Историја на Евреите

(Пренасочено од Историја на Јудаизмот)
СТАТИИ ПОВРЗАНИ СО
                
Јудаизам
Категорија
Движења
Ортодоксизам · Конзервативизам · Реформизам
Харедизам · Хасидизам · Современ Ортодоксизам
Реконструкционизам · Еврејска обнова
Рабинизам · Хуманистицизам · Караимизам · Самарјанство
Еврејска филозофија
Начела на верата · Кабала
Бог · Месија
Избраници · Холокауст
Етика · Мусаризам
Свети текстови
Тора · Танах · Талмуд · Мидраш · Тосефта
Рабинска литература · Кузари
Чумаш · Сидур · Пијут · Зохар
Право
Тур · Шулхан Арух · Мишна Берурах
Мишне Тора · Арух Хашулхан · Кашрут · Цниут
Цедака · Нида · Ноеви закони
Свети градови
Ерусалим · Сафед · Хеврон · Тиберијада
Свети места
Синагога · Бет мидраш · Микве · Сука
Хевра кадиша · Светиот Храм · Скинија
Важни личности
Аврам · Сара · Исак · Ребека
Јаков · Рахила · Леа · Мојсеј
Дебора · Соломон · Давид
Еврејска култура
Брит · Бар мицва и Бат мицва · Јешива · Брак
Нида · Пидјон Хабен · Смрт · Колел · Хедер
Религиски занимања
Рабин · Ребе · Посек
Хазан · Дајан · Рош јешива · Моел · Коен
Верски предмети
Талит · Тефилин · Кипа · Сефер Тора · Гартел
Цицит · Мезуза · Менора · Шофар · Кител
Четири врсти · Етрог · Лулав · Адас · Арава
Еврејски молитви и Обреди
Шема Јизраел · Амида · Алеину · Кол Нидре
Кадиш · Халел · Хавдала · Биркат амазон
Шехехејану · Таханун · Селихот
Јудаизмот и останатите религии
Христијанство · Ислам · Хиндуизам
Јудео-христијанизам · Аврамски религии
Јудео-паганство · Религиски плурализам
Поврзани теми
Антисемитизам · Критики · Ционизам
Исус · Израел · Евреи

Еврејската историја ја вклучува историјата на еврејскиот народ, вера и култура. Еврејската историја покрива период од речиси шест илјади години од времето кога била основана оваа религија.

Според еврејската традиција, Јаков, прикажан борејќи се со ангелот на оваа слика од Рембрант, бил татко на племињата на Израел.

Античка историја

уреди

Древни Израилци

уреди
 
Храмот на Соломон

Првите два периоди од историјата на Евреите, главно започнува со народот кој се населил во областа помеѓу реките Нил од источната страна и Тигар и Еуфрат од друга страна. Оваа териоторија била опкружена со древни места на египетската и вавилонската култура до пустините на Арабија, Анадолија односно Мала Азија, Хананските области (подоцна познати и како Израел, а потоа, во различни времиња, како Коел-Сирија, Јудеја, Палестина, Левант, Светата земја, и, на крај како што е и денеска, Израел), односно место каде што во текот на историјата опстојувале едни од најголемите цивилизации на светот. Низ ова земја поминувале едни од најважните трговски патишта. Ова е еден од факторите кои покажуваат колку секоја цивилизација го посакувала овој регион.

Традиционално се смета дека евреите низ целиот свет своето потекло го имаат од древните Израилци, кои се населиле во земјата Израел. Израилците сметаат дека се директни потомци на библиските пророци Авраам, Исак, Јаков и Ебер. Евреите исто така сметаат дека Израилците се потомци на дванаесетте синови на Јаков (од кои едниот бил наречен Јуда), кои се населиле во Египет. Додека бил во Египет, нивните потомци биле поробени од страна на египетскиот фараон, познат како Рамзес II. Според еврејската традиција, Израилците емигрирале од Египет кон Ханан (Излез), и истите биле предводени од страна на пророкот Мојсеј. Овој настан го одбележува формирањето на Израилците како нација, сепак поделени на дванаесет племиња именувани по дванаесетте синови на пророкот Јаков.

