< 9 век п.н.е. 8 век п.н.е. 7 век п.н.е. >
100 99 98 97 96 95 94 93 92 91
90 89 88 87 86 85 84 83 82 81
80 79 78 77 76 75 74 73 72 71
70 69 68 67 66 65 64 63 62 61
60 59 58 57 56 55 54 53 52 51
50 49 48 47 46 45 44 43 42 41
40 39 38 37 36 35 34 33 32 31
30 29 28 27 26 25 24 23 22 21
20 19 18 17 16 15 14 13 12 11
10 9 8 7 6 5 4 3 2 1

8 век п.н.е. започнува на 1 јануари 800 п.н.е. и завршил на 31 декември 701 пред нашата ера. 8 век пред нашата ера е период на големи промени за неколку историски значајни цивилизации. Во Египет, 23-тата и 24-тата династија довеле до владеење на Нубија во 25-тата династија. Новоасирското Царство го достигнува врвот на својата моќ, освојувајќи го Царството на Израел, како и соседните земји.

Грција колонизира други региони на Средоземното Море и Црното Море. Рим е основан во 753 п.н.е. и етрурската цивилизација се проширува низ Италија. 8 век п.н.е. конвенционално се смета за почетокот на класичната антика, со што првата Олимпијада била одржана во 776  п.н.е., а еповите на Хомер датираат од периодот меѓу 750 и 650 п.н.е..

Индија од железното време преминува во Ведскиот период. Ведската вера е евидентирана во многу свештенички училишта во брахмански коментари, и најраните Упанишади го означуваат почетокот на Ведантската филозофија.

Настани

уреди
 
Бронзена капитолинска волчица и близнаците Ромул и Рем; близнаците биле додадени во 15 век. Тие биле легендарните основачи на Рим.
 
Саргон II, крал на Асирија и освојувач на Царството на Израел, прикажан со достоинственици
  • Крај на 8 век п.н.е.: се направени обетките, круната и розетите за гробот на кралицата Јабај во Калху (денешен Нимруд, Ирак). Тие денес се наоѓаат во Музејот на Ирак во Багдад. Тие биле откриени во 1988 година.
  • Втора половина на 8 век п.н.е.: Во Јудејското кралство, Ерусалим доживува експанзија во однос на населението и големината, претворувајќи се од мал град во главниот град на кралството.
  • 797 п.н.е.: Теспиеј, крал на Атина, умира по 27 годишно владеење и е наследен од страна на неговиот син Агаместор.
  • 778 п.н.е.: Агаместор, крал на Атина, умира по 17-годишно владеење и е наследен од страна на неговиот син Есхил.
  • 776 п.н.е.: ретроспективно сметана за годината на првата Олимпијада. Историјата на Олимписките игри се верува дека датира дури од 13 век п.н.е..
  • 774 п.н.е.: крај на владеењето на кралот Пигмалион од Тир.
  • 773 п.н.е.: починува Шошенк III, крал на Египет.
  • 773 п.н.е.: Ашур-Дан III го наследува неговиот брат Шалманесер IV како крал на Асирија.
  • 771 п.н.е.: крај на западната династијата Џоу во Кина откако "западни" варварски племиња го ууништуваат капиталот Хао. Кралот на Џоу е убиен. Престолонаследникот Џи Јиџиу побегнува и ќе владее како крал Пинг од Џоу.
  • 770 п.н.е.: почеток на источната династијата Џоу во Кина откако Пинг од Џоу станува првиот крал на Џоу кој владее од новиот главен град Ченгџоу (денешен Луојанг).

Непознат датум

уреди

Значајни лица

уреди
 
Сенахериб
 
Саргон II
 
Тиглат-Пилесар III
 
Дидона
 
Хесиод
 
Хомер

Литература

уреди

Спорт

уреди

Пронајдоци и откритија

уреди

Суверени држави

уреди

Видете: Список на суверени држави во 8 век п.н.е.

Наводи

уреди
  1. „Muzeum Archeologiczne w Biskupinie“. Biskupin.pl. Архивирано од изворникот на 2020-03-19. Посетено на 2012-07-06.