Машка ракометна репрезентација на Данска

Машка ракометна репрезентација на Данска — државна репрезентација на Данска која ја претставува државата на меѓународните ракометни турнири. Данска се наоѓа на второто место по освоени медали во историјата на Европските првенства во машка конкуренција веднаш по Шпанија, со вкупно шест медали, од кои се два златни медали (2008, 2012), еден сребрен (2014) и три бронзени медали (2002, 2004 и 2006 година). Од јануари 2019 година, Данска е актуелен олимписки и светски шампион.

Данска
Податоци
Сојуз Дански Ракометен Сојуз
Тренер Николај Јакобсон
Најмногу натпревари Ларс Кристијансен (338)
Најмногу голови Ларс Кристијансен (1503)
Бои
Kit left arm whiteborder.png
Бои на екипата
Бои на екипата
Kit right arm whiteborder.png
Бои на екипата
Бои на екипата
Дома
Бои на екипата
Kit body redcollar.png
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гости
Резултати
Летни олимписки игри
Настапи 7 (првпат во 1972)
Најдобар резултат 1-во (2016)
Светско првенство
Настапи 23 (првпат во 1938)
Најдобар резултат 1-во (2019)
Европско првенство
Настапи 12 (првпат во 1994)
Најдобар резултат 1-во (2008, 2012)
Последна поднова на податоците: непознато.
Светско првенство во ракомет за мажи 2017
Шведска/ Данска (Група D)
16 јануари 2017.
Машка ракометна репрезентација на Данска
Медали
Олимписки игри
Злато 2016 Рио
Светско првенство
Злато 2019 Данска/Германија
Сребро 1967 Шведска
Сребро 2011 Шведска
Сребро 2013 Шпанија
Бронза 2007 Германија
World Outdoor Championship
Сребро 1948 Франција
Европско првенство
Злато 2008 Норвешка
Злато 2012 Србија
Сребро 2014 Данска
Бронза 2002 Шведска
Бронза 2004 Словенија
Бронза 2006 Швајцарија

ИсторијаУреди

Ракометарот е втор најпопуларен спорт во Данска, веднаш зад фудбалот. На крајот на 2003 година Данската ракометна федерација имала повеќе од 146,000 активни и пасивни членови.

Светско првенство 2007 годинаУреди

Во 2007 година Данска учествувала на Светското првенство во Германија, каде што се паднала во групата Е против Ангола, Унгарија и нивните соседи Норвешка. Во групната фаза Данска завршила на второто место, по победите против Ангола и Норвешка. Во главната рунда екипата се соочила со Хрватска, Чешка, Русија, Унгарија и Шпанија.

И покрај почетниот пораз против Хрватска, екипата напредувала совладувајќи ги своите последни тројца противници. Во четвртфиналето бил совладан Исланд со 42: 41. Во полуфиналето Данска била поразена од страна на Полска со 36–33. По поразот следувал натпревар за третото место, во кој Данска ја совладала Франција со 34-27, со што го освоила бронзениот медал на турнирот.

Пивотот на Данска, Михаел Кнудсен, бил избран во најдобриот тим на турнирот.

Европско првенство во 2008 годинаУреди

По завршувањето на 3-тото место по три последователни Европски првенства, данската екипа освоила злато на Европското првенство во ракомет за мажи во 2008 година, првенство кое се одржало во соседна Норвешка. Тимот загубил само еден натпревар на патот кон златото, натпревар кој бил жестоко оспорен против домаќинот Норвешка. Данскиот тим ја победил Хрватска со 24-20 во финалето, откако во полуфиналето била поразена Германија. Голманот Каспер Хвид и крилниот играч Ларс Кристијан имале најголема улога во освојувањето на медалот, и двајцата биле избрани во најдобриот тим на турнирот, а Ларс Кристијансен, исто така, станал и најдобар стрелец на турнирот.

Европско првенство во 2010 годинаУреди

Данска како шампион била фаворит да ја задржи титулата. Сепак, тие не успеале, губејќи натпревари против Исланд и Хрватска. Наместо да напредува во главната рунда, Данска го завршила првенството на 5-то место победувајќи ја Шпанија со резултат од 34-27.

Светско првенство во 2011 годинаУреди

На Светското првенство во ракомет за мажи во 2011 година, по победата на 9 натпревари во низа, Данска стигнала до финалето кога претходно во полуфиналето ја победила Шпанија со резултат од 28:24. Ова било првпат по над 44 години, Данска да стигне до финале на Светското првенство. Во финалето Данска загубила од Франција со 35:37 во продолжение. Така, Франција во тој период ги имала освоено сите три главни титули и била европски шампион, олимписки шампион и светски шампион.

