Оргули

дувачки инструмент што произведува звук со спроведување на воздух под притисок низ цевки

Оргулите (грчки: οργανον, латински: organum) се најголемите и најсложените музички инструменти и нивното потекло е од најстарите времиња.

Оргули во црквата Сен Жермен л’Оксероа

Тие се аерофон инструмент составен од еднотонски свиралки, кои даваат звук со помош на воздух од мев, а се огласуваат со помош на клавијатура. Тонскиот распон им е гледајќи ја клавијатурата од C до, главно g3. Но, поради разновидноста на регистрите реалниот звучен распон е значително поголем: од 2C дури до g6, што исто така не е фиксирано. Тоа зависи од секој инструмент посебно.

Оргулите произведуваат широк спектар на звучни бои. Тој зависи од регистрите кои се наоѓаат на нив. Еден регистар содржи низа свиралки со иста боја и јачина. Бројот ма свиралки на еден регистар е еднаков на бројот на клавишот на мануалот. Регистрите можат да бидат тивки, темни, јасни, продорни, остри... Нив свирачот ги вклучува и спојува за да го добие посакуваниот звук.

Делови на оргулите

уреди

Составени се од свиралки кои главно се наоѓаат во дрвен ормар, потоа мевови и управувачки механизам (свиралник, трактура и вентили), или:

  • механизам за собирање и испуштање на воздух.
  • „работна маса“ или делот за манипулација кој е составен од неколку манули т.е. клавиши (од 5 до 7) кои се поставени во форма на скали
  • цевки со различна големина и број - во кои се создава звукот.

Постојат и оргули со неколку стотици, па дури и десетици илјади цевки.

Историјата на оргулите

уреди

Антика и среден век

уреди

Историјата на оргулите води потекло од далечното минато. Нивните претходници се далекуисточните инструменти: кинескиот шенг и јапонскиот шо, а од античките се смета панова фрула. Првиот директен предок на оргуите е грчки односно римски инструмент хидраулос. Имал свиралки како и оргулите само што воздухот во цевките се пумпал со помош на притисокот на водата. По пропаѓањето на Стариот Рим оргулите се користеле во Византија каде што биле составен дел на дворскиот церемонијал. Повторно почнале да се шират во Европа кога византискиот цар Константин Копронимос му ги подарил на францускиот крал Пипин Малиот. За време на францускиот владетел, оргулите полека влегле во западнохристијанската црковна литургија. Првите познати оргули во црквата биле поставени во Ахен 812 година. Тие рани средновековни оргули имале големи и несмасни клавиши и малку регистри.

Галерија

уреди