Француска Полинезија
Француска Полинезија (француски: Polynésie française, тахитски: Pōrīnetia Farāni) е француска прекуморска територија во јужниот Тихи Океан. Ја сочинуваат неколку групи на полинезиски острови, од кои најпознат е Тахити од Друштвените Острови каде што се наоѓа и главниот град Папете.
Француска Полинезија Polynésie française
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Tahiti Nui Mare'are'a" "Liberté, Égalité, Fraternité" |
||||||
Химна: „Марселеза“ |
||||||
Главен град | Папете 17°34′S 149°36′W / 17.567° ЈГШ; 149.600° ЗГД | |||||
Најголем град | Фаа | |||||
Службен јазик | француски | |||||
Народности | (последен етнички попис од 1988)[1] 66,5% немешани полинезијци 7,1% Полинезијци благо мешани со Европејци и азијати 11,9% Европејци (највеќе французи) 9,3% Демиси (мешани Европејци и полинезијци) 4,7% Источни азијати (претежно кинези ) |
|||||
Уредување | Зависна територија | |||||
• | Претседател на Франција | Никола Саркози | ||||
• | Претседател на Француска Полинезија | Оскар Темару |
||||
• | Висок комесар на Ф. Полинезија | Адолф Колра |
||||
француска прекуморска територија | ||||||
• | Протекторат | 1842 | ||||
• | Прекуморска територија | 1946 | ||||
• | Прекуморска територија | 2004 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 4,167 км2 (173rd) | ||||
• | Вода (%) | 12 | ||||
Население | ||||||
• | Попис авг. 2007 | 259.596[2] (176та) | ||||
• | Густина | 62 жит/км2 (130та) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2005 г. | |||||
• | Вкупно | US$5,49 милијарди[3] (not ranked) | ||||
• | По жител | US$21,565[3] (not ranked) | ||||
Валута | тихоокеански франк (XPF ) |
|||||
Часовен појас | (UTC-10) | |||||
НДД | .pf | |||||
Повик. бр. | 689 |
Географија
уредиФранцуска полинезија се состои од 130 острови и атоли, кои припаѓаат на следните 5 архипелази:
Друштвени Острови | 13 острови | 1.647 км2 | 163.000 жители | ||
Туамоту | 76 атоли | 850 км2 | ~ 15.000 жители | ||
Маркиски Острови | 10 острови | 1.274 км2 | 8.632 жители | ||
Австралски Острови | 7 острови | 148 км2 | 6.669 жители | ||
Гамбје | 26 острови | 31 км2 | 986 жители |
Демографија
уредиВкупното население на пописот во август 2007 изнесувал 259.596 жители.[2] Од нив 68,6% живееле на островот Тахити.[2] Урбаната област на главниот град Папете, имал 131.695 жители.
Според истиот попис, 87,3% од жителите биле родени во Француска Полинезија, 9,3% биле родени во Франција, 1,4% во некои од прекуморските територии на Франција надвор од полинезија и 2,0% во странски држави.[4] На пописот од 1988 кога за последен пат имало прашања во врска со етничкото потекло, 66,5% од жителите биле чисти полинезијци, 7,1 % биле полинезијци со делумно европско и азијатско потелко, 11,9% биле Европејци, 9,3% мешани Европејци и полинезијци, т.н. Демис (во превод "пола"), и 4,7% биле источни азијати (претежно кинези).[1]
Пописи
уреди1907 | 1911 | 1921 | 1926 | 1931 | 1936 | 1941 | 1946 | 1951 | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
30,600 | 31,900 | 31,600 | 35,900 | 40,400 | 44,000 | 51,200 | 58,200 | 63,300 | ||||
1956 | 1962 | 1971 | 1977 | 1983 | 1988 | 1996 | 2002 | 2007 | ||||
76,323 | 84,551 | 119,168 | 137,382 | 166,753 | 188,814 | 219,521 | 245,516 | 259,596 | ||||
Официјални бројки на пописите.[2][5][6][7] |
Јазик
уредиФранцускиот јазик е службен јазик во Француска Полинезија. Според законот од 12 април 1996 се вели "Францускиот јазик е службен јазик, а тахитскиот и другите полинезиски јазици исто така се користат." Според пописот од 2007, населението од 15 години и постаро, односно 68,5% изјавиле дека францускиот јазик го користат во домашна употреба, 29,9% изјавиле дека во домашна употреба користат еден од полинезиските јазици (80 % тахитски), 1,0% користеле кинески и 0,6% други.[8] Според истиот попис, 94,7% од луѓето изјавиле дека можат да разберат, пишуваат и читаат француски јазик, додека само 2.0% немале никакво познавање од јазикот.[8] 74,6% изјавиле дека можат исто така што зборуваат, пишуваат и читаат на еден од полинезиските јазици, додека 13,6% од попишаните немаат никакви познавања од истите.[8]
Религија
уредиХристијанството е најзастапената религија на островите, од кои мнозинството (54%) припаѓа кон неколку варијанти на протестантството додека другиот дел (30%) се припадници на католицизмот.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Frontières ethniques et redéfinition du cadre politique à Tahiti
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 (француски) Institut Statistique de Polynésie Française (ISPF). „Population légale au 20 août 2007“. Архивирано од изворникот на 2012-01-18. Посетено на 2009-01-13.
- ↑ 3,0 3,1 Статистички институт на Француска Полинезија (ISPF). „Економски пребројувања“. Архивирано од изворникот на 2009-04-09. Посетено на 15 ноември 2008. (француски)
- ↑ (француски) Institut Statistique de Polynésie Française (ISPF). „Recensement 2007 - Migrations : Chiffres clés“. Архивирано од изворникот на 2009-09-08. Посетено на 2008-11-15.
- ↑ 2002 census
- ↑ 1971, 1977, 1983, 1988, and 1996 censuses[мртва врска]
- ↑ Censuses from 1907 to 1962 in Population, 1972, #4-5, pp. 705-706, published by INED
- ↑ 8,0 8,1 8,2 (француски) Institut Statistique de Polynésie Française (ISPF). „Recensement 2007 - Langues : Chiffres clés“. Архивирано од изворникот на 2008-11-18. Посетено на 2008-11-15.
Галерија
уредиНадворешни врски
уредиПовеќе за French Polynesia на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Владини
- Влада на ФП Архивирано на 24 април 2006 г.
- Претседателство на ФП
- Административна поделба на ФП
- Информативни
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Француска Полинезија“ (англиски)
- Француска Полинезија на UCB Libraries GovPubs
- Француска Полинезија на Curlie (англиски)
- Туризам
- Официјално туристички место
Википатување има туристички водич за French Polynesia.