Фарисеј
Фарисеј[1][2] — припадник на религиозно-политичка секта во Древна Јудеја што се истакнувала со строго одржување на сите обреди, со надворешна, лицемерна побожност. Била претходник на рабинскиот јудаизам.
Фарисеите се придржувале до правилата на левитската чистота и ексклузивното дружба на трпеза, а сепак не се издвоиле од општеството. Нивните дружбени врски се зацврстувале во братства наречени хавуроти. Јосиф Флавиј им припишува некои специфични религиозни верувања, меѓу другото прифаќање на усното предание како дополнување на Тората и верувањето во вечноста на душата.
Во текот на I век, фарисеите биле познати по нивното строго почитување на Мојсеевиот закон.[3] Јосиф Флавиј, исто така, ја забележува нивната посветеност на учењето, олицетворена во Хилел и Јоханан бен Закаи. Мишна, Талмудот и главните танаитски извори ја претставуваат главната ризница на нивната мисла и сведоштвото за оживувањето на еврејскиот живот во првите векови од нашата ера, кога фарисејскиот јудаизам го добил својот последен облик.
Според евангелските кажувања, Исус често се судирал со фарисеите (види: „Тешко вам лицемери“). Меѓутоа, евангелијата во ова се сосема еднострани, бидејќи тие укажуваат само на оние аспекти од преданието за Исус кои биле корисни во споровите меѓу црквата и синагогата.[4] Не им било во интерес на евангелистите да пренесат што точно Исус имал заедничко со фарисеите, со кои веројатно бил поблизок од она што е прикажано во споменатите текстови.[4]
Наводи
уреди- ↑ „фарисеј“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „фарисеј“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Green 1997
- ↑ 4,0 4,1 Isus, Enciklopedija živih religija (pp. 316-318), Nolit, Beograd, 2004.