Европско првенство 2012 годинаУреди

Данска дошла на Европското првенство во ракомет за мажи во 2012 година како вице-светски шампион и како еден од фаворитите за победа на турнирот. Како и да е, во главната група Данска загубила и од Србија и од Полска, продолжувајќи во главната рунда со нула бодови, имајќи само победа против Словачка. Ова значело дека Данска морала да ги победи сите свои натпревари и во исто време, тие морале да се потпрат на другите резултати за да поминат во полуфиналето. Како по чудо, резултатите од другите натпревари биле во прилог на Данска. Судбината на опстанокот на Данска лежела во Полска, бидејќи Полска морала да победи против Германија за да го одржи опстанокот на Данска на турнирот. По жестокиот и близок натпревар помеѓу Полска и Германија, Полска победила со 33:32. Ова значело дека Данска треба само да ја совлада Шведска во последниот натпревар од главната рунда и да дојде до полуфиналето. Данска ја победила Шведска со голема разлика, 31-24, станувајќи првиот тим како од машка така и од женска страна во историјата на Европското првенство, која дошла до полуфиналето, носејќи нула бодови во главниот круг.

Како и Светското првенство во ракомет за мажи во 2011 година, Данска во полуфиналето се соочила со Шпанија, натпревар во кој Данска победила со 25-24. Во другото полуфинале, домаќинот Србија ја пречекала Хрватска, натпревар во кој Србија победила со резултат од 26-22.

Во натпревар со низок резултат, Данска ја освоила својата втора титула во Европското првенство, откако во финалето ја совладала Србија со резултат од 21-19, со што станала првата ракометна репрезентација што некогаш ја одбранила титулата на европски шампион, носејќи нула бодови во главната рунда.

2013 Светско првенствоУреди

И покрај тоа што поминала разочарувачки на Олимписките игри во 2012 година, Данска била меѓу најдобрите тимови кои ја освоиле титулата светски шампион. Како одбрана на европската титула, Данска се паднала во група со Русија, Исланд, Македонија, Катар и Чиле во групата Б. Победувајќи во сите свои натпревари, Данска слободно продолжила во следната фаза каде во 16-финалето се сретнала со Тунис победувајќи го со резултат од 30-23. Во следната фаза Данска стигнала до четвртфиналето каде се сретнала против Унгарија. По доброто прво полувреме, водејќи 18-11, на крај Данска успеала да победи со 28-26, стигнувајќи до полуфиналето по вторпат по ред на овој турнир. Во полуфиналето Данска се сретнала со Хрватска која во својот пат кон полуфиналето, ја совладала Франција како светски шампион. Данска го одиграла својот најдобар натпревар на Светското првенство, победувајќи со 30-24 и го обезбедила второто по ред финале на Светското првенство.

Во финалето, Данска играла против домаќинот, Шпанија. Во финалето Данска го одиграла можеби најслабиот натпревар во нејзината историја, кога била поразена со разлика од рекордни 16 гола.

Европско првенство во 2014 годинаУреди

Како вице-светски шампион и предноста на домашен терен, Данска била меѓу фаворитите за победа на турнирот. Тие ги добиле сите натпревари во прелиминарното коло, како и главната рунда, стигнувајќи до полуфиналето. Данска ја совладала Хрватска со резултат од 29–27, но загубиле од Франција во финалето со 41–32. Ова било вторпат по ред Данска да загуби финале, губејќи претходно од Шпанија на Светското првенство 2013 година.

Светско првенство 2019 годинаУреди

Данска заедно со Германија биле ко-домаќини на Светското првенство во 2019 година и играле во групата Ц со Норвешка, Тунис, Чиле, Австрија и Саудиска Арабија. Данска започнала со победа над Чиле и останала непоразена. Потоа во групата II во главната рунда во првиот натпревар издвојувала победа над Унгарија, исто така непоразена. Победата над седумкратниот светски првак Франција овозможила Данска да се пласира во финалето. Данска ја освоила својата прва титула светски шампион со победа од 31-22 над Норвешка во финалето.

МедалиУреди

Натпреварување       Вкупно
Летни олимписки игри 1 0 0 1
Светско првенство 1 3 1 5
Европско првенство 2 1 3 6
Вкупно 4 4 4 12

