Германска крстоносна војна, 1096


Крстоносни војни
Портал:Крстоносни војни

Германската крстоносна војна од 1096 година е дел од Првиот крстоносен поход, во која крстоносците ги нападнале Евреите во Германија. Главна цел за овој напад бил добивањето на финансиска помош од страна на еврејското население, а од друга страна поради омразата кон оваа религија.

Податотека:FirstCrusade.jpg
Погубување на еврејското население

Почеток

уреди

Во почетокот на летото во 1096, германската војска, составена од околу 10.000 војници, придвижувајќи се кон реката Рајна, извршиле антисемитистички походи против Евреите.

Тие очекувале, со преземањето на Ерусалим и воспоставувањето на христијанска власт во градот, бројното еврејско население да премине во христијанската религија. Многумина од Евреите биле погубени.

Во тоа време, во делови од Франција и Германија, еврејската нација била сметана на исто рамниште како и муслиманската. Исто така, се сметало и дека Евреите се одговорни за распнувањето на Исус Христос. Многумина се чуделе од фактот дека треба да патуваат илјадници километри за борба со неверниците, бидејќи самите неверници ги имало и во нивните држави.

Мотиви

уреди

Освен тоа, крстоносците биле и финансиски мотивирани, а Евреите кои живееле околу Рајна биле многу богати. На христијаните им било забрането да позајмуваат пари со камата, додека на Евреите не им било забрането, па така тие станале многу побогати од своите сограѓани.

Првото насилство кон Евреите избива во Франција. Француските Евреи им испратиле писмо на Евреите што живееле околу Рајна за да ги предупредат, но овие не им поверувале.

Фолкмар и Готшалк

уреди

Инспирирани од приказните за крстоносната војна, во 1096 година се создале бројни мали групи на витези и селани низ разни делови на Франција и Германија. Свештеникот Фолкмар започнал со крстоносна војна против Евреите во Саксонија, потоа во Магденбург, а подоцна и во Прага. Неговите крстоносци се раздвоиле пред да стигнат до Унгарија.

Вториот свештеник Готшалк ја повел својата група од Рајнската област и Лорена кон Унгарија, и попатно ги напаѓале Евреите. Овие крстоносци главно биле пијани и пљачкале, па на крајот унгарската војска ги нападнала и ги разбила.

Колежот на Евреите во Мец и Вормс

уреди

Најголема војска против Евреите собрал грофот Емих. Тргнал на почеток на летото во 1096 година со војска од 10.000 мажи, жени и деца. Минале низ Рајнската област кон Мајна и Дунав. По пат му се придружувале и други групи од Лорена, Фландрија, па дури и од Англија.

Кога царот на Светото Римско Царство дознал за намерите на Емих, наредил да се заштитат Евреите. Откако биле убиени некои Евреи во Мец во мај, Шпајерскиот епископ ги крие Евреите. Вормскиот епископ исто така се обидел да ги заштити Евреите, но крстоносците влегле во неговата резиденција, и на 18 мај 1096 година го извршиле колежот над осумстотини Евреи.[1]

Наводи

уреди
  1. Jim Bradbury (2004). The Routledge Companion to Medieval Warfare. New York, NY: Routledge. стр. 182.