Менг-це (кин. 孟子, наречен и Менциј, најприфатено: 372289 п.н.е.; можеби: 385303 п.н.е./302 п.н.е.) — кинески филозоф, најславниот конфуцијанец по самиот Конфуциј.

Менг-це (孟子)
Периоддревна филозофија
ПодрачјеКинеска филозофија
Школаконфуцијанство
Претежна дејност
етика, социјална филозофија, политичка филозофија
Значајни идеи
конфуцијанство

Живот

уреди

Менг-це, роден како Менг Ке или Ко, се родил во државата Џоу на територијата на денешниот град Цоученг, во провинцијата Шантунг, само 30 км јужно од Ќуфу, родното место на Конфуциј.

Бил патувачки филозоф и мудрец, и еден од главните толкувачи на конфуцијанството. Се мисли дека бил ученик на Конфуциевиот внук, Цесе. Спореден една легенда, како и Конфуциј, тој патувал по Кина четириесет години за да ги советува владетелите за реформи.[1] Служел како висок чиновник за времето на Периодот на завојуваните држави (403221 п.н.е.) во државата Чи од 319 до 312 п.н.е. Ја изразил својата синовска преданост со тоа што отсуствувал три години од должноста за да ја оплакува смртта на мајка си. Подоцна се повлекол, разочаран од неуспехот да го промени светот околу себе.

Влијание

уреди

Менг-цевото толкување на конфуцијанството било сметано за ортодоскно од страна на подоцнежните кинески филозофи, особено од неоконфуцијанците од династијата Сунг. „Книгата на Менг-це“ е дело во кое тој разговара со кралевите од тоа време, е една од Четирите книги кои Чу Сји како основа за ортодоксната неоконфуцијанска мисла. За разлика од изреките на Конфуциј кои се кратки и воздржани, „Книгата на Менг-це“ се состои од долги дијалози и аргументи.

За човековата природа

уреди

Додека самиот Конфуциј не се занимавал експлицитно со човековата природа, Менг-це тврдел дека човекот е природно добар, и сметал дека општеството - отсуството на позитивно влијание од него - е тоа што може да го направи човека морално лош. „Оној кој крајно го напрега својот ум си ја познава сопствената природа“[2] и „човекот учи со тоа што си го пронаоѓа изгубениот ум“.[3]

Четири почетоци (доблести)

уреди

За да ја прикаже вродената добротија, Менг-це користи пример со дете кое паѓа во бунар. Сведоците на немилиот настан веднаш се чувствуваат

тревожно и потресено, не за да се зближат со неговите родители, не за да бидат фалени од соседите и пријателите, ниту пак дека не сакаат да се зборува за нив дека не го спасиле детето...

Сочувството е почетокот на човечноста; срамот и небендисувањето се почеток на правичноста; почитта и согласноста се почеток на пристојноста; и осетот за правилно и погрешно е почеток на мудроста.

Луѓето ги имаат овие четири почетоци како што имаат раце и нозе. Имајќи ги овие почетоци, оној кој тврди дека не може да ги развие, паѓа во самопропаст.[4]

За политиката

уреди
 
Портрет на Менг-це

Менг-це честопати со почит зборувал за системот бунар-поле.

Менг-це го истакнувал значењето на обичните граѓани во државата. Додека конфуцијанството високо ги цени владетелите, Менг-це смета дека поданиците можат да го симнат, па дури и убијат владетелот доколку тој е суров ги запоставува нивните потреби. Според ова гледиште, владетелот кој не владее праведно повеќе не е вистински владетел. Зборувајќи за атентатот врз злобниот крал Џие од Сја, Менг-це рекол, „Сум чул за убиството на обичниот човек Џоу, но не сум чул за [неговото] убиството [како] владетел.“[5].

За војната

уреди

Менг-це за време на Пролетниот и есенски период, дека праведна војна не постои.

Споредба со современиците

уреди

Доколку датите се точни, Менг-це бил современик на Сјин-це, Џуанг-це, Као-це и Платон.

Сјин-це

уреди

Сјин-це бил конфуцијанец кој сметал дека човечката природа е изворно лоша (но не зла), а дека целта на моралната цивилизација е таа природа да ја претвори во добрина. Менг-це очигледно се спротивставувал на ова. Чу Сји го прогласил ова гледиште за неортодоксно.

Платон

уреди

Менг-це често се споредува со Платон поради нивните теории за човековата природа. Обајцата биле идеалисти по тоа што верувале во вродената морална добрина на сите човечки суштества.

Менг-цевиот аргумент за соборувањето на неправедниот владетел потсеќа на Сократовиот аргумент во Книга I на Платоновата „Држава“.

Белешки и наводи

уреди
  1. Chan 1963: 49.
  2. Книга на Менг-це“ 7:A1 во Chan 1963: 78.
  3. „Книга на Менг-це“ 6:A11 во Chan 1963: 58.
  4. „Книга на Менг-це“ 2A:6 во Chan 1963: 65. Текстот е форматиран за полесно читање.
  5. „Книга на Менг-це“ 1B:8 во Chan 1963: 62.
  • Chan, Wing-tsit (преведено и составено). A Source Book in Chinese Philosophy. Princeton, NJ: Princeton University Press, 1963.
  • Graham, A.C., Disputers of the TAO: Philosophical Argument in Ancient China (Open Court 1993). ISBN 0-8126-9087-7

Надворешни врски

уреди