Отвори го главното мени
Прослава на Бар мицва

Бар мицва и Бат мицва (хебрејски: בר מצוה - дете на божјата заповед) се еврејски ритуали за тринаесетиот роденден кај момчињата и дванаесетиот кај девојчињата.

ЗначењеУреди

Еврејските момчиња се сметаат за возрасни и, во духовна смисла, способни да ја пренесуваат еврејската традиција, право и етика кога ќе наполнат тринаесет години и еден ден. Тогаш стекнуваат право на учество во сите општествени сфери на еврејскиот живот. Тие се должни да се придржуваат до бројните заповеди, а верските обреди од празнувањето на Бар и Бат Мицва ги извршуваат еднакво на возрасните.

ЦеремонијаУреди

Момчето го покануваат во локалната синагога на читање извадоци од светата книга на јудаизмот - Тора. Таткото на момчето симболично му се заблагодарува на Бога што му се простуваат гревовите на неговиот син. Родителите подготвуваат веселба за пријателите и роднините. Бар Мицва и Бат Мицва исто така означуваат почеток на пубертетот кај момчињата, односно девојчињата.

ДевојчињаУреди

Со исклучок на Евреите во Италија, во историјата не биле забележани празнувања на Бат Мицва за еврејските девојчиња. Поединечни прослави датираат од 19 и 20 век во Полска и делови од источна Европа. Притоа се правела приватна семејна забава без религиозни обреди во синагогата. 

Денес еврејските девојчиња го празнуваат Бат Мицва исто како и момчињата. Родителите подготвуваат забава и на првиот саботен ден девојчето оди во локалната синагога и чита од Тората. Исклучок претставуваат православните Евреи, кои поради историската традиција се откажуваат од празнувањето на обредот.