Сиракуза
Сиракуза (италијански: Siracusa, на месниот говор: Sarausa) — град во јужна Италија. Четврт град по големина на островот Сицилија и најголем град и административен центар на истоимениот округ Сиракуза.
Syracuse Siracusa (италијански) Sarausa (јазик?) | |
---|---|
општина | |
Comune di Siracusa | |
Сиракуза - градско крајбржје | |
Земја | Италија |
Регион | Сицилија |
Покраина | Сиракуза (SR) |
Управа | |
• Градоначалник | Giancarlo Garrozzo |
Површина | |
• Вкупна | 207,78 км2 (8,022 ми2) |
Надм. вис.[1] | 17 м |
Население (31 Декември 2017) | |
• Вкупно | 121.605[2] |
Демоним | Syracusan,[3] Syracusian[4] (en) Siracusano (it) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Пошт. бр. | 96100 |
Повик. бр. | 0931 |
Светец-заштитник | Свети Луис |
Слава | 13 Декември |
Мреж. место | comune.siracusa.it |
Сиракуза е позната како наследник на истоимениот старогрчки град, кој бил најмоќно средиште на Голема Грција, место каде што живеел Архимед. Денеска остатоците од Сиракуза се под заштита на УНЕСКО.
Сиракуза во Италија е позната како најјужен град во државата со повеќе од 100 илјади жители.
Географија
уредиСиракуза се наоѓа во јужна Италија. Од престолницата градот Рим е оддалечена околу 860 км јужно, а од Палермо 260 км југоисточно. Најблизок поголем град е Катанија, сместена 66 км посеверно.
Релјеф
уредиСиракуза се наоѓа во југоисточниот дел на Сицилија. Градот се развил на помалиот остров во истоимениот Сиракуски Залив, на крајно југозападниот дел од Јонското Море. Подоцна островот бил поврзан со мостови со блиското копно, но некогашниот град станал градски центар. Во позадината на Сиракуза се наоѓа плодна приморска рамнина, која ја прават реките Анапо и Кане', кои се влеваат во заливот недалеку од градот. Подалеку, на запад се издигаат Иблејските планини.
Клима
уредиКлимата во Сиракуза е средоземна.
Климатски податоци за Сиракуза | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 25.1 (77.2) |
25.3 (77.5) |
27.6 (81.7) |
31.4 (88.5) |
33.9 (93) |
41.0 (105.8) |
44.5 (112.1) |
42.8 (109) |
40.1 (104.2) |
32.7 (90.9) |
28.1 (82.6) |
26.0 (78.8) |
44.5 (112.1) |
Прос. висока °C (°F) | 17.1 (62.8) |
17.2 (63) |
19.1 (66.4) |
22.2 (72) |
24.4 (75.9) |
28.8 (83.8) |
31.9 (89.4) |
31.7 (89.1) |
29.4 (84.9) |
24.8 (76.6) |
21.2 (70.2) |
17.3 (63.1) |
23.76 (74.77) |
Сред. дневна °C (°F) | 12.1 (53.8) |
12.4 (54.3) |
13.9 (57) |
16.2 (61.2) |
19.8 (67.6) |
24.0 (75.2) |
27.0 (80.6) |
27.2 (81) |
24.7 (76.5) |
21.0 (69.8) |
16.8 (62.2) |
13.6 (56.5) |
19.06 (66.31) |
Прос. ниска °C (°F) | 7.3 (45.1) |
7.5 (45.5) |
8.7 (47.7) |
10.7 (51.3) |
13.9 (57) |
17.8 (64) |
20.7 (69.3) |
21.2 (70.2) |
19.2 (66.6) |
16.0 (60.8) |
12.1 (53.8) |
9.0 (48.2) |
13.7 (56.7) |
Најниска забележана °C (°F) | 3.0 (37.4) |
3.1 (37.6) |
4.3 (39.7) |
6.6 (43.9) |
9.7 (49.5) |
13.8 (56.8) |
17.0 (62.6) |
17.9 (64.2) |
15.3 (59.5) |
11.0 (51.8) |
7.1 (44.8) |
0.0 (32) |
0.0 (32) |
Прос. врнежи мм (ин) | 65 (2.56) |
29 (1.14) |
45 (1.77) |
18 (0.71) |
11 (0.43) |
1 (0.04) |
1 (0.04) |
1 (0.04) |
14 (0.55) |
59 (2.32) |
87 (3.43) |
81 (3.19) |
412 (16.22) |
Прос. бр. врнежливи денови | 7 | 3 | 5 | 3 | 1 | 0 | 0 | 0 | 1 | 7 | 9 | 8 | 44 |
Извор: Archivio climatico Enea-Casaccia[5] and Weather Atlas[6] |
Води
уредиСиракуза е сместена во крајниот југозападниот дел од Јонското Море. Градот се наоѓа на северниот брег на Сиракускиот Залив, каде стариот дел од градот се наоѓа на островот.
