Галилеја
Галилеја (Хебрејски הגליל — ха-Галил, арапски الجليل — Ел Џелал) — географски регион кој го опфаќа поголемиот дел од северен Израел. Традиционално се дели на три дела;
- Горна Галилеја
- Долна Галилеја
- Западна Галилеја
Географија
уредиГалилеја опфаќа повеќе од една четвртина од денешен Израел и зафаќа површина од околу 5.000 км2. Се протега од Дан на север, кај планината Хермон, до гребените Кармела и Гилбоа на југ, и од долината на Јордан на исток па сè до Средоземното Море на запад.
Западна Галилеја се протега од северот на Хаифа до границата помеѓу Израела и Либан. Долна Галилеја се протега од планината Кармел на југ до долината Беит Хакерем на север. Горна Галилеја се протега од Беит Хакерем па сè до границата со Либан. Источната граница е Галилејското Езеро и планината Голан.
Поголемиот дел од Галилеја се состои од ридест терен, со висини помеѓу 500 до 700 метри. Постојат повеќе високи планини како што се планините Табор и Мерон. Релативно ниските температури во споредба со останатиот дел на Израел и големата количина на врнежи ја прават Галилеја центар на флората и фауната. Поради потоците, растителноста и Галилејското езеро, Галилеја е популарно туристичко одредиште во Израел.
Историја
уредиВо минатото евреите ја нарекувале Галилеја Галил. За време на Римското Царство регионот бил поделен на Јудеја, Самарија и Галилеја, која го опфаќала целиот северен дел на земјата, и бил најголем од тие три региони. Ирод Антип, син на Ирод Велики, владеел со Галилеја како тетрарх во времето на Исус Христос. Галилеја била татковина на Исус во поголемиот дел од неговиот живот.
Во 638. година арапскиот калифат ја презел контролата над регионот и ја припоил кон Урдун (Јордан). Во текот на Крстоносните војни Галилеја станува Кнежевство Галилеја. Во поголемиот дел од средниот век регионот бил под јурисдикција на Османлиското Царство, а после тоа под британски мандат. Ја населиле Арапите и Друзите. Во 1948. година Галилеја му припаднала на Израел.
Модерна Галилеја
уредиГалилеја е една од ретките региони на Израел во која Арапите останале и после основањето на таа држава во 1948. „Срцето на Галилеја“ — дистрикт Кармел, горен Назарет, Малот-Тарших, Мигдал Хаемек и Афула – имаат 75 % арапско население [1]. Целокупното население на Галилеја етнички се состои од околу 50 % Еевреи и 50 % Арапи (во кои се вклучени и Друзите и Бедуините).
Главни градови на Галилеја се Ако, Назарет, Нахарија, Сафед, Кармиел, Афула, Кирјат Шемона и Тиберијада. Иако е Хаифа надвор од регионот служи како административен и комерцијален центар. Повеќето населби се мали села кои ги поврзуваат ретки патишта. Железницата оди долж брегот на Средоземното Море. Се развиваат и индустриски паркови кои би го вработиле населението.
Надворешни врски
уреди„Галилеја“ на Ризницата ? |
- Туристички приказ (англиски)