Северни Маријански Острови
Северните Маријански Острови (англ. Commonwealth of the Northern Mariana Islands), се дел од групата на Маријански Острови и американските островски подрачја во Тихиот Океан, јужно од Јапонија и северно од Гуам.
До почетокот на 20. век биле познати под прекарот острови Ладроне, ( шп.Islas de los Ladrones)- - што значи "Острови на Крадците".
Историја
уреди1521. Фердинанд Магелан, како прв Европеец, ја открива групата на острови и ги нарекува Islas de Ladrones, Ладроноток или Остров на Крадците, бидејќи според неговото мислење домородните жители му украле нешто од неговите бродови. Во 1667. Шпанија ги анектира островите и ги нарекува по својата кралица Марија Ана од Австрија.
После Шпанско-американската војна Шпанија го дава јужниот дел на Американците и го продава 1899. северниот дел на Германците.
Од 1975. групата острови Северни Маријански Острови се во Комонвелтот со САД.
Население
уреди86% од населението воглавно зборува на неслужбени јазици, како нпр. Микронезиски и Полинезиски јазик.
Географија
уредиПодрачјето се состои од 16 острови, кои се простираат на преку 500 км од кои најголеми се Сајпан, Тинијан и Рота.
Маријански Ров
уредиНедалеку југозападно од земјата се наоѓа Маријанскиот Ров, најдлабокото океанско дно на светот со 10.911 метри под морската површина.
Оваа статија за место во САД е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |