Макао

специјален административен регион во Кина

Макао - посебен административен регион на Народна Република Кина или само Макао (кинески: 中華人民共和國澳門特別行政區, португалски: Região Administrativa Especial de Macau da República). Макао бил административен дел на Португалија до 1999. година, Макао е најстарата европска колонија во Кина, уште од шеснаесеттиот век (1557). Макао е од 1999. Овој регион е еден од двата "посебни административни региони" во Кина, по Хонгконг. Жителите на Макао воглавно зборуваат кантонски кинески. Мандарински кинески, португалски и англиски се исто така во употреба.

Макао
澳門
Знаме Амблем
Макао (црвена)
Макао (црвена)
Макао (црвена)
Главен градНоса Сенхора де Фатима
Најголем град Главниот град
Службен јазик кинески, португалски
Признаени регионални јазици Кантонски, Макански
Уредување Деволтирана влада предводена од извршната власт во унитарна еднопартиска држава
 •  Главен извршен директор Хо Иат Сенг
 •  Секретар за администрација и правда Андре Чеонг Венг Чон
 •  Претседател на собранието Коу Хои Ин
 •  Претседател на суд Сем Хоу Фаи
Површина
 •  Вкупна 115,3 км2 
Валута Маканска патака
Се вози на десно
Повик. бр. +853

Макао се состои од Макајски Макајскиот Полуостров и два острова - Таипа и Колоане, кои се поврзани со земја која е земена од морето (reclaim land).

Макао е богат со споменици од колонијалната доба. Главните извори на приходот се туризам (во 2000 имало 8 милиони посетители) и игри на среќа, затоа што Макао го викаат "Монте Карло на истокот ". Најпопуларна игра е Паи Гоу, врста на кинески домина. Во Хонгконг, како и во Кина, коцкањето е забрането. Во 2004, областа имала заработка 5 милијарди американски долари од игрите на среќа. По тоа Макао се изедначува со Лас Вегас. Градот е познат по автотрките кои се одржуваат секоја година во ноември. Исто така, секоја година се одржува натпреварување со огномет во кое учествуваат бројни земји од светот. За време на натпреварувањето, секоја сабота се претставуваат по две држави.

Во Макао коцкањето е многу популарно, затоа што е дозволено, компанија од Лас Вегас да отвора казина. Моментално се градат неколку казина, од кои најмногу внимание одвлекува "The Venetian", кое се гради на земјата од море помеѓу двата острова.

Макао како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 73.