Исто така, спред еврејската традиција и Библијата (Битие Летописи II) кажува дека Израилците талкале во пустината четириесет години по кое тие го покориле Ханан под команда на Исус Навин. Сите дванаесет племиња биле предводени од страна на владетели кои се познати како Судии на Израел или Библиски судии. Подоцна, од страна на еден израелец под името Саул било формирано првото Израелско-јудејско кралство, кое под раководство на кралот Давид и неговиот син, Соломон го доживеало најголемиот расцут. Царот Давид го освоил Ерусалим и го направил своја престолнина. Синот на Давид, Соломон го изградил познатиот Храм на Соломон. По смртта на Соломон, нацијата се поделила на две царства, Израелско царство составено од десет племиња (на север), и Јудејско царство, кој се состоело од племињата Јуда и Венјамин (на југ). Израел бил освоен од страна на асирскиот владетел Салманасар V, во 8 век п.н.е..

Вавилонско ропство

уреди

Царството во текот на 6 век п.н.е. било освоено од страна на вавилонската армија. Јудејскиот народ бил прогонет од Вавилонија, но подоцна барем дел од нив повторно се вратиле во својата татковина, предводени од пророците Езра Немија, односно по освојувањето на Вавилонија од страна на Персија. зороастризмот била прогласена за државна религија во Персија. Денеска, причината за развојот на јудаизот поради големото влијание на зороастризмот е предмет на дебата помеѓу некои научници.

Пост-заточен период

уреди

Изградба на Вториот ерусалимски храм бил завршен, со одобрение на персиските власти, во времето на последните три еврејски пророци Агеј, Захарија и Малахија. По смртта на последните еврејски пророци, еврејскиот народ бил раководен од страна на пет последователни генерации, а овој период од историјата на евреите се нарекува Зугот. Како резултат на тоа биле формирни политички движења на Фарисеите и Садукеите. По падот на Персија, областа влегла во периодот на еленистичката ера.

Хеленски јудаизам

уреди

Јудаизмот паднал под влијание на хеленистичката култура во текот на 3 век п.н.е. Ова посебно се однесува на еврејската дијаспора во Александрија. Најголем теолог од оваа епоха е Филон Александриски.

Хасмонејско Царство

уреди

Персијците доживеале пораз од страна на Александар Македонски. По неговата смрт, како и поделбата на Александровата империја помеѓу неговите генерали, била формирана Селеуцидската империја. Влошените односи помеѓу хеленските евреи и верските евреи довеле кралот Антиох IV Епифан да забрани одредени еврејски учења у верски ритуали. Ова довело до избувнување на бунт кој на крајот довел до формирање на независно еврејско царство, познато како Хасмонејско Царство, кое постоело од 165 п.н.е. до 63 п.н.е.. Царството на крајот се распадна помеѓу потомците и истомислениците на Салома Александра, Иркан II и Аристовулос II. Во следните години престојувало заземањето на овие територии од страна на Рим.

Римско Царство

уреди

Римско управување

уреди
 
Разрушување на храмот

Во почетокот, јудејските територии не паднале целосно под власта на Рим. По заземањето на овие територии, местто било претворено во римска провинција. Во 66 година, евреите организирале бунт против римските владетели од Јудеја. Востанието било задушено од страна на Веспазијан и Тит. Во Опсадата на Ерусалим во 70 година, Римјаните го уништиле поголемиот дел од Ерусалимскиот храм и, според некои кажувања, ограбиле многу важни артефакти од еврејската историја, како на пример менората. Евреите во римската провинција продолжиле да живеат во значителен број, сè до 2 век, кога Јулиј Север во втората јудејо-римска војна го задушил востанието на Симон бар Кохба. Во текот по војната, 985 села биле целосно уништени и поголем дел од еврејското население од централната Јудеја во суштина било збришено, убиено, продадено во ропство или прогонето. Прогонето од Ерусалим, евреите се засолниле во Галилеја.

Голем дел од јудејските евреи биле продадени во ропство, но голем дел од евреите останале во деловите на Римското Царство. Во книгата Дела Апостолски во Новиот завет е запишано за безбројните еврејски прогони од различни делови на светот.

Крајот на римскиот период

уреди

И покрај неуспехот на востанието на Симон бар Кохба, евреите останале во Израел во голем број, поминувајќи низ голем број на конфликти и недоразбирања помеѓу нив и римјаните.

Во овој период се појавиле поголем број на верски учења како танаизам и амораизам. Во 351 година, во Ципори еврејската популација организирала востание против владеењето на Констанциј Гал, кое било крваво задушено. Според традицијата, во 359 година, Хилел II го создал хебрејскиот календар заснован на месечевата година. Последниот пагански римски цар, Јулијан II, им дозволил на евреите да се вратат во "Светиот Ерусалим". Евреите копнееле за онова на храмот, но Јулијан II бил убиен во битката против Сасанидското Царство, со кое пропаднала шансата за обнова.

Среден век

уреди

Византија

уреди

По распаѓањето на Римското Царство, еврејската популација бргу се распространила на територијата на новото Источно Римско Царство познато како Византија. Нивната положба драстично се влошила во периодот кога христијанството било признаено за официјална религија во Византија од страна на Константин I Велики по укажениот Милански едикт. Голем дел од еврејското население било принудено да го прифати христијанството односно да се христијанизира. Во 351 година, евреите, револтирани од големите притисоци, организирале востание против гувернерот по име Гал во Галилеја. По задушувањето на револтот, голем број на градови во Галилеја биле уништени. Градовите Ципори и Лида никогаш не се обновиле повторно.

Во почетокот на 5 век, императорот Теодосиј I наложил збир на официјални декрети кои главно биле насочени против Евреите. На евреите не им било дозволено да имаат приватни робови, изградба на нови синагоги, да работат во јавна администрација и слично. Брак помеѓу Евреин и верник на друга религија не бил дозволен. Теодосиј, освен тоа, го укинал и Синедрионот. Во времето на императорот Јустинијан I, граѓанските права на евреите [1], како и религиозните привилегии уште толку биле намалени[2]. На евреите им било забрането да градат сингога|синагоги [3], да го употребуваат хебрејскиот јазик. За непочитувањето на овие работи следувало или прогонство или одземање на имотот. Евреите во Бориум, кои се противиле на Велизар во неговиот поход против Вандалите, биле принудени да го прифатат христијанството и нивната синагога била претворена во црква.[4]

Несигурната егзистенција на евреите под византиска власт не траела многу долг временски период, ако се има предвид муслиманското освојување на Арапскиот полуостров и нивното зазимање на Светата земја (или Левант, од кој денеска постојат следните земји: Израел, Јордан, Либан и Сирија) по Битката кај Јурмук во 636 година.

Сепак, Византија не била доволно силна да се справи со целосното христијаниззирање на евреите во Анадолија.[5] Точната слика на статусот на евреите во Мала Азија за време на византиското владеење од страна на некои историчари се истражува до ден денес. Иако има некои докази за повремено непријателство од страна на византиското население и органи, сепак тие не се доволни.[6]. По освојувањето на Цариград од страна на Мехмед II во 1453 година, голем дел од еврејското население не го напуштило градот.

Малку порано, во текот на 7 или 8 век, Хазарите, туркиски народ кои во почетокот живееле покрај крајбрежитето на Дагестан и делтата на реката Волга, го прифатиле јудаизмот како своја религија. Влијанието и новата опасност на Византија од страна на муслиманските земји довело до некаква корист за еврејското население на тие простори. По создавањето на Киевска Рус, Хазарите исчезнале односно биле претопени во друг народ.

Исламски и крстоносни периоди

уреди

Како дел од дијаспората, голем број на евреи се населиле на Арапскиот Полуостров, односно надвор од територијата која била управувана од страна на Римската држава. Состојбата на евреите под муслиманска власт на моменти била многу нестабилна. Тие биле прогонети од западниот дел на Арабија веднаш по смртта на пророкот Мухамед во средината на 7 век.