УчестваУреди

     Шампион       2-ро место       3-то место       4-то место  

Олимписки игриУреди

Игри Фаза Место Натпревари Победи Нерешени Порази ДГ ПГ ГР
  1936 Берлин Не се квалификувала
Не учествувала од 1948 до 1968
  1972 Минхен Натпревар за 13-то место 13-то од 16 5 2 1 2 78 78 0
  1976 Монтреал Натпревар за 7-то место 8-мо од 11 5 2 0 3 113 127 −14
  1980 Москва Натпревар за 9-то место 9-то од 12 6 2 0 4 124 124 0
  1984 Лос Анџелес 4-то место 4-то од 12 6 4 0 2 134 122 +12
  1988 Сеул Не се квалификувала
  1992 Барселона
  1996 Атланта
  2000 Сиднеј
  2004 Атина
  2008 Пекинг Натпревар за 7-мо место 7-мо од 12 8 3 2 3 225 211 +14
  2012 Лондон Полуфинале 6-то од 12 6 4 0 2 146 153 −7
  2016 Рио Шампион 1-во од 12 8 6 0 2 230 211 +19
  2020 Токио Квалификуван
Вкупно 8/14 1 Титула 44 23 3 18 1050 1026 +24

Светско пвенствоУреди

Светско првенство
Година Фаза Место Натпревари Победи Нерешени Порази ДГ ПГ
  1938 Полуфинале 4 3 0 0 3 6 20
  1954 5-то место 5 3 1 0 2 44 45
  1958 Полуфинале 4 6 4 0 2 121 86
  1961 5-то место 5 6 4 0 2 92 78
  1964 7-мо место 7 6 3 0 3 105 96
  1967 2-ро место 2   6 4 0 2 107 78
  1970 Полуфинале 4 6 3 0 3 103 116
  1974 Втора фаза 8 6 2 0 4 63 78
  1978 Полуфинале 4 6 4 1 1 114 101
  1982 Полуфинале 4 7 4 1 2 150 143
  1986 Втора фаза 8 7 3 0 4 152 160
  1990 Не се квалификувала
  1993 Втора фаза 9 7 2 2 3 145 156
  1995 Прва фаза 19 5 2 0 3 126 117
  1997 Не се квалификувала
  1999 Шеснаесетфинале 9 6 4 0 2 141 140
  2001 Не се квалификувала
  2003 Втора фаза 9 7 4 0 3 201 193
  2005 Прва фаза 13 5 3 0 2 174 117
  2007 Полуфинале 3   10 7 0 3 316 283
  2009 Полуфинале 4 10 7 0 3 298 258
  2011 Финале 2   10 9 0 1 334 256
  2013 Финале 2   9 8 0 1 291 244
  2015 Четвртфинале 5 9 6 2 1 272 234
  2017 Шеснаесетфинале 10 6 5 0 1 182 157
   2019 Шампион 1   10 10 0 0 317 223
  2021 Квалификувана
   2023 TBD
Вкупно 24/28 1 Титула 155 99 *6 51 3854 3377

Европско првенствоУреди

Европско првенство
Година Фаза Место Натпревари Победи Нерешени Порази ДГ ПГ
  1994 4-то место 4 7 3 1 3 150 152
  1996 11/12 место 12 6 0 0 6 132 158
  1998 Не се квалификувала
  2000 9/10 место 10 6 2 0 4 143 153
  2002 3-то место 3   8 6 1 1 212 190
  2004 3-то место 3   8 6 0 2 240 206
  2006 3-то место 3   8 5 1 2 249 231
  2008 Шампион 1   8 7 0 1 233 193
  2010 5/6 место 5 7 5 0 2 198 184
  2012 Шампион 1   8 6 0 2 216 201
  2014 Финале 2   8 7 0 1 247 222
  2016 5/6 место 6 7 4 1 2 194 180
  2018 4 место 4 8 5 0 3 235 205
    2020 Квалификувана
   2022 TBD
  2024 TBD
Вкупно 13/14 2 Титули 81 50 4 27 2449 2275

ЕкипаУреди

Моментален составУреди

Состав за Светското првенство 2019 година.[1][2]

Натпреварите и головите сè до 27 јануари 2019 година.[3]

