 метри надморска височина. Долината на реката Валира ја отвора кон југ природната врска кон Шпанија. Сепак, најголемиот дел на Андора се наоѓа во долината на реката Ебро, која продолжува во североисточна Шпанија. Годишните врнежи на метар квадратен изнесуваат околу 2.000 m. на повисоките места и околу 700 мм. во долините. Летата се обично кратки, но во долините е доста топло.
Население, јазик и религија Уреди
Андора има 70.549 жители (јуни 2005), а густината на населението изнесува 151 жител на км2. Околу 92 проценти од населението живее во град. Андора ла Веља со околу 25.000 жители е најголемиот град во земјата. Домородното население е по културата и јазикот од каталонско потекло. Тие денес изнесуваат 29% од вкупното население на Андора. Остатокот главно го сочинуваат француски и шпански доселеници, кои добиваат дозвола за престој според еден строг систем (ограничување на број на доселеници на годишно ниво). Службен јазик е каталонскиот, кој се зборува од страна на 30% од вкупното население. Мнозинството зборува шпански, а околу 7%, француски. Поради фактот што речиси сите жители во Андора се католици, доста внимателно се негува верата во културниот и социјалниот живот. Како пример за тоа се разводите, кои во Андора се забранети со закон.
Бр. | Парохија | Нас. | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Андора ла Веља Ескалдес-Енгордањ |
1 | Андора ла Веља | Андора ла Веља | 22,256 | Енкамп Сант Жулија де Лорија | ||||
2 | Ескалдес-Енгордањ | Ескалдес-Енгордањ | 14,395 | ||||||
3 | Енкамп | Енкамп | 13,521 | ||||||
4 | Сант Жулија де Лорија | Сант Жулија де Лорија | 7,518 | ||||||
5 | Ла Масана | Ла Масана | 4,987 | ||||||
6 | Санта Колома | Андора ла Веља | 2,937 | ||||||
7 | Ордино | Ордино | 2,780 | ||||||
8 | Пас де ла Каса | Енкамп | 2,613 | ||||||
9 | Каниљо | Каниљо | 2,025 | ||||||
10 | Аринсал | Ла Масана | 1,555 |
Политика Уреди
Како претседатели на Андора се водат Бискупот од Ургел во Шпанија и Претседателот на Франција како ковојвода. Ова останало како дел од државното уредување и по признавањето на Андора од страна на Франција и Шпанија како независна држава во 1993 година. Главен законодавен орган е парламентот, кој го сочинуваат 28 пратеници со четиригодишен мандат и кои го избираат премиерот на Андора. Преку референдумот на 14 март 1993 година, жителите на Андора се решија за нов устав, кој ја дефинира земјата како независна и демократска република. Војводата на Андора, согласно со уставот има ингеренции да го регулира изборот на судии во земјата како и надворешната политика. Од 1993 година, Андора е член на Организацијата на Обединетите Нации.
Ковојводата, се води како еден од претседателите на државата, но всушност поседува само право на вето кон евентуални измени во законот за граници на Андора. Франција и Шпанија сѐ уште се задолжени за одбраната на Андора. Во декември 1993 година се одржани првите парламентарни избори во независна Андора.
Административна поделба Уреди
Андора е поделена на 7 парохии или општини. Тие се:
Бр.* | Парохија | Површина км2 |
Население | ||
1990 | 2000 | 2007 | |||
1 | Каниљо | 121 | 1.290 | 2.706 | 5.422 |
2 | Енкамп | 74 | 7.119 | 10.595 | 14.029 |
3 | Ордино | 89 | 1.289 | 2.283 | 3.685 |
4 | Ла Масана[3] | 65 | 3.868 | 6.276 | 9.357 |
5 | Андора ла Веља* | 12 | 19.022 | 21.189 | 24.574 |
6 | Сант Жулија де Лорија | 60 | 6.012 | 7.623 | 9.595 |
7 | Ескалдес-Енгордањ | 47 | 12.235 | 15.299 | 16.475 |
Андора | 468 | 50.835 | 65.971 | 83.137 |
* Главен град на Андора
Стопанство Уреди
Главен адут на економијата во Андора е туризмот, кој по педесеттите години е во постојан раст. Според процените, денес Андора ја посетуваат околу 12 милиони туристи годишно. Туристичките „магнети“ се: зимскиот спорт, алпската клима и неоданочените производи. Андора има фабрики за преработување на тутун и дрво, а има и доста развиено сточарство (пред се: овци, говеда и коњи). И покрај тоа што располага со наоѓалишта на железо, челик и мермер, економијата на Андора е во голема мера зависна од увозот. Најголемиот дел од прехранбените производи исто така се увезуваат, бидејќи само 4 проценти од земјата е обработлива.
Поради ниските даночни стапки и законот за тајност во банкарството, Андора е седиште на многубројни домашни и странски банки. Од 1 јануари 2002 година, еврото ги замени францускиот франк и шпанската пезета како национална валута во Андора. Во 1997 година 78% од вработените имале дејност во јавните услуги, 21% во индустријата и 1% во земјоделството. Андора нема ниту железница ниту пак аеродром, но затоа поседува доста развиена патна мрежа.
Култура Уреди
Наводи Уреди
- ↑ „Андора 2008 - Статистичко одделение на Андора“. Estadistica.ad. Посетено на 16 август 2012.
- ↑ „Human Development Index (HDI) – 2012 Rankings“. United Nations. 2012. Посетено на 16 November 2013.
- ↑ Parroquia de la Massana, Comú de la Massana Архивирано на 14 декември 2013 г.. (каталонски)
Поврзано Уреди
Надворешни врски Уреди
Повеќе за Андора на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Влада на Андора
- Шеф на држава и кабинет Архивирано на 24 март 2010 г.
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Андора“ (англиски)
- Портали на светот: Андора
- Андора на UCB Архивирано на 27 февруари 2009 г.
- Андора на Curlie (англиски)
- Историја на Андора, документи
Википатување има туристички водич за Andorra.