Антисемитизам
Антисемитизмот претставува нетрпеливост, омраза и предрасуди кон Евреите. Тој е еден од облиците на расен шовинизам. Познат е и како јудофобија.
Антисемитизмот бил раширена појава во средниот век, кога се темелел врз толкувањето на Новиот завет дека Евреите биле тие што го распнале Исус Христос. Во современо време, антисемитизмот зеде голем замав за време на нацистичкиот режим во Германија, кога луѓето со еврејско потекло беа систематски прогонувани и убивани само поради фактот дека биле Евреи.
По формирањето на Израел како држава на Евреите и по кршењето на човековите права на Палестинците од страна на израелската држава, како антисемитизам од страна на Израел и неговите приврзаници често се именува критиката на Израел поради неговиот однос кон Палестинците и кон соседните арапски држави.
Инаку, остри критики кон израелската политика кон Палестинците имаат изразено и некои светски познати интелектуалци со еврејско потекло како Ноам Чомски, Хауард Зин и Тони Клиф.
„Антисемитизам“ на Ризницата ? |
Оваа статија од областа на социологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |