Христијанизација
Христијанизацијата претставува процес на прифаќање на христијанството од страна на поединци или група на народи. Христијанизацијата со текот на времето довела до големи промени во сите сфери на општествениот живот и култура. Старите обичаи, верувања и религиозни практики биле заменето со нови, кои со развојот на христијанството започнале да се развиваат во посебни културни традиции.
Христијанските кампањи довеле до разрушување или уништување на старите антички храмови и во нивно претворање во цркви. Старите пагански богови биле демонизирани, а традиционалните религиозни обичаи биле осудувани како вештерство, па дури и како кривично дело, понекогаш казниво со смрт[1]. Самиот процес на христијанизација на моменти претставувал релативно мирен момент на прифаќање, но во голем број на случаи овој процес бил насилно наметнуван, започнувајќи преку политичките притисоци до започнување на воени походи.
Рано христијанство
уредиЕрусалимскиот собор кој се одржал во околу 50 година, според Апостолските дела утврдил дека обрежувањето не било потребно да се наметнува како процес за прифаќање на верата од страна на Гентилите, туку било решено тие да се воздржат од она, што било онечистено од идолите, блудството, удавеното и од крв (Дела 15:20). Првите наследници на Исус, односно апостолите како и Црковните Отци го започнале процесот на интеграција на првичната еврејска секта (тогаш забранета во империјата) покрај хеленистичката религија, и самиот процес завршил со поставувањето на христијанството за официјална религија од страна на Константин Велики.
Ерменската и етиопската црква претставувале првите примери каде христијанството било наметнато од страна на суверените владетели во истите земји. Почетокот на ширењето и прифаќањето на новата религија во рамките на Римското Царство започнал најпрвин во урбаните центри на империјата, каде најпрвин биле христијанизирани дел од еврејската популација во Европа. Подоцна, христијанизацијата започнала да се прифаќа од страна на грчко-римското население, како и кај келтското население. Со текот на времето, христијанизацијата била наложена или прифатена и од страна на т.н. пагански народи.
Доцна антика
уредиЈеилскиот историчар Рамзи Мекмулен христијанизацијата на Римското Царство во својата книга ја поделил на два дела. Првиот дел го опфаќа периодот пред 312 година, кој период го одбележил со покрстувањето на Константин Велики. Константин ставил крај на христијанското прогонување како и на другите религии во тогашната империја со Миланскиот едикт. Со овој едикт, старата римска религија повеќе не била единствената која можела слободно да се служи. Денеска сè уште се спори околу тоа дали Константин всушност бил голем поборник на она што тој го издал. Во следните години по Константин, христијанизацијата продолжила да се проширува, макар и со слабо темпо.
Синовите на Константин, на пример, ги забраниле паганските обичаи на жртвување во храмовите. Но и покрај тоа што било наредено во 356 година сите такви храмови каде се одржувало жртвувањето да се затворат, сепак постојат докази дека традиционалното жртвување продолжило и во следните векови. Во времето кога на императорскиот престол застанал Јулијан Отпадник, тој наредил храмовите повторно да бидат отворени, а жртвувањето повторно се легализирало. Кога императорот Грацијан ја одбил титулата Понтифекс Максимус, овој чин официјално ставил крај на државната стара религија. Но и во следните години храмовите останале отворени за старите верници, сè до доаѓањето на Теодосиј I на престолот. Во 393 година, тој ги забранил Олимписките игри и започнал отворена борба за налагање на решенијата од Првиот вселенски собор во Никеја. Во тој период, силата на црквата драстично се зголемила кога во 390 година, по заповед на Теодосиј, од страна на Готите биле убиени 7.000 луѓе во градот Солун. На ова се спротивставил тогашниот епископ Амброзио Милански, кога самиот Теодосиј бил принуден да се покаи пред епископот за да биде повторно вратен кон редот на верниците.
Така Теодосиј конечно христијанството го прогласил за официјална религија на Римското Царство. Во тоа време биле разрушени голем дел од старите храмови, или пак биле реконструирани и пренаменети во христијански цркви.
Почетокот на раната христијанизација на разните германски племиња го одбележал процесот на христијанизација на народи надвор од империјата. Ова најмногу се должело на големиот углед на империјата, а истото довело до појава на т.н. Германско христијанство, кое било прифатено од страна на Германите релативно по мирен пат. Во текот на 4 век, дел од Готите, односно Визиготите го прифатиле аријанството како дел од христијанството. Во 6 век на германските народи им било наложено повторното прифаќање на праведното христијанство од страна на Римокатоличката црква, најпрвин кај Франките, а подоцна и кај останатите. Хлодвиг I станал првиот цар кој го прифатил католицизмот. Преку Ломбардите, католицизмот навлегол во внатрешноста на денешна Италија.