Тренер: Николај Јакобсон

Бр. Поз. Име и презиме Датум на раѓање (возраст) Висина Настапи Голови Клуб
1 GK Никлас Ландин 19 декември 1988 (1988-12-19) (32 г.) 2.01 m 199 9   ТХВ Кил
4 LW Магнус Јакобсен 20 август 1995 (1995-08-20) (26 г.) 1.96 m 52 108   ТХВ Кил
6 LW Каспер Мортенсен 14 декември 1989 (1989-12-14) (31 г.) 1.90 m 128 331   РК Барселона
10 LB Николај Маркусен 1 август 1988 (1988-08-01) (33 г.) 2.12 m 67 141   РК Силкеборг
11 CB Рамус Шмид 20 јуни 1991 (1991-06-20) (30 г.) 1.93 m 117 277   РК Фленсбург Хандевит
14 P Андерс Захаријансен 4 септември 1991 (1991-09-04) (30 г.) 1.92 m 35 80   РК Фленсбург Хандевит
16 GK Јаник Грин 30 септември 1988 (1988-09-30) (33 г.) 1.95 m 123 2   РК Магдебург
17 RW Ласе Сван Хансен 31 август 1983 (1983-08-31) (38 г.) 1.85 m 208 482   РК Фленсбург Хандевит
18 RW Ханс Линдберг 1 август 1981 (1981-08-01) (40 г.) 1.88 m 263 732   Фихсе Берлин
19 P Рене Хансен 1 ноември 1984 (1984-11-01) (37 г.) 2.00 m 142 204   РК Веспрем
21 LB Хенрик Молгард 2 јануари 1985 (1985-01-02) (36 г.) 1.96 m 145 167   РК Алборг
22 CB Мадс Ларсен 12 август 1991 (1991-08-12) (30 г.) 1.88 m 121 229   Рајн-Некар Левен
23 P Хенрик Ларсен 18 декември 1986 (1986-12-18) (34 г.) 2.00 m 122 213   РК Париз Сен-Жермен
24 LB Микел Хансен 22 октомври 1987 (1987-10-22) (34 г.) 1.92 m 201 979   РК Париз Сен-Жермен
25 CB Morten Olsen 11 октомври 1984 (1984-10-11) (37 г.) 1.84 m 89 198   ТСВ Хановер-Бургдоф
26 RW Јохан Хансен 1 мај 1994 (1994-05-01) (27 г.) 1.90 m 21 36   РК Силкеборг
31 RB Николај Ниелсен 26 септември 1986 (1986-09-26) (35 г.) 1.94 m 34 75   РК Силкеборг
34 P Симон Халд 28 септември 1994 (1994-09-28) (27 г.) 2.03 m 25 24   РК Фленсбург Хандевит

Тренерски составУреди

Позиција Име
Главен тренер   Николај Јакобсон
Асистент на тренер   Хенрик Кронборг
Тимски тренер   Кај Јохансен
Тренер на голманите   Михаел Брун
Доктор   Мортен Сторгард
Физиотерапевт   Кристофер Главинд
Физиотерапевт   Анја Давид Грив

СтатистикаУреди

# Играч Натпревати Position Години
1 Ларс Кристијансен 338 W 1992–2012
2 Ханс Линдберг 263 W 2003–
3 Бо Спелерберг 245 CB 2000–
4 Михаел Кнудсен 244 P 1999-2014
5 Михаел Фенгер 234 W 1982–1993
6 Ерик Расмусен 233 OB 1980–1994
7 Каспер Нодесбо 223 P 2001–
8 Каспер Хвид 219 GK 1996–2010
9 Андерс Нелсен 209 CB 1973–1984
10 Ласе Сван Хансен 208 W 2003–
11 Микел Хансен 201 OB 2007–
12 Никлас Ландин Јакобсен 199 GK 2001–
13 Каспер Ниелсен 191 D, OB 1995–
14 Јоаким Болдсен 186 CB 1998–2008
15 Мортен Бјере 185 OB 1992–2005
16 Каспер Сондергард 184 OB 2004–2017
17 Андерс Егерт 160 W 2003–
18 Ласе Боесен 159 OB 2000–2012
19 Николај Јакобсен 148 W 1991–2003
20 Рене Тофт Хансен 142 P 2005–

СтрелциУреди

# Player Goals Average Position Years
1 Ларс Кристијансен 1503 4.45 W 1992–2012
2 Ерик Расмусен 1015 4.37 OB 1980–1993
3 Микел Хансен 1000 4.9 OB 2007–
4 Михаел Кнудсен 797 3.27 P 1999-2014
5 Ханс Линдберг 732 2.79 W 2003–
6 Андерс Ниелсен 610 2.92 CB 1973–1984
7 Кристијан Хјерминд 595 3.5 W 1994–2005
8 Николај Јакобсен 584 3.95 W 1991–2003
9 Андерс Егерт 581 3.63 W 2003–
10 Михаел Фенгер 541 2.31 W 1982–1993
11 Ласе Сван Хансен 498 2.35 W 2003–
12 Каспер Нодесбо 450 2.02 P 2001–
13 Morten Bjerre 432 2.34 OB 1992–2005
14 Ласе Боесен 406 2.55 OB 2000–2012
15 Јоаким Болдсен 405 2.18 CB 1998–2008
16 Каспер Сондергард 395 2.15 OB 2004–2017
17 Ларс Крог Џепесен 384 2.84 OB 1998–2008
18 Каспер Мортенсен 333 2.6 W 2010–
19 Бо Спелерберг 332 1.36 CB 2000–
20 Каспер Ниелсен 289 1.51 D, OB 1995–

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „18 mand i VM-truppen“. Danish Handball Federation. Посетено на 19 December 2018.
  2. 2019 World Men's Handball Championship squad
  3. http://www.dhf.dk/landshold/herre-a/truppen/[мртва врска]

Надворешни врскиУреди