Историја
уредиСтар век
уредиОбласта на градот била населена уште во времето на предисторијата, а во времето на Микена се јавуваат првите податоци од овој дел на Средоземјето. Сиракуза ја основале Старите Грци во 733 година п.н.е. под оригиналното име Сирако, со значење „слано пристаниште“, а од оваа име со време се дошло до денешното. Сиракуза се развила многу бргу во најголем и водечки полис во Голема Грција, па во неколкуте следни векови била неизбежен фактор во историјата на старогрчкиот свет. Погодната положба на крајниот запад на старогрчкиот свет имало помалку војувања и со тоа помалку уништувања. Меѓутоа, во случајот цо Суракуза доаѓало до изразено непријателство со блиската Картагина, чија моќ и значење многу повеќе ја погаѓала Сиракуза отколку полисите во денешната Грција. На крајот жителите на Сиракуза влегле во пактот со Стариот Рим против Картагина во Првата пунска војна. Оваа довело до паѓање на градот под управува на Римјаните во 215 година п.н.е.. Меѓутоа, градот го задржал значењето и станал административен центар и најважнен пазар во Сицилија. Кон крајот на времето на Стариот Рим во градот се јавуваат многу христијани, па Сиракуза е препознатлива по сочуваните катакомби, кои по зачуваноста се веднаш после римските.
Среден век
уредиПо пропаста на Стариот Рим градот сменил повеќе владетели во следените векови. Прво градот го заземаат Вандали, а во 535 година Византијците, за време на кои Сиракуза повторно засилува. Градот го заземаат Арабјани-Сарацени во 878 година по опсадата и во нивно владеење Сиракуза останува до 1038 година. Тие го преместуваат центарот на власта над островот во Палермо. После тоа градот повторно го заземаат Византијците и владеат со него во наредната половина од векот. Нови владетели биле Норманите, кои го заземаат градот во 1085 година. Тие основаат држава на југ во денешна Италија, која траела во неколкуте следни векови - Кралство Сицилија. Во оваа време градот повторно станува христијански центар. Се градат многу цркви и градски палати.
Нов век
уредиВо текот на неколкуте векови на постоењето на Кралството Сицилија имало неколку владетелски куќи на чело со - Норманите, Анжујците, Арагонците, Савоите, Хабсбурговците, Бурбоните. Конечно, Сиракуза во 1860 година велегува во состав на Кралството Италија. По соединувањето на државата Сиракуза, таа станува важно пристаниште и пазар, што е и денеска. Меѓутоа, повеќевековниот јаз на Југот и Северот ни ден денес не надминат, па жителите на Сиракуза и понатаму се чувствително посиромашни од жителите на поголемите градови на север во Италија.
Население
уредиСпоред податоците, во градот во ноември 2016 година живееле 122.051[7] становници.
Предлошка:ДемографијаИТА Во 2008 година Сиракуза имала преку 120.000 жители, 3 пати повеќе во однос на почетокот на XX век. Во последните години бројот на населението во градот стагнира.
Градот денес има мал удел на имигрантско население (2%), највеќе од Источна Европа, северна Африка и јужна Азија.
Градски знаменитости
уредиСиракуза има голем број на знаменитости. Најважни се оние античките, каде честопати не може точно да се разликува што е старогрчко, а шта староримско:
- Аполонов храм, подоцна претворен во византиска црква и џамија,
- Аретузина фонтана, чие име се поврзујва со грчка нимфа,
- Антички театар,
- Римски амфитеатар,
- Храм на Зевс.
Градот има и убави згради од неколкуте претходни векови:
- Градска катедрала од 13 век, зграда на остатоците од старогрчкиот храм на божицата Атина од 5 век п.н.е.,
- Црква на света Луција надвор од ѕидовите, од 16 век, некогашна византиска црква со катакоби под неа,
- Црква на свети Павле, од 18 век,
- Црква на свети Христофор, од 14 век,
- Манијакесов замок, од 13 век,
- Археолошки музеј,
- голем број на палати, претежно од 18 век.
Стопанство
уредиСо градската економија доминира пристаништето, а жителите на Сиракуза работат на пристаништето, бродоградилиштата, прехрамебната индустрија, индустријата за преработка на метали, како и на хемиската индустрија. Околината е позната по култивирање на јужно овошје.
Партнерски градови
уредиГалерија
уреди-
Староримски амфитеатар
-
Остатоци од старогрчките ѕидини
-
Старогрчки пари од Сиракуза
-
Аретузина фонтана
-
Главен плоштад со Катедрала
-
Манијакесов замок
-
Благородна палата
-
Катакомби
Наводи
уреди- ↑ 'City' population (i.e. that of the comune or municipality) from demographic balance: January–April 2009 [мртва врска], ISTAT.
- ↑ „Statistiche demografiche ISTAT“. demo.istat.it. Архивирано од изворникот на 2018-12-16. Посетено на 2020-05-15.
- ↑ „Syracusan, adj. and n.“, Oxford English Dictionary, Oxford: Oxford University Press, 1919
- ↑ „† Syracusian, adj. and n.“, Oxford English Dictionary, Oxford: Oxford University Press, 1919
- ↑ „Profilo climatico dell'Italia: Siracusa“ (италијански). Ente per la Nuove tecnologie, l'Energia e l'Ambiente. Архивирано од изворникот на 2014-11-03. Посетено на 19 December 2014.
- ↑ d.o.o, Yu Media Group. „Syracuse, Italy – Detailed climate information and monthly weather forecast“. Weather Atlas (англиски). Посетено на 27 June 2019.
- ↑ „www.demo.istat.it“. Архивирано од изворникот на 2018-12-16. Посетено на 2020-05-15.
Надворешни врски
уреди„Сиракуза“ на Ризницата ? |