Христијанизација на Европа
уредиАнглосаксонија
уредиЗа време на владеењето на Етелберт, Папа Григориј I започнал со кампања на островот за ширење на христијанството. Христијанизацијата на Англосаксонска Англијапретставувала процес кој започнал во текот на 7 век, како резултат од мисијата на папата, кој пак бил поддржуван од страна на Хиберно-шкотската мисија од 630-тите. Етелберт станал првиот крал кој го прифатил крштевањето, во околу 601 година. Но кога тој и неговиот наследник починале, тие биле наследени од пагански кралеви, кои биле непријателски расположени кон христијанските мисионери и истите ги избркале, а старите пагански обичаи повторно биле вратени во употреба.
Првиот епископ на Кантербери, од првата половина на 7 век бил член на грегоријанската мисија од Рим. Првиот домашен епископ, по потекло од Англосаксонија бил Итамар, кој на функцијата епископ на Рочестер бил избран во 644 година. Одлучувачко за христијанството на островот било убиството на кралот Пенда во Битката кај Винвед и признавањето на христијанството од страна на Мерсија за официјална религија. По смртта на Пенда, Кенвал, кралот на Весекс се вратил од егзил и своето кралство исто така го направил христијанско. Така, во следните години следувала христијанизација на островот, со мали исклучоци.
Империја на Франките
уредиГерманските народи христијанизацијата ја започнале во текот на раниот среден век, кое довело до создавање на т.н. германско христијанство. Источните и западните племиња биле првите кои го прифатиле христијанството преку најразлични средства. Сепак, самиот процес траед до 12 век.
Христијанизацијата на Галија и Франките започнало во почетокот на 5 век. Клодвиг I е првиот цар кој го прифатил католицизмот. Пред неговата смрт го свикал синодот на галските епископи во Орлеан за да ја реформира црквата и да создаде силна врска помеѓу короната и католичкиот епископ. Покрстувањето на Клодовиг се одвивало во голема тајност од причина што франкското благородништво било доста резервирано кон оваа религија. Хлодовик го победил Визиготското Kралство, во борбата кај Вујеа во 507 година, каде што животот го загубил визиготскиот крал Аларик II. По смртта на Клодовиг, Франската Империја била поделена меѓу четирите негови синови. Според старото салијско правило за поделба на наследството на сите наследници. Прифаќањето на никејското христијанско верување од страна на франскиот крал Клодовиг I, дополнително ги зајакнал односите меѓу Франките и Рим. За разлика од нив, многубројните германски народи, најчесто го прифаќале аријанското верување и честопати биле воени непријатели на римските владетели.
Македонија
уредиХристијанството во Македонија, па и пошироко на Балканот, прв го проповеда и шири апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочат и „Делата Апостолски“. На тие негови патувања го придружуваат и Лука, Тимотеј, Сила и Тихик кои и самите независно од апостол Павле работат на христијанизација на овие простори.
Во 800 година Западна Европа била скоро целосно христијанизирана. Во Источна Европа се оставило место за мисионерска дејност. Така, најпознати мисионери се браќата Кирил и Методиј кои успешно го расшириле христијанството сред словенските народи. Една од најголемите заслуги е и создавањето на Глаголицата и преводот на Библијата на словенски јазик. На повик од царот Ростислав отишле во Моравија и таму ја распространле и ја утврдиле православната вера, умножувајќи голем дел од книгите. Подоцна на повик од папата заминале за Рим, каде што Кирил починал. Тогаш Методиј се вратил на Балканските простори каде веќе привршувало христијанизирањето на Србите, Македонците. Мисијата на Св. Кирил и Методиј била продолжена од страна на нивните ученици Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски Чудотворец. Градот Охрид бил претворен во еден од најголемите религиозни центри на Балканот.
Бугарија
уредиВо Бугарија, христијанството било воведено од страна на Борис I, кој побарал дозвола од Цариградската патријаршија за самостојна Бугарска партиаршија но му било откажано. Во резултат на тоа бугарскиот цар се обратил кон Рим за дозвола од папата. Бугарските емисари биле примени со голема радост во Ватикан. Папата испратил во Бугарија двајца римски епископи, од кои Борис го избрал епископот Формоза да биде Бугарски патријарх. Во 867 година нови бугарски пратеници отишле во Рим со молба папата да го ракоположи Формоза за патријарх. Папа Никола I откажал, но на 13 ноември 867 година неочекувано умрел. Новиот папа Адријан II исто така не се согласил и Борис ги прекинал бугаро-римските односи, враќајки ги римските пратеници назад со многу дарови.