И покрај тоа, евреите контролирале голем дел од трговијата во Палестина и самиот пакт наречен Дхими се одржал одредено време и покрај одредени ограничувања против движењето. На полето на културата, Евреите продолжиле да напредуваат. Некудот се смета дека бил измислен во Тиберија во ера на Исламскиот калифат. Верската дискриминација на Арапите довела до чести колежи од страна на христијаните. Во текот на 1099 година, во Првата крстоносна војна и Опсаата на Ерусалим во 1099 година, евреите заедно со муслиманите го бранеле градот од крстоносците. По нивниот неуспех, во градот се случил еден од најголемите масакри од историјата на Ерусалим. Голем број на муслимани и евреи биле или убиени или протерени од градот. Во времето на првата крстоносна војна, еврејски заедници постоеле во целата земја, вклучувајќи ги Ерусалим, Тиберија, Рамлех, Аскалон, Кесарија, Газа итн. По создавањето на Крстоносните држави, нивниот број значително се намаил.

Шпанија, Северна Африка и Блискиот Исток

уреди

Во текот на средниот век, евреите обично биле подобро третирани од исламските владетели за разлика од христијанските. И покрај тоа што биле сметени како граѓани од втор ред, евреите одиграле важна улога во муслиманските судови, посебно во периодот во 10 век и 11 век, односно златниот век од владеењето на муслиманите на територијата на ел-Андалус. Нормално, одвреме-навреме постоеле некои недоразбирања, но сепак истите биле решавани без големи немири. Немири имало повеќе на територијата на Северна Африка, односно во Мароко, Либија и Алжир каде евреите на крајот биле принудувани да живеат во гета.[7]

Во текот на 11 век, поточно во 1066 година се случил т.н. Масакар во Гранада (1066), и нередите во Кордоба во 1011 година.[8] Голем дел од еврејското население било или убиено или протерено, а на оние кои останале во земјата им било наложено да го прифатат исламот, синагогите биле или срушени или претворани во џамии.[9] Алмохадската династија, кои во 1172 година го имале зазедено поголемиот дел од Иберија, и ја подчиниле Алморавидската династија, имале уште поостра политика кон неисламското население. Евреите и христијаните биле протерани од Мароко и ел-Андалус. Соочени со изборот кој им го наложил муслиманскиот калиф, голем дел од еврејското население емигрирало.[10] Некои, како што било на пример семејството на Мојсиј Мајмонид, побегнале кон југ на териториите на други муслимански земји, кои биле по толерантни за разлика од властите на ел-Андалус. Имало такви кои се населиле и во христијанска Европа.[11][12]

Европа

уреди

Еврејската популација постоела на територијата на Европа, особено во областите или новите земји на поранешната Римско Царство. Постојат записи од еврејските заедници во Франција (види Историја на Евреите во Франција) и Германија (види Историја на Евреите во Германија). Од 4 век а можеби и порано, значителен борј на еврејски заедници имало и во Шпанија.

Норман Кантор и други историчари на XX век биле согласни дека животот на евреите во текот на средниот век бил тежок. Помеѓу 800 и 1100 година во Европа жиееле околу 1,5 милиони Евреи. Иако не биле дел од феудалниот систем, тие на почетокот биле поштедени од угнетување, прогонување и постојано војување. За разлика од поголемиот број на христијани, Евреите биле писмени, поцивилизирани и понапредни. Во односите со христијанското општество, тие имале право да работат во три области: финансиски, административни и како доктори. Христијански научници биле заинтересирани за Библијата. Честопати, истите се консултирале или дискутирале со еврејските рабини. Сето ова се променило откако Римокатоличката црква наложила нови реформи. Од 1300 година, локалните свештеници биле користени како средство преку кој се ширела омразата кон еврејското население. Главна работа на тие свештеници им била да ја раскажуваат тезата како Исус Христос бил предаден и убиен од страна на евреите во Ерусалим. Во околу 1500, голем број на евреи се населиле на територијата на денешна Полска.[13]

