Гето
Гето — дел од градот кој создава одредена етничка, расна, социјална или класна група, која е издвоена преку разните облици на друштвениот, економскиот или правниот притисок.
Потекло на зборот
уредиЗборот „гето“ првпат е употребен за опис на Венецијанското гето („ghèto“), а потоа и за еврејското гето во Европа. Етимолошки, овој збор потекнува од италијанскиот збор „getto“, што значи да се исфрли, или од грчкиот збор „гетонија“, што значи населба. Близок е и италијанскиот израз „borghetto“ кој означува мала градска област.
Во германскиот јазик се користи изразот „Judengasse“ (еврејска улица или област). Во Мароко еврејските гета се нарекуваат „мела“.
Денеска терминот „гето“ се користи и за сиромашните градска подрачја, особено во САД. Таму се појавил изразот рурален гето, кој опишува заедница надвор од урбаната зона, слично на каравани, работнички колиби и индиски резервати.
Населбите на мексиканските имигранти се нарекуваат барио (barrios) и слични се со гетото, затоа што во нив се концентрирани културно изолирани заедници.
Создавање на гетата
уредиГетата се создаваат на три начини:[1]
- Како заедница на доселеници (посебно ако заедницата е расно хомогена)
- Кога поголемиот дел од заедницата со насилство, бојкот или законски принудува малцинството да живее во одредена зона
- Кога заедницата се самоизолира благодарение на својата финансиска моќ
Список на гета
уредиНекои од гетата:
Наводи
уреди- ↑ „-{Ghettos: The Changing Consequences of Ethnic Isolation}-“. Архивирано од изворникот на 2010-10-21. Посетено на 2018-06-18.
Надворешни врски
уреди„Гето“ на Ризницата ? |