Борис повторно се обратил кон Цариград со истата молба и на Осмиот вселенски собор (869-870 г.) се создала Бугарската црковна диоцеза, на чие чело како поглавар со титула „митрополит на Драстар“ бил поставен гркот Георги. Тој бил потчинет на Цариградската патријаршија.
Полска
уредиХристијанизацијата на Полска претставува процес кој започнал во 966 година, кога полскиот владетел Мешко I официјално го примил христијанството. Следниот голем чекор кој придонел за задржување и проширување на христијанството во земјата било воспоставувањето на различни црковни органи во земјата во текот на 10 век и 11 век. Овој процес го вклучувал изградбата на катедрали како и назначување на свештеници во нив. Овој датум не треба да се идентификува како ден на независноста на Полска.
Прогласувањето на христијанството како државна официјална религија во земјата придонела до зајакнување на власта на владетелот, како и кај неговите соседи. Точното место на покрстувањето на Мешко I е оспорувано. Според некои, местото на крштевањето биле градовите Гњезно, Познањ, Келн, или пак Рим. Во текот на 13 век, Римокатоличката црква станала доминантна во земјата.
Киевска Русија
уредиХристијанизација на Киевска Русија е процес кој се одвивал на неколку етапи. Во почетокот на 867 година, патријајархот Фотиј Цариградски објавил дека Киевска Русија била покрстена од страна на византиските мисионери. Сепак комплетната христијанизација на земјата се случила во 10 век, односно од крајот на 980 година кога кнезот Владимир. Киевска Русија одиграла голема улога за воведувањето на православното христијанство[2], издвојувајќи ја византиската од словенската култура. Христијанството, официјално било воведено во 988 година, односно по официјалното крштевање на Кнезот Владимир.[3] Периодот на владеење на Владимир I Велики (980-1015) и Јарослав I Мудриот (1019-1054) го претставува периодот на Златното владеење на Киевска Русија. Неколку години подоцна, бил создаден првиот законик наречен Руска правда.[4] На почетокот, кнезовите на Киевска Русија го следеле примерот на византиските императори, одржувајќи ја црквата под своја контрола[5] од што произлегла и тесната поврзаност и во наредните векови меѓу државата и црквата.
Владимир, кој управувал со земјата во периодот од 978 до 1015 година, христијанството како официјална религија во земјата го прогласил во 988 година. По овој чин земјата стапила во контакт со западните словени и Византија, од каде и дошло самото покрстување.
Скандинавија
уредиРаната христијанизација во Скандинавија била започната од страна на Ансгар, Епископ на Бремен. Ансгар, бил испратен во Данска во 820 година. Мисијата му се определува како деловно успешна, па по две години бил вратен во Германија. Најголем подем христијанството во Скандинавијата доживеало во времето на Кнаут IV и Олаф I во годините по 1000 година.
Реконквиста
уредиНа 31 декември 1492 година, Катличките кралеви потпишале указ за протерување на еврејското население (или поточно, Сафадите) од Кралство Кастиља. Фернандо II Арагонски исто така напишал указ за протерување на евреите од Кралство Арагон. Како основач на овој документ се смета дека бил Фра Томас де Торкемада. Аргументите биле од исклучиво религиозна пригода: мерките биле преземени поради заштита и ширење на католичката вера. Според многу свештеници, Евреите во голема мера ги убедувале христијаните да се одречат од нивната вера и да преминат во Јудаизам.
Наводи
уреди- ↑ Sanmark, Alexandra (2003), [Sanmark, Alexandra (2003), „Power and Conversion: A Comparative Study of Christianization in Scandinavia“ (PDF), Occasional Papers in Archaeology, 34, Архивирано од „PDF-врска“ мора да се употребува со аргумент PDF изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2020-04-02, Посетено на 2011-04-23„PDF-врска“ мора да се употребува со аргумент PDF „Power and Conversion: A Comparative Study of Christianization in Scandinavia“] Проверете ја вредноста|url=
(help), Occasional Papers in Archaeology, 34 templatestyles stripmarker во|url=
во положба 1876 (help) - ↑ Kievan Rus' and Mongol Periods Архивирано на 27 септември 2007 г., Glenn E. Curtis (уредн.), Russia: A Country Study, Department of the Army, 1998, ISBN 0-16-061212-8
- ↑ See The Christianisation of Russia Архивирано на 27 јули 2007 г., The Russian Primary Chronicle
- ↑ Gordon Bob Smith, Reforming the Russian Legal System, Cambridge University Press, 1996, стр. 2–3, ISBN 0-521-45669-X
- ↑ P. N. Fedosejev, The Comparative Historical Method in Soviet Mediaeval Studies, USSR Academy of Sciences, 1979, стр. 90