Прогоните на евреите во Европа продолжиле во текот на 13 век. На евреите им било наложено да плаќаат дополнителни даноци, бидејќи самата еврејска заедница била една од најбогатите. Христијанските владетели постепено ја согледале предноста и потребноста од еврејската популација во Европа, и истите главно биле користени за натрупување на капиталот. Меѓутоа, во речиси секој пример, каде што големи суми биле стекнати од страна на Евреите преку банкарски трансакции или слично, по смртта на евреинот неговиот имот бил на еден начин конфискуван од страна на владетелот.

Евреите биле често масакрирани и прогонувани од различни европски земји. Првото протерување на евреите во Европа се случило во времето на Првата крстоносна војна односно во т.н. Германска крстоносна војна од 1096 година. Во втората крстоносна војна (1147), евреите во Франција биле предмет за чести масакри. Истот се случило и за времето на овчарската крстоносна војна од 1251 година. Во 1396 година, 100.000 евреи биле протерени од Франција. До 1421 години, истото се случило и со евреите од Австрија. Голем дел од евреите од Западна Европа се населиле во Полска.

Според Џемс Керол, во времето на Римското Царство, вкупниот број на евреи коишто живееле бил околу 10% од населението. Според оваа констатација, во текот на времето, доколку евреите не поминале низ различни периоди на прогони, насилно примање на други религии, масакри и слично, нивниот број во денешнината би бил најмалку околу 200.000.000, а не околу 13.000.000 како што е во моментот.[14]

Ран современ век

уреди

Отомански период

уреди

Евреите живееле во Мала Азија (денешна Турција, низ историјата и денес позната како Анадолија или Мала Азија) за повеќе од 2.400 години. Нивниот број значително се намалил на овие простори по христијанизација на Византија. По пропаѓањето на Византија и заземањето на Цариград од страна на Османлиите, империјата станала безбеден крај за живеење на евреите кои биле побегнати од различни делови на Азија и Европа.

Во времето по Битката кај Јармук и заземањето на Левант од страна на муслиманите, на Блискиот Исток имало околу триесет еврејски заедници, главно во градовите Хаифа, Ерусалим итн. Градот Сафед станал духовен центар на евреите.

Историчарот Мартин Гилберт пишува дека во текот на XIX век, позицијата на Евреите во муслиманските земји се влошила. Во 1828 година во Багдад бил извршен масакар врз евреите.[15] Во 1839 година, во еврејската населба во градот Мешхед избувнал бунт, по кој синагогата била запалена а Сефер Тората била уништена. Малку требало нередите да се претворат во масакар.[16] Ви 1867 година во градот Бабол исто така бил извршен масакар врз еврејското население.[15]

Во 1840 година, евреите во Дамаск биле лажно обвинети дека го убиле христијанскиот монах и неговиот муслимански слуга. Еден евреин бил малтретиран додека не го признал стореното. Други два евреи биле убиени, а еден го прифатил исламот со цел да не се соочи со смрт. Во текот на 1860-те, на евреите во Либан им било наложено да плаќаат дополнителни даноци на властите. Во 1864, околу 500 евреи биле убиени во Маракеш и Фес во Мароко. Во 1869 година, 18 евреи биле убиени во Тунис, а нивните домови биле ограбени. Во 1875 година, 20 евреи беа убиени од мафијата во Демнат, Мароко. На друго место пак во Мароко, евреите биле нападнати и убиени на улиците во сред бел ден. Во 1891 година, водечките муслимани во Ерусалим побарале од турските власти во Цариград да им се забрани влез на евреите кои пристигнуваат од Русија. Во 1897 година, синагогите Триполитанија биле уништени, и голем дел од еврејското население било убиено.[16]

Според Марк Коен, како и поголемиот дел од историчарите сметаат дека арапскиот антисемитизам се развил во текот на XIX век, и истиот бил проследен со голем број на конфликтипомеѓу муслиманите и евреите. Многу чести конфликти помеѓу овие две заедници постојат до ден денеска.

