Филип V Македонски
Филип V — крал на Македонија од династијата на Антигонидите. Син е на Деметриј II. Роден е околу 238 г. п.н.е. и имал едвај 9 години кога татко му умрел.
Рани години
уредиВо раните години бидејќи Филип бил премногу млад за да извршува кралската функција, бил заменет од неговиот роднина Антигон Досон кој владеел како регент. Кога умрел регентот тој станал крал. Кога станал крал првин тој успешно ги одбил нападите на Дарданците и со тоа ја обезбедил северната граница на Македонија
Општествена војна
уредиГлавна одлика на општествената војна е тоа што Филип успешно ги разделил Грците со тоа што ги завојувал Спартанците со претставниците на Хеленската лига која што ги штитела интересите на Македонија, а со самото тоа што ги разделил ја зголемил својата доминација во Грција.
Прва македонско-римска војна
уредиВо Првата македонско-римска војна, Филип сакал македонското влијание да го прошири и на јадранското крајбрежје. Првин ги нападнал Римските поседи во Илирија од морето, а потоа од копно, по што успешно го освоил градот Лис. По минималните успеси што ги направил во Илирија, тој направил сојуз со Ханибал каде што се договориле Филип на Ханибал да и испрати помош.
Римјаните пак ја осетиле опасноста па Филип, и нивниот одговор бил нападот на Етолската лига и на римскиот сојузник Атал од Пергам, со што Филип бил спречен да испрати помош на Ханибал, по што потоа Римската Република и Македонија потпишале мировен договор во Фојника, град во Епир.
Втора македонско-римска војна
уредиОткако Скипион Африканецот го поразил Ханибал кај Битката кај Зама, Римската Република веќе станала господар на Средоземјето, па така се спремале за реванш со Македонија. Македонија пак, значително зајакната и проширена особено кај Егејот и Хелеспонт. Најпрвин била нападната од западната страна, но македонската армија успешно го одбила нападот. Потоа Римјаните заедно со сојузниците маршираат од Етолија сè до Тесалија каде што дошло до решавачка Битка кај Киноскефале, каде што Македонците биле поразени, а со самото тоа Македонија била принудена на отстапки од својата флота, војската да ја намали на 5000 луѓе, но најболно им било тоа што биле принудени да се откажат од доминацијата во Грција.
Последни години
уредиМоќта на Филип била уништена, но тој сепак не се откажувал. Тој своите 5000 луѓе ги заменувал по здобиената војничка обука со што така ја зголемил својата војска без да го прекрши договорот со Рим. Тој исто така го отрул својот син Деметриј, кој бил обвинет за проримска политика, а неговиот син Персеј го наследил.
Надворешни врски
уреди- Филип V од Малон Х. Смита (Mahlon H. Smith) (англиски)
Претходник Антигон III Досон |
Крал на Македонија 221 г.н.е. - 179 г.н.е. |
Наследник Персеј |
Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
Други | Лизимах • Пир Епирски |