Европа

уреди

За време на Европската ренесанса, наголемото протерување на евреите се случило во времето Реконквистата во ел-Андалус односно денешна Шпанија. Така, околу 200.000 евреи биле протерени од земјата. Овој пример бил следен од страна на други европски земји. Така, во 1493 година во Сицилија (37.000 Евреи) и Португалија во 1496 година. Протераните шпански евреи главно побегнале во Отоманското Царство, Холандија, и Северна Африка. Имало такви кои се населиле на Блискиот Исток.

Во 17 век, речиси немало евреи кои живееле во Западна Европа. Релативно толерантната Полска ја поседувала најголемата еврејска популација во Европа, но ситуацијата за евреите се влошила во времето на Полско-литванската Државна Заедница, кога стотици илјади евреи биле убиени. Така, голем дел од еврејската популација во Полска биле принудени повторно да се населат во Западна Европа.

По поделбата на Полска во доцниот XVIII век, еврејската популација била поделена помеѓу Руска Империја, Австроунгарија, Прусија и Полска.

Просветителство и Хаскала

уреди

За време на периодот на Европската ренесанса и просветителството, во рамките на Еврејската заедница се случиле значителни промени. Во текот на XVIII век, во Европа се појавило еврејското движење Хаскала, како една од кампањите за еманципација на европските закони во европското општество. Светската јавност сè повеќе започнала да се интересира за еврејската историја, култура и наследство. Движењето довело до ангажирање на европските евреи со секуларниот свет, создавање на првото еврејско политичко движење преку кое била засилена борбата против еврејската еманципација.

Во исто време било создадено и спротивно движење на хескала- Хасидизам. Почетокот на движењето го дал рабинот Израел бен Елиезер во XVIII век. Тоа добило широка употреба и било распространето во унијата на Полска и Литванија. Хасидите, за месија го сметаат Шабатај Цви.

Во исто време, надворешниот свет започнал да се менува. Започнал процесот за доделување на еднакви права на евреите заедно на ранг со другите религиозни групи. Првата земја која го сторила тоа била Франција, во текот на Француската револуција во 1789 година.

19 век

уреди

Иако во текот на векот сѐ уште имало примери за еврејски прогони, сепак еманципацијата започнала да се шири низ Европа во XIX век. Наполеон ги повикал евреите да ги напуштат своите гета во Европа и да побарат засолниште во новоформираните толерантни политички режими кои нудат еднаквост под наполеоновските закони. Од 1871, секоја европска земја ги еманципирала евреите, освен Русија.

И покрај зголемената интеграција на Евреите во светското општество, истоивремено се појавиле и нви форми на антисемитизам. Ова довело до појава на политички партии во Франција, Германија и Австроунгарија кои главно биле насочени против евреите. Со основањето пак на овие нови движења, истоивремено започнало да се јавуваат еврејски движења кои се стремиле за создавање на една еврејска држава на Блискиот Исток.

Голем број на евреи (околу 2.000.000) во текот од 1890 до 1924 година емигрирале во САД, главно по потекло од Русија и Источна Европа.

20 век

уреди

Ционизам

уреди
 
Теодор Херцел

Ционизмот претставувало политичко движење и идеологија, кое го поддржувало создавањето на држава на Евреите. По формирањето на Државата Израел, под ционизам обично се подразбира поддршка за Израел и за неговата политика, во прв ред кон Палестинците. Ционистичкото движење било формирано кон крајот на XIX век, а причината за неговото формирање биле прогоните организирани против Евреите во Русија и растечкиот антисемитизам во Франција како резултат на Драјфусовата афера од 1894 година. Особено втората причина одиграла важна улога, бидејќи настанот се случил во земја која до тогаш се грдеела со својата просветеност и напредност. Стремежите на ционистите за формирање на држава на Евреите не биле прифатени од страна на сите Евреи. Ортодоксните Евреи се спротивставувиле сметајќи дека тоа е богохулствена идеја и дека луѓето можат да ја обноват еврејската држава во Земјата Израилска во времето кога ќе дојде новиот месија. Од друга страна, прогресивните Евреи верувале во соживотот со останатите народи, при што Еврејските либерали ги нагласуваа демократските слободи на западните земји, а Еврејските социјалисти го сметале за облик на буржоаски национализам.

Во врска со територијата каде што би се формирала државата на Евреите, на почетокот се разгледуваа повеќе опции. Главната била еврејската држава да се формира на почвата на библиската Земја Израилска, односно во Палестина, каде што Евреите живееле и имале свои држави во периодот од пред 3.200 години до 2 век од нашата ера. Самиот Херцл во „Еврејската држава“ ја споменил и Аргентина како можна варијанта, а во 1903 година по предлогот на британската влада за формирање на еврејска држава во нејзината колонија Уганда (на територијата на денешна Кенија) и оваа опција за кратко била во комбинација. Сепак, по 1917 година по Балфуровата декларација на британската влада со која им се ветувала „татковина“ (не држава) на Евреите во Палестина, единствена опција за формирање на еврејска држава за ционистите станала т.н. Земја Израилска, односно Палестина.

Напоредно со овие случувања, постојано се зголемувал бројот на еврејски доселеници во Палестина. Овој налив на еврејски доселеници во Палестина создало сè поголеми тензии со тогашното мнозинско арапско население во Палестина. Британија, која во 1922 година добила мандат од Друштвото на народите да управува со Палестина, се обидила да ги спречи судирите, но преќутно во повеќе прилики застанaла зад барањата на Евреите, во прв ред преку непреземањето чекори за оспособување на Палестина да стане независна држава, што во тој момент значело држава со арапско мнозинство.

На 1 април 1925 година бил формиран првиот Евреиски универзитет во Ерусалим.

Холокауст

уреди
 

Холокаустот извршен врз Евреите во Втората светска војна влијаел за промена на светското јавно мислење во врска со создавањето на еврејска држава на територијата на Палестина. Во 1939 година започна Втората светска војна и до 1941 година Хитлер ги окупирал речиси сите земји од Европа, вклучувајќи ја и Полска, каде живееле голем број на евреи.

Како кулминација на се, т.н. Ноќ на скршеното стакло (Кристална ноќ), ноќта на 9 спрема 10 ноември, кога 17-годишниот Хершел Гринцпан го убил германскиот амбасадор во Париз, Ернст фон Рат, кое го дал официјалниот почеток на холокаустот. Користејќи ги аргументите на ова убиство, нацистите го оправдиле првиот прогон против Евреите. Истата ноќ, деведесетина Евреи биле убиени, над 500 синагоги беа запалени, а скоро сите излози по продавниците на Евреите биле искршени. Веднаш потоа, се случи првото масовно апсење на поголема група Евреи, околу 25.000, кои беа однесени во концентрациони логори. Пролетта 1940 година, Химлер наредил градење на концентрационен логор близу полскиот град Освик, преименуван од нацистите во Аушвиц, со намера да се изолираат полските затвореници и да се обезбеди бесплатна принудна работа.

Во Аушвиц, голем дел од камповите веќе биле во изградба, именувани под името Аушвиц 2 (Биркенау). Овој дел пораснал во средиште на четири огромни гасни комори, употребувани за масовно истребување. Идејата за масовно убивање потекнувала од програмата Убиство од милосрдие, која ја применувале докторите за евтаназирање на болните и немоќи цивили од окупираните Австриски и Полски територии. Во меѓувреме, за само два дена, во месноста Баби Јар во Украина, биле стрелани 33.000 Евреи-цивили.

Нередната 1942 година, вториот по ранг командант на СС-силите, Рајнхард Хејдрих, на конференцијата во Ванси, Берлин, ги изнел плановите за Финалното решение. Според него, Евреите од Европа треба да се депортираат во Полска, каде што со полна пареа се граделе нови погони за истребување, како Белзец, Собибор, Треблинка и Аушвиц-Биркенау.

Во текот на 1944 година, Нацистичка Германија започнала да дожувува бројни порази против здружените Сојузници. Сепак, организираното убивање на Евреи продолжило со истото темпо. Во мај, по наредба на СС полковникот Адолф Ајхман, започнала масовната депортација на преостанатите Евреи, при што меѓу 15 мај и 9 јули, над 430.000 унгарски Евреи биле депортирани во Аушвиц. Во тој период, во Аушвиц се достигнувал рекордот во бројката на убиени и кремирани Евреи, над 9.000 на ден.

По крајот на војната, околу вкупниот број на евреи кои го загубиле животот бил над 6.000.000 жртви.

Основање на државата Израел

уреди

По одлуката на Обединетите Нации за поделба на Палестина на арапска и на еврејска држава (29 ноември 1947), Еврејскиот национален совет на 14 мај 1948 година го прогласува формирањето на Државата Израел, како држава на Евреите. Арапска Палестина никогаш не беше основана. На 15 мај Египет, Ирак, Јордан, Либан, Саудиска Арабија и Сирија го нападнале Израел, со што започнал периодот (сè уште во тек) на војни и немирни периоди меѓу нив. Како последица на Првата арапско-израелска војна, Израел е формиран на 78% од територијата на тогашната Британска мандатна територија Палестина.

По оваа војна Израел влегува во воени конфликти со соседните арапски држави уште пет пати: при Суецката криза од 1956, Шестдневната војна од 1967, Војната на исцрпување во 1969, Јомкипурската војна од 1973 и при инвазијата врз Либан во 1982 година. Во 1987 Палестинците ја започнуваат својата прва интифада, а во 2000 година својата втора интифада против Израел. Во 2006 година, по нападот на милитантната група Хизболах на израелска територија, Израел го нападна Либан со што започна Втората израелско-либанска војна.

21 век

уреди

Денес, Израел е парламентарна демократија со население од над 7.5 милиони луѓе, од кои околу 5,6 милиони се Евреи. Денес, најголемите еврејски заедници се наоѓаат во САД и Израел, како и во Франција, Аргентина, Русија, Англија и Канада. Еврејската автономна област, создадена во текот на Советскиот период, денеска продолжува да биде автономна област на руската федерација [17].

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Cod., I., v. 12
  2. Procopius, Historia Arcana, 28
  3. Nov., cxlvi., Feb. 8, 553
  4. Procopius, De Aedificiis, vi. 2
  5. G. Ostrogorsky, History of the Byzantine State
  6. The Oxford History of Byzantium, C. Mango (Ed) (2002)
  7. Maurice Roumani, The Case of the Jews from Arab Countries: A Neglected Issue, 1977, pp. 26-27.
  8. Granada by Richard Gottheil, Meyer Kayserling, Jewish Encyclopedia. 1906 ed.
  9. The Treatment of Jews in Arab/Islamic Countries
  10. „The Forgotten Refugees“. Архивирано од изворникот на 2007-07-28. Посетено на 2009-11-29.
  11. Sephardim
  12. Kraemer, Joel L., Moses Maimonides: An Intellectual Portrait in The Cambridge Companion to Maimonides pp. 16-17 (2005)
  13. Norman F. Cantor, The Last Knight: The Twilight of the Middle Ages and the Birth of the Modern Era, Free Press, 2004. ISBN 0-7432-2688-7, p. 28-29
  14. Carroll, James. Constantine's Sword (Houghton Mifflin, 2001) ISBN 0-395-77927-8 p.26
  15. 15,0 15,1 Morris, Benny. Righteous Victims: A History of the Zionist-Arab Conflict, 1881-2001. Vintage Books, 2001
  16. 16,0 16,1 Gilbert, Martin. Dearest Auntie Fori. The Story of the Jewish People. Harper Collins, 2002, стр. 179-182.
  17. Fishkoff, Sue (October 8, 2008). "A Jewish revival in Birobidzhan?" Архивирано на 10 мај 2011 г. Jewish News of Greater Phoenix. Accessed on June